Фала на концизниот одговор, nihilista.
1. Сè е страдање - FAIL.
2. Страдањето потекнува од желбата - FAIL (страдањето потекнува од НЕОСТВАРЕНАТА желба, под услов да е таа реално остварлива).
3. Врзаноста носи болка - што по ѓаволите...?
4. Болката се намалуѕва со медитација -FAIL (болката се намалува само со дејствување, не со исклучување на мозокот).
Сепак со оглед на староста од 2.500 години, храброст било атеистички да се мисли.
Еве гледам статистика, 84% од Јапонците биле Будисти. Сега ми е јасно од каде таа упорност, непокорност и рационален пристап кон смртта.
Не сум будист, но кога би бил еден таков, вака би ти одговорил:
(Патем речено имај на ум дека логиката заостанува овде, но тоа е и целта на будизмот - трансценденција на секојдневниот разум. Што значи за да ме сфатиш, не ме толкувај од логички аспект, него обиди се да ОСЕТИШ што сакам да кажам, не е тешко)
1. Ова е една стара глупа аналогија на Буда. Кога селаните го прашале што е тоа "просветлување", тој дал дефиниција во негативен контекст т.е. "крај на страдањето". Сите оние кои што не се просветлени - страдаат, дури и во најсуптилна смисла на зборот.
2 и 3. "Желба" е семантички погрешно. Треба да стои "
Страдањето потекнува од копнежот". Сети се кога си бил затрескан во некој/а.
Еве да речеме дека си видел некое јако дунде. Ако не си "просветлен", многу брзо ќе осетиш
копнеж по тоа дунде. Некое време после копнежот, доаѓа на ред
приврзувањето (врзаноста е исто така семантички грешно). Ако оваа твоја непросветлена љубов и приврзување не бидат возвратени, тогаш ќе осетиш силно
разочарување. А само прашање на време е кога тоа разочарување ќе се претвори во
болка и
страдање.
4. Медитацијата не е исклучување на мозокот. Тоа е едноставно кога го преместуваш и даваш целиот свој фокус и внимание на нешто безначајно, како на пример дишењето или чекорењето. Ти помага да се релаксираш и ти го зголемува спанот на внимание.
ПС: уште не видов одговор на моето прашање од првиот пост... Зар нема никој овде што практикува будизам?