Хип хоп културата во Македонија

Rbeatz

Слакер
Член од
13 август 2009
Мислења
169
Поени од реакции
99
[video]http://soundcloud.com/rickbeatz/sexy-girl[/video]

поздрав од пп ... мал бит за опуштање, посебно кога сте со девојка :D
 
Член од
1 март 2008
Мислења
1.396
Поени од реакции
1.050
" Chekajki gi 5te minuti se rasipa saatot "

U ovaj stih nogu nogu raboti se obfanati ;)

Nogu silno ! Dobra traka ! 10 Pati povekje mi se svigja od drugive depresivni traki koi kruzat momentalno na scenata !!!! 85% samo depresija traki se mavat.Ama edinstveno ova ima energija taka kako so treba ;)

Revolt, Lirika + Beat = Mokj !
 

#LakersMK

iChangeWorlds
Член од
31 јули 2008
Мислења
1.326
Поени од реакции
250
Се готви, се готви нешто НОВО!

 
Член од
1 март 2008
Мислења
1.396
Поени од реакции
1.050
DERI SE I SERI PRAJ SI AFERI !!!! HAhahahahahh lele kolku se film deckiteeeeeeeeeee hahahahahh, nogu jak stilov !!!


Prvpat slusam za vie decki .... daj boze da se vaka za dolgo hahahahahahha ejj nogu mi se sviga trakavaaaaaaaaaaaaaaaaaaaaaaaaaaaa !!!!

Za sto cekori in trebat sto veka hahahahhaha OLELEEEEEEEEEEEEEE !!!!! JAKA POCIT ZA TRAKAVAAAAAAAAAA !
 

Rbeatz

Слакер
Член од
13 август 2009
Мислења
169
Поени од реакции
99
дами и господа, ви го претставувам македонскиот рап во едно друго светло ... повторно поздрав од Прилеп. Очекувам секакви критики и коментари :)
ENJOYYYYY ! ! ! :D

http://soundcloud.com/rickbeatz/est-coast-banger-rickbeatz-el
 
K

kalimer0

Гостин
Пистолеро: Ја разочарав професорката по македонски



Спомените постојат за да ни го освежат минатото, моментите кога со креда во раката стоевме пред празната табла на нашиот живот, полни со прашања, одговори, простувања и оправдувања... Средното училиште го завршив во „Васил Антевски-Дрен” и искрено не сакав многу да одам на предавања.

Најчесто одев на часовите по физичко, бидејќи професорката ми беше класна. Средното училиште ќе го паметам по многу случувања, но ако треба да издвојам, ќе раскажам за една случка за која ми е жал и денес. Оваа шанса воедно ќе ја искористам и да & се извинам на мојата професорка по македонски јазик. Таа имаше целосна доверба во мене, с* додека не ме пријави на натпревар по пишување слободна поезија. Јас тогаш многу ја разочарав бидејќи едноставно не се појавив. Тој период бев преокупиран со сосема различни нешта. Сигурен сум дека денес, иако ја разочарав, таа се гордее со мене, иако не го кажала тоа никогаш јавно.

Никогаш нема да го заборавам и мојот другар Ика. Многу ми веруваше и ми ги доверуваше сите негови тајни, а беше многу срамежлив. Еднаш ми се довери дека му се допаѓа една другарка од нашиот клас, а оваа негова тајна, кај мене беше „на сигурно”. За возврат, на голем одмор додека рецитирав „фристајл” пред бифето, секогаш ми купуваше за јадење.
 

GoD.HateUSaLL

Фар акрос д диштанс
Член од
30 март 2008
Мислења
8.339
Поени од реакции
8.238

Perfecto

Rugged'n'Raw
Член од
15 февруари 2007
Мислења
1.408
Поени од реакции
152
Многу повеќе од хоби...

Во Македонија може да се избројат на прсти луѓето што живеат од хип-хоп, значи луѓе буквално да не прават ништо друго освен хип-хоп, да немаат друга работа. Е сега како да се сфати хип-хопот кај тие што работат друго? Како хоби? Како нешто измеѓу хоби и работа? Ај прво да дефинираме што е хоби.

Хоби е занимање што не е извор на заработувачка, туку служи како забава и рекреација. Значи решавање на крстзбор е хоби, возење ролери е хоби, берење на стари парички е хоби. Е сега дали можеме да го ставеме хип-хопот во оваа низа? Според мене категорично не! Еве зошто...

Хип-хопот ако е сфатен сериозно е многу повеќе од хоби, ај да ставиме на почеток дека е хоби (затоа што немам друг збор), но тоа е само појдовната точка на муабетот. Тој најесенцијално служи за духовна надградба на својата личност, а со надградба на својата личност паралелно помагаш во истиот процес на тие што те следат/слушат. Каква волшебна благородност. Е дали може ова истото да се каже за играње Pro Evolution на Playstation? Колку лесно реторичко прашање. Затоа викам дека е многу повеќе од хоби и е многу многу поразлично.

Поразлично (барем за тие што вистински го сакаат и разбираат) е затоа што хип-хопот не го сфаќам како поим за забава и рекреација. Туку го сфаќам како начин/енергија/процес за зголемување на моето битие (не его) и поместување на моите граници. Тоа се постигнува само преку поголемо испитување и искреност спрема самиот себе и слушање и процесирање на туѓата болка/среќа на тие околу нас. Е сега гарант некој ќе си помисли:

“Што му е на овој? Денес освен теми за секс, модни трендови, пари и коли, нема ништо друго. Каква духовност гледаш во тоа бе црни Џоџо???”

Да, во право сте и јас не гледам никаква духовност во се што помисливте. Но тоа е само ако се информирате за рапот преку МТV и Тин-Шема. И жалам што ќе мора да ве нападнам, но ако тоа е вашиот став изграден само преку вакви слични медиуми за хип хопот вие сте мрзливи. Доволно мрзливи за да не прочепкате подлабоко. Затоа што хип-хопот живее на улица, живее на некоја журка каде што има 200-300 искрени срца, живее во битието на едно дете што секој ден адреналински црта на некој ѕид и си го чува грбот да не го фатат.

Да ја привршам колумната со еден пример што бар мене ми е логичен. Ако возиш ролери, не те интересира кога биле измислени ролерите, не те интересира дали има трки на ролери, не те интересира дали има журки на ролери и не те интересира за сличните активности (скирол и слично) – туку едноставно само ги ставаш ролерите и возиш. Е сега замислете некој што се занимава со хип-хоп. Знае за родното место – Бронкс, знае за графитите, брејкденсот, бит-боксот и DJ-ите... Знае за Голден Ејџот, ривалството на East и West Coast. Знае 1 000 000 артисти, купува албуми, разменува албуми, се шутка на журки. Иако хип-хопот како поим е надвор од нас, тој живее во нас.

Затоа Ние=хип-хоп. Затоа хип-хопот е многу повеќе од хоби.
Превземено од www.hiphopmacedonia.com
 

statusQuO

Модератор
Член од
18 јуни 2008
Мислења
13.038
Поени од реакции
7.617
дами и господа, ви го претставувам македонскиот рап во едно друго светло ... повторно поздрав од Прилеп. Очекувам секакви критики и коментари :)
ENJOYYYYY ! ! ! :D

http://soundcloud.com/rickbeatz/est-coast-banger-rickbeatz-el
Топ.
Испадна најдобар македонски рап е секој кој не е скопски (со ретки исклучоци)
 

Rbeatz

Слакер
Член од
13 август 2009
Мислења
169
Поени од реакции
99
Топ.
Испадна најдобар македонски рап е секој кој не е скопски (со ретки исклучоци)
Ууууууууууууууууууууууууууууууууффффффффф битоооов
штета луѓе што на проект 22 немавме шанса да ја покажеме нашата вистинска страна, инаку оригиналниот правец од секогаш ни бил овај :) Летово планираме да издадеме цел албум со колаборации и артисти од цела МКД, а битовите ќе бидат стрикно west west :) мило ми е што ве бендисува ... а ќе следува и мн. повеќе :) благодарам за вашата поддршка и поззз :)

btw ако е некој има желба за сорабтока, може слободно да ме исконтактира :)

http://www.facebook.com/rickbeatzproduction
mail -- > hristijan.risteski@gmail.com
 

Џони.

Не е Џони.
Член од
4 ноември 2009
Мислења
1.554
Поени од реакции
1.037
Многу повеќе од хоби...



Превземено од www.hiphopmacedonia.com
А можел уште на почеток да напише дека хип-хопот не е хоби, туку начин на живот и да се поштеди од толку пишување. И да, се знае кој навистина ја разбира оваа култура. Тој што е убеден дека Тони Зен и Слаткар се најдобри рапери на светот џабе ќе му објаснуваш некои работи. Затоа мислам дека текстот го пишувал бадијала...

--- надополнето ---

дами и господа, ви го претставувам македонскиот рап во едно друго светло ... повторно поздрав од Прилеп. Очекувам секакви критики и коментари :)
ENJOYYYYY ! ! ! :D

http://soundcloud.com/rickbeatz/est-coast-banger-rickbeatz-el
Уффффф одлична трака, а битот е посебна приказна. Највеќе поштувам West рап од деведесетите, затоа ми се свиѓа овој стил. Продолжи вака, само нe заборавај дека сме во Македонија :)
 

Perfecto

Rugged'n'Raw
Член од
15 февруари 2007
Мислења
1.408
Поени од реакции
152
А можел уште на почеток да напише дека хип-хопот не е хоби, туку начин на живот и да се поштеди од толку пишување. И да, се знае кој навистина ја разбира оваа култура. Тој што е убеден дека Тони Зен и Слаткар се најдобри рапери на светот џабе ќе му објаснуваш некои работи. Затоа мислам дека текстот го пишувал бадијала...
Каков е тој начин на живот? Гледам и слушам стана пракса фамозната реченица "рапот го правиш, а хип хопот го живееш". Како го живееш, од што се состои тој живот, кој се принципите...(пази ова е начин на живот, за кој треба да се објасниш што те води и кон што те води, ова е сериозно тврдење, и тешко некој да се задоволи со таа често употребена фраза.)
 

Kajgana Shop

На врв Bottom