Велес

  • Креатор на темата Креатор на темата kurle
  • Време на започнување Време на започнување
Ѕвезде гранда ти ги препуштам тебе гледам дека ти се омилени!:sekss:
а кога веќе спомна дека дечкото држи рамнотежа помеѓу функционалноста и естетиката само ке те потсетам дека истиот тој човек веќе 1 година нема никаде склучено договор за поправање на улиците а успеа да ја изгради новата(НЕПОТРЕБНА) фонтана за 1 месец!

најфункционални улици имаме во цела македонија ако се занемари фактот дека имаме 2 едносмерни цели со дупки и овде онде осветлени!

Tи бре договорите да не му ги спремаш?
Хонорарна секретарица у општина, или опозициски шпион?
А во останатиот дел од Македонија состојбата е као подобра, во врска со патишта и слично?
Ако не друго, човеков му го разработи идентитетот на Велес како град на културата, и бар ги урбанизираше џунглите.
Тоа е НЕШТО, за разлика од сите претходни ќумци кај кои ем улиците имаа дупки ем градов беше у негативна нула!
 
Не ми се допаѓа градот а уште помалку луѓето.
 
Tи бре договорите да не му ги спремаш?
Хонорарна секретарица у општина, или опозициски шпион?
А во останатиот дел од Македонија состојбата е као подобра, во врска со патишта и слично?
Ако не друго, човеков му го разработи идентитетот на Велес како град на културата, и бар ги урбанизираше џунглите.
Тоа е НЕШТО, за разлика од сите претходни ќумци кај кои ем улиците имаа дупки ем градов беше у негативна нула!
Тоа нешто се состои од неколку фонтани и споменици.Фонтани кои се премногу блиску до електрични кабли, па лугето не смеат да се држат блиску до нив, мост кој требше да ги потсети старите велешани(или бивши од Велес, значи умрени) на мовчето, кое е веке испукано и ретко се користи, посебно затоа што дел од граѓаните сметаат дека е несигурен.
А тоа ништо кое го направи, се состои од улици со дупки, еден куп дивоградби, за кои не одделил пари да се урнат, неспособност да се направи нешто со Рамина(бидејки на жалост не е дел од просторот по кој се движи, така што и не се грижи, и чекаше да се донираат пари од државата), и посебно ме засегна фактот со кој ги зацрни сите земјоделски семејства со изјавата дека велешани не смеат да јадат растенија произведени во Велес, бидејки имаат отров, па така сега сите кои одат на пазар купуваат само струмички производи, а велешани патат. :nenene::nenene::nenene::nenene::nenene::nenene:
Заклучок- Велес е град на културата, оти само тоа ни остана позитивно да бидеме, оти сме град во кој има најмногу невработени, најзагадени, разочарани луѓе.
 
Mила, јасно ми е мене сето тоа.
И воопшто не беше тема на разговор овде, бидејќи е долга, широка и длабока тема.
 
1-Tи бре договорите да не му ги спремаш?
Хонорарна секретарица у општина, или опозициски шпион?
2-А во останатиот дел од Македонија состојбата е као подобра, во врска со патишта и слично?
3-Ако не друго, човеков му го разработи идентитетот на Велес како град на културата, и бар ги урбанизираше џунглите.
Тоа е НЕШТО, за разлика од сите претходни ќумци кај кои ем улиците имаа дупки ем градов беше у негативна нула!
1-Да му ги спремав ја договорите селанецот на човек ке заличеше!
2-прошетај до струмица да видиш уреден град!
само ке ти спомнам еден проект на градоначалникот со кој ги исфрли од бизнис 20 семејства!
Рушење на времените објекти!
се урнаа времените објекти кај саатот,кај поштата во центар и поштата на пазариште а другите трафики не се урнати!
а зошто е тоа така?
па нормално ингилизот си отвори кафана кај поштата,кај саатот направи паркче во кое никогаш никој не седи а на пазариште одма до старата пошта сеуште стои ветеринарна станица која исто така е временски објект!
а што е со времените објекти одма наспроти ДОС? со трафиките во центар кои половина ги урна во полукругот а 20 метра подоле тие што го блокираат тротоарот стојат?
едноставно нели кој му џитна пари во џеб за коце селективно да руши низ град кај ке му прдне?????

3-и мало нешто Идентетот на велес како град на културата???
кога последен пат сретна странец во градов што дошол да ја види куќата на рацин или друго спомен обележје?
 
3-и мало нешто Идентетот на велес како град на културата???
кога последен пат сретна странец во градов што дошол да ја види куќата на рацин или друго спомен обележје?

ХА!!!!!! Gotcha! Летово. Ама затворено беше :( Се задоволивме со музејот, кој рака на срце океј беше. :helou:
 
рака на срце да не речам за нешто друго одкога ти си странец во сопственава држава:?

Јас сум странец во градот. Сепак. А и плус носев со мене пријател од Данска. А тоа сигурно ќе ми го уважиш. Ама сеедно, јас се рачунам како турист, тоа е важно... трошам скопски педерски пари во твојот град, испрљани од `63та... :pos:
 
пола ти се прифаќа оти си имал пријател од Данска!
Ај молим ти се наведи кај отиде низ градот,кој те прати овдека како се снајде!Само ке те молам реално!!!
баш ме интересира дали сме град на културата!
ова култура малце во наводници оти културата почна да се крева со казните од по 50 евра!
 
Хех. :) Велес е град сосема нормален како и сите други во Македонија. Да, Велес е град на културата, од единствена причина што велешани го чувствуаат како таков. Битола побајаги одамна не е град на конзулите, туку на кичот. Скопје никогаш не бил метропола, а Охрид конечно стана туристичка локација откако во неа се слеаа огромни пари од државата. Тоа се` ќе ти каже што ми е поентата.

Од Велес јас како странец сум импресиониран. Заради стилот како е градот поставен од старт. Стариот дел на градот почнал да наликува циганско маало заради луѓето кои врз старите градби почнале да ставаат бетонски столбови и розеви огради како и лебеди на терасите, но тоа е повторно проблем на градоначалникот, односно финансиски проблем. Кога би имало пари, тие објекти би се реновирале во вистински правец и автентичноста би се задржала, но забрана нема, па се губи и убавината. И тоа важи за сите објекти. Велес стои во времето.

Гледам луѓето ти пречат, нивните навики. Не знам зошто? Автентичноста која ја поседуваат велешани е една од највпечатливите во државата. Тие поседуваат свој шарм кој не се опишува. Останатите ќе ги познаеш по дијалектот, но се обични, велешани имаат некоја своја посебна аура. Обично викаме од оловото ви е. :pos:
Ти како велешанец ако не си горд на тоа што си, греота е јас да доаѓам и да ти го кажам тоа.
 
општеството го прави човека тоа што е!
а тоа што градбите не се зачувани туку се крш со нови фасади врз нив е од проста причина што народот нема пари па прикрпуваат!
годинава оваа соба у година другата па телевизор и така си се мачи народот!:helou:
ама сепак не ми кажа што посети освен музејот што неможеш да го утнеш оти е на центар во градот!
 
Велес ..... Велес ....... Велес .... приказна за себе ... 168 г.п.н.е. Велес постои како урбана населба ..... па сега вие мислете шо кој и како е Велес .
 
Не постоел Велес туку постоела Вила Зора и не се наоѓал тука кај што сме ние туку над реката бабуна!:helou:
 
Да извинете моја грешка, али за да биде јасно на сите шо ќе го прочитаат ова затоа така пишав..
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom