Ја отворив темава по чиста случајност... си викам ај да видам што се тие луцидни соништа и останав wow. Прво нема да си опростам со не сум знаела за овие соништа од порано .... но ајде човек сум учиме додека сме живи. Имам 18 години и можам да се пофалам со тоа дека уживам додека да сонувам... некогаш дури и си легнувам среќна зашто знам дека ме чекаат прекрасни соништа. Сонувам многу скоро секоја вечер и се памтам. Не сум имала кошмар веќе може 3 години. Секогаш коа ке дојдам до некоја лоша ситуација во мојот сон ми текнува абе ова е само сон и почнувам сама свесно да си го променувам текот на сонот. Всушност вакви типови соништа не сум имала од поодамна ( каде се доведувам до некоја незгодна ситуација или некој близок)каде што ќе морам да ги променувам сега сонувам само прекрасни работи. Сонувам други светови, пејсажи, како пливам безгрижно во океан со нај живописни корали се дружам до рипчињата, облека кузнае какви све не креации не сум сонувала до сега ( и си ги цртам на листови за да не ги заборавам зашто се пре мн), истото за накит,си го сонувам и еден мој измислен црн тип кој е совршен и знае секогаш како да ме погоди. Сонувам и некои како филмови што се. Со потполни измислени ликови како јас да ја надгледувам приказната од горе а долу на овие ликови им се случуваат мистерии некои непредвидливи работи како во трилер филм. Конкретно еден сон ми беше како во филмот кодот на да винчи само што се вртеше околу бројот е. Да не ја раскажувам приканзата долга е а и плус и јас имам некои дупки веќе сум заборавила, и чуството беше како јас да ги играм сите нив им давам инструкции што како да прават ама сепак како да не знаев баш за што е тоа за да на крај сите фрки се разјаснат и да остави некој wow ефект. Ко на филм. овие соништа ми се понаопрни и така станувам сабајлечки малку напната ...некако самата себе си се изненадувам. Е сега прашањето е дали јас ги имам овие типови на соништа. Може последниве што ги опишав и не се баш такви но навистина според тоа што прочитав мислам дека имам такви соништа .... Кога сонувам се осеќам како да имам едно платно пред мене и го цртам како што сакам, како да живеам во свет во кој нема граници, нема што да ме кочи. По природа сум креатвна но ова е веќе друго. Јас знам дека сонувам свесна сум и мозокот ми измислува чудесии...
п.с. ова ми е прво мислење морав да споделам ова со вас и чекам одговор