DBack
gloveless
- Член од
- 19 декември 2007
- Мислења
- 5.372
- Поени од реакции
- 2.556
Господ е многу јасно дефиниран. Има форма, аспекти, намери, план, емоции, очекувања од нас, награди, казни... Можеш речиси да го нацрташ и ко ќе го видиш би требало да препознаеш татко и да му седиш оддесно.А зашто мислиш дека не постои господ или немора да се вика господ еве некоја виша сила може да е??
Виша сила... ...тоа ти е, као да си на море, на плажа, а од брановите секој 7 ти лади нога. Ко ќе те опне, ќе си кажеш „Ијаа, маме му...!“... или „боже, шубо!“ - кој како, нели.
Виша сила се сите сеуште необјаснети феномени на човековиот ум. Тоа не значи дека нема да бидат објаснети. Нема се да се објасни додека сме ние живи, нели.
Религијата порано имаше ексклузивитет по прашањата на вселената и човековиот ум. Потоа астрономијата даде подобри и поприфатливи толкувања. Медицината и физиката и ги одземаа чудата. Психологијата и неурологија, како помлади науки, прават парче на сцената на перцепцијата, a за свесностa, НЛП, екскалибури, јога-мога, медитации, рибрдинзи и катаљон њуејџ-нео-оринтални и неслични техники многу поквалитетно го менуваат животот на оној кој ги практикува.
Религијата останува единствено со заканата за задгробен живот, а се користи со феноменот „виша сила“ за да го претстави Господ. ...кој не постои. Исто како Митра, Зевс, Шива, Тор, Коескацл, Маниту...
Да нема забуни: ВЕРА и РЕЛИГИЈА
Верувам, ако прецизно го опишеш чувството на виша сила дека би му го фатиле крајот со некое можеби сосем рационално објаснување.