„Мајки“ на Манчевски победник на Белградски ФЕСТ

  • Креатор на темата Креатор на темата Crazy in Love
  • Време на започнување Време на започнување

Crazy in Love

Here's looking at you kid.
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.859
Поени од реакции
25.413
Локација
Некаде далеку...
Сметам дека достигнувањата на македонските режисери, заслужуваат посебна тема, затоа и тука ја отворив и оваа... :)
Филмот „Мајки“ на Милчо Манчевски победи во натпреварувачката програма „Европа надвор од Европа“ на 39. Меѓународен филмски фестивал ФЕСТ во Белград.

Меѓународното жири во состав Горан Паскаљевиќ (Србија), режисер, Дебора Јанг (САД), филмски критичар и уметнички директор на фестивалот во Таормина, Барбара Лори де Лашријер (Франција), филмски критичар и Дубравка Лакиќ (Србија), филмски критичар на дневниот весник „Политика“, едногласно го избраа „Мајки“ за најдобар филм во селекцијата.

„Мајки“ е добитник и на наградата „Небојша Џукелиќ“ на Здружението на филмски критичари, за најдобар филм. Со освоените две награди, филмот на Манчевски е апсолутен победник на ФЕСТ.

- Наградата „Еритроцит“ на вајарот Никола Пешиќ за најдобар филм на натпреварувачката програма „Европа вон Европа“ се доделува на македонскиот филм „Мајки“ на Милчо Маневски за мошне суптилното истражување на вистината и фикцијата во три намерно разнолики епизоди и смелото поместување на границите меѓу фикцијата и документарното за да се истакне и пренесе силното чувство на се уште присутниот матријархат во македонското општество, стои во образложението на жирито за наградата.

На Манчевски наградата „Еритроцит“ му ја врачи претседателот на жирито Горан Паскаљевиќ на свеченото затворање на ФЕСТ во „Сава центарот“ во Белград.

Победникот „Мајки“ повторно се прикажа синоќа на затворањето на програмата „Европа надвор од Европа“.

Филмот „Мајки“ е македонско – француско – бугарска копродукција и светската премиера ја имаше на фестивалот во Торонто во септември 2010 година. Европската премиера се одржа неодамна на фестивалот во Берлин, а филмот веќе е поканет и се прикажува на 30-тина фестивали меѓу кои и во Сао Паоло, Софија, Варшава, Кливленд, Истанбул, Вилнус, Гоа, Пула и други.

http://mn.mk/kultura/3715-Majki-na-Mancevski-pobednik-na-Belgradski-FEST
 
Го има некаде филмов да го слегнам???
 
Пропаганда филм (како и сите други на Манчевски)
 
gledav na rts kabelska i svaka mu cast na tipceto samo nie vo Mk ne si cenime sto imame...
 
^^ Толку си го цениме нашето затоа и сме ваква срање држава,за некои овие работи се несекојдневни да се гледаат за нас секојдневие...
 
Филмот е феноменален, заслужено победи.
 
Браво Манчевски. Само џабе со ваков народ нон стоп некој ќе те текне надоле.
 
Браво за Милчо, секоја чест. Не може сега филмот на сите да ни се допаѓа, во негов стил си е :)
 
Го има некаде филмов да го слегнам???

Го даваа во Домот на Културата, да си ојдел. :)))))

Филмот е феноменален, освен третиот дел. Документарниот дел многу не ми се допадна и ми здосади. Солидна 7ца од мене а воедно и честито.
 
Го даваа во Домот на Културата, да си ојдел. :)))))

Филмот е феноменален, освен третиот дел. Документарниот дел многу не ми се допадна и ми здосади. Солидна 7ца од мене а воедно и честито.

Не знајаах оти ќе го дават...Да знајаах ќе одаах...:toe:
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom