Bacillus gagous
Biohazardous
- Член од
- 21 јануари 2006
- Мислења
- 7.380
- Поени од реакции
- 168
Па не паѓа во вода туку останува да важи сеуште само за светот кој го познаваме и кој директно го восприемаме.па никој и не е запознаен, како што и бацилиус спомена све е само на хартија, колку да равенствата бидат точни. Доколку се докажи дека темната материја не постои тогаш се што сме мислеле дека знеме до денес паѓа во вода и најверојатно ќе треба се одново да се предефинира
Воколку се потврди постоењето на темната материја и се испитаат нејзините својства, тогаш ќе треба многу подобро да се прецизираат и подобрат законитостите кои ние ги познаваме сега. Едноставно кажано и сега а и по евентуалното експериментално докажување за постоење на темната материја јаболкото пак ќе паѓа од јаболкницата на земја.
Така да наместо поимот предефинира повеќе би го искористил редефинира, а со тоа не паѓа во вода се тоа што денес го знаеме.
НЕБО да ти појаснам, тука во германија кај што студирам во учебници за факултет што се преведени на гермнаски се ставени само основите на некои поспецифични области од некоја наука, и со тоа само ти даваат шмек за тоа што навистина денес се знае и испитува, да не збориме кај нас каде многу помалку стручни книги се преведуваат или пишуваат на македонски а за некој магазин како емитер па да не правуиме муабет. Ако те интересира до каде се научниците и кои се денешните сознанија и хипотези треба да ѕирнеш во најновите стручни книги во таа област кои нормално се на англиски, и ако сакаш да си во тек со настаните во науката треба да следиш списанието Science како основно за сите природни науки, или пак некое од специјализираните за таа област од физиката списанија каде се објавуваат публикации од професори на факултети и истражувачи, кои списанија сите се на англиски. Со други зборови без добри познавања на англискиот неможеш ни да мрднеш во науката.
Освен тоа веќе на ниво на факултет сите физички законитости и равенки се создаваат и озведуваат преку изводи и интеграли, кои под услов да си тргнал на 6 години на школо тек за една година ќе ги учиш по математика и тоа само основите на интегралите и изводите, така да се тоа што го читаш ти за физика и природни науки е за широки народни маси.