Ливерпул-Манчестер Јунајтед 06.03.2011 (14:30)

Победник на дуелот:

  • Ливерпул

    Гласови: 57 46,7%
  • Манчестер Јунајтед

    Гласови: 45 36,9%
  • Нерешено

    Гласови: 20 16,4%

  • Вкупно гласачи
    122

Џони Вајсмилер

Don't share my food
Член од
15 февруари 2010
Мислења
15.489
Поени од реакции
15.506
Iceboy@

Да ја посетеше темата Сериа А кога беше дербито Јувентус-Интер уште поголеми глупости ќе се изначиташе од јувенташите како демек Интер имал врски во ФИЦГ,судиите го симпатизирале,Морганти бил Интераш....бла бла бла....мислам овие ставови според мене се убедливо најглупи бидејќи нема никаква основа за такво нешто и плус премногу е смешно и идиотски такво нешто да коментираме во еден форум и да тврдиме дека тоа било така а всушност се е претпоставка..и јас можам да кажам дека Кени Даглиш ми е тетин од трета брачеда на мој родител ама.....:):)
 
pain_killer

Invictus
Член од
27 јули 2007
Мислења
4.536
Поени од реакции
2.222
Значи да се разбреме, оние што наназад мешаа челзи сити или незнам што, ова е единственото вистинско дерби во Англија....
 
DimceY

Jimmy
Член од
20 ноември 2007
Мислења
5.733
Поени од реакции
5.418
тука има неколку интересни факти за ривалството меѓу овие два најтрофејни англиски клубови... дерби во вистинска смисла на зборот... па на кого му се чита нека повели :)
 
Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.495
Не е ривалството само меѓу клубовите, туку и поради самите градови што имаат ривалство, се почнува поради каналот :D Утре ќе поставам некои клипови интересни, кој сака нека ѕирне :)

--- надополнето ---

Значи да се разбреме, оние што наназад мешаа челзи сити или незнам што, ова е единственото вистинско дерби во Англија....
+1....
 
Gojak YNWA

Ракот на Хелси
Член од
12 јануари 2009
Мислења
1.946
Поени од реакции
866
Еднаш да идам да го гледам дербиво и да умрам среќен:toe:
 
Гробар Мкд

Не дамо Титулу !!!
Член од
19 ноември 2008
Мислења
5.335
Поени од реакции
1.442
^^ Среќен поради гледањето во живо, а да се онесвестиш поради резултатот (да не биде умирање, грубо изгледа) :pos2:
 
Член од
1 јули 2008
Мислења
2.028
Поени од реакции
2.034
За мене ова е најважен натпревар сезонава.
Победа против Ливерпул на Олд Трафорд е бесценета.
Победа против Ливерпул на Енфилд е бесценета Х3.

Иако жал ми е што Торес нема да игра веќе на ова дерби, пред 2-3 години беше најдобар напаѓач на светот и даваше голови против Манчестер, интересно беше и со него во Ливерпул многу ќе му беше потешко на Манчестер, ама јас сакав и во недела тој да биде на терен...

Баш ме интересира како ќе се развива ситуацијата на трибините. Ливерпул секогаш имал фантастични навивачи, ама оваа сезона нашите се фантастични. Тоа добро го почувствуваа оние на Стемфорд пред некој ден, кога беа натпеани од 3 000 Ѓаволи, меѓу кои и Гери Невил. Време е Скаузерите да го изгубат епитетот најдобри навивачи во Англија, иако според мене го изгубија одамна. :)
 
1.Штета што не игра никој од одбраната на Манчестер. Ќе беше многу интересно и тешко за нападот на Ливерпул. Вака лесна победа од 7-0.
2. Ливерпул-USA 1-0, Манчестер-USA 0-1.
 
Не сакав да кажам дека вака ќе му биде лесно, туку дека со Торес во Ливерпул ќе беше многу потешко. Ако не разбираш, врати се во прво одделение.

За тоа второто, ќе видиме во недела кој е кој. Ако се слушне некоја песна од нашите навивачи барем 5 минути, буква да не ви прочитам више тука. :)
 
Gojak YNWA

Ракот на Хелси
Член од
12 јануари 2009
Мислења
1.946
Поени од реакции
866
Не сакав да кажам дека вака ќе му биде лесно, туку дека со Торес во Ливерпул ќе беше многу потешко. Ако не разбираш, врати се во прво одделение.

За тоа второто, ќе видиме во недела кој е кој. Ако се слушне некоја песна од нашите навивачи барем 5 минути, буква да не ви прочитам више тука. :)
Немора да го жалиш Торес кога Суарез ќе ве отвори. И нормално е да се слушне песна одлични навивачи има и Јунајтед ама сепак Енфилд си е Енфилд според мене.
 
Член од
1 јули 2008
Мислења
2.028
Поени од реакции
2.034
Кажав дека жалам што нема да игра Торес, друг шмек имаа натпреварите кога играше тој, барем за мене. Суарез е добар напаѓач, ама не е тоа тоа. Колку ќе не отвори, ќе видиме.
 
stormspeaker

Бекрија
Член од
4 октомври 2008
Мислења
1.858
Поени од реакции
1.343
Ова е моето Ел Класико, нема утакмица што сакам повеќе да ја гледам, а оваа година имаме среќа да го гледаме овој дуел три пати, во претходните два (и двата одиграни на Олд Трафорд) манчестер беа поуспешни, се надевам сега нема да биде така.

За составот на Ливерпул, колку што успеав ја да сфатам, треба да бидат подготвени Агер, Меирелеш и Аурелио, исто така се очекува и деби на Керол, мада не верувам дека ќе биде како стартер. Најголемиот проблем во врска со повредени играчи е отсуството на Кели. Оние што ги глеале Ливерпул откако е Кени тука, знаат за каков талент станува збор и несомнено ќе недостига на десната страна. Во негово отсуство очекувам Џонсон да иде десно а Аурелио/Вилсон на левата страна. Составот што јас очекувам да го видам (ако е вистина тоа дека се фит Агер, Раул и Аурелио) е: Реина, Џонсон, Аурелио, Агер, Карагер; Лукас, Џерард, Раул; Макси (не дај боже), Кајт и Суарез.

Тоа е тоа за сеа од мене, иако има уште време до утакмицата, да си кажам уште сега: очекувам фер утакмица, со неколку црвени, по неколку гола на двете страни и да победи Ливерпул! :)
 
Член од
13 декември 2007
Мислења
2.409
Поени од реакции
428
Време е Скаузерите да го изгубат епитетот најдобри навивачи во Англија, иако според мене го изгубија одамна. :)
Не ме интересира другиот дел од дискусијата туку само ова.

Како тоа го изгубиле, па и одамна? Кој е сега (или од поодамна) тим со најдобри навивачи во Англија?

Викаш дека само според тебе, што е и не баш значајна изјава ама ај да ти го прочитам објаснувањето.
 
_Vlatko_

Rossonero
Член од
2 ноември 2008
Мислења
759
Поени од реакции
45
Победа на Манчестер :smir:
 
Член од
1 јули 2008
Мислења
2.028
Поени од реакции
2.034
Не ме интересира другиот дел од дискусијата туку само ова.

Како тоа го изгубиле, па и одамна? Кој е сега (или од поодамна) тим со најдобри навивачи во Англија?

Викаш дека само според тебе, што е и не баш значајна изјава ама ај да ти го прочитам објаснувањето.
Манчестер Јунајтед.
Фантастични се навивачите години наназад, ама последниве 2 се нешто посебно. Не сум ги следел многу Ливерпул, затоа и пишав според мене.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom