Тема за сите :)

  • Креатор на темата Креатор на темата Daria
  • Време на започнување Време на започнување
Член од
23 февруари 2011
Мислења
6
Поени од реакции
4
На оваа тема би сакала да разговараме сите без разлика на полот. Да речеме стапувате во брак и треба да одлучите за станбено прашање.

1. Дали би се одлучиле да живеете заедно со родителите ( на мажот).
2. Дали би се одлучиле да живеете со нив ако ви плаќаат сметки и ви обезбедуваат храна.
3. Или пак сепак би се одлучиле на самостоен живот и поголема приватност, а истите трошоци ги поднесувате сами?

[/LIST]
 
Целиов подфорум е за сите... целиов форум е за сите :) - овој подфорум особено за тие од различен пол (ок... и овие другите)

А ваква тема чинам има во Дом и Семејство.

п.с Добредојде на кајгана!
 
На оваа тема би сакала да разговараме сите без разлика на полот. Да речеме стапувате во брак и треба да одлучите за станбено прашање.

1. Дали би се одлучиле да живеете заедно со родителите ( на мажот).
2. Дали би се одлучиле да живеете со нив ако ви плаќаат сметки и ви обезбедуваат храна.
3. Или пак сепак би се одлучиле на самостоен живот и поголема приватност, а истите трошоци ги поднесувате сами?

Што подалеку од сите. За брачно добро. Свој паша - свој газда. ;)

пс. поздрави го Коле. ;)
 
A мислиш дека ако си подалеку од родителите на партнерот нема да се мешаат?:)

Може да пробаат да се мешаат, ама кога клучот од надворешната врата е само твој, тогаш можеш и да ја заклучиш. ;)
 
Може да пробаат да се мешаат, ама кога клучот од надворешната врата е само твој, тогаш можеш и да ја заклучиш. ;)

A кога ке ти притребаат парички(а си во криза)е тогаш мамичке мамичке многу ве сакам ајде на неделен ручек :pos2:
 
A кога ке ти притребаат парички(а си во криза)е тогаш мамичке мамичке многу ве сакам ајде на неделен ручек :pos2:

Па ти ако правиш така не значи дека и другите прават. ;)

Ако одма штом загусти трчаш дома, не ни заслужуваш да си отидеш од твоите. ;)
 
Па ти ако правиш така не значи дека и другите прават. ;)

Ако одма штом загусти трчаш дома, не ни заслужуваш да си отидеш од твоите. ;)

:pos:

Ме сфати погрешно али небитно cheer up ;)
 
Самостоен живот, дефинитивно.
Родителите (било на мажот или на жената) секогаш ќе имаат некаков приговор, некоја забелешка. Ќе сакаат да биде по нивно зашо и плаќаат храна, сметки, ти обезбедиле дом, а вас ќе почне тоа да ви пречи и на крај секогаш има караници.
Ако имате ваш спрат, пак е малце проблематично, ама некако се издржува.
Ако имате услови да живеете сами, макар и во двособен стан, сами!
 
Темава е баш за сите :)
Секој има право на свое мислење.

Он: Не сум размислувал многу на таа тема, но одделен сум од моите веќе подолго време и кај нив дома сум само еднаш на 3 месеци во просек. Финансиски се помагаме меѓусебно, кога како има потреба.
 
Какви родители бре што подалеку:salut:
 
Да речеме стапувате во брак и треба да одлучите за станбено прашање.
1. Дали би се одлучиле да живеете заедно со родителите (на мажот).

Би се одлучила, во зеднички договор со сопругот и семејството негово - доколку не постои друг начин за наше самостојно живење


Да речеме стапувате во брак и треба да одлучите за станбено прашање.
2. Дали би се одлучиле да живеете со нив ако ви плаќаат сметки и ви обезбедуваат храна.

Да живеам со нив само за да плаќат сметки и јадење .... Мислам дека тоа е по малку неблагодарно ... сепак и тие луѓе имаат право за сопствен живот и сопствени потреби ....

Да речеме стапувате во брак и треба да одлучите за станбено прашање.
3. Или пак сепак би се одлучиле на самостоен живот и поголема приватност, а истите трошоци ги поднесувате сами?

Ова е идеалот кон кој сите млади сметам дека тежнеат - кога си го замислуваат животот со избраникот на својот живот.
Истото го посакувам и јас - но не по секоја цена.

Поздравче
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom