Жената на Гадафи потекнува од село Порој,тетовско!

  • Креатор на темата Креатор на темата Tоni
  • Време на започнување Време на започнување

Tоni

ILLYRIAN
Член од
26 февруари 2009
Мислења
13.642
Поени од реакции
10.241
Веста е од албански медиум така да ќе се обидам да преведам нешто!

Преседателот на Либија,Гадафи е оженет со девојка која потекнува од селото Порој кое се наоѓа на околу 10 км од Тетово.

До оваа вест новинарите дошле по разговорот со поранешен наставник од селото Порој,Абдулселам Арслани кој бил близок пријател на Јонуз Бафтијари таткото на Сафије,жената на Гадафи.

Јонуз Бафтијари бил учесник на Втората Светска Војна во редовите на Партизаните.Тој по војната се преселил во Белград и живеел во населбата Раковица,каде отворил кафана.
Таму се запознал со мајката на Сафије,па се оженил со неа и направиле две деца Сафије и брат и Исмет.

Кога Сафије имала 6 години,татко и бил затворен поради шверц со злато.Тој во затвор одлежил 6.5 години.
Додека бил о затвор му умира жената,значи мајката на Сафије.За децата се грижел нивниот близок комшија.
По излегувањето од затвор таткото на Сафије се запознава со друга жена која бара од него да ги остави децата и да се преселат во друга населба.Тој го прифаќа тоа и се селат во населбата Нови Београд.Децата му ги остава на комшијата на кого му го дава и станот.

Сафије била лута поради тоа што го направил нејзиниот татко и никогаш веќе не контактирал со него,за разлика од неа нејзиниот брат Исмет контактирал со татктото и почнал да го учи албанскиот јазик па и работел кај соселаните на татко му кои исто така имале свои бизниси во Белград.
Сафије имал ретки контакти со стрико и,со кого зборувале на српски јазик бидејќи таа не знаела албански.

Кога Сафије пораснала таа се вработила во бифето за странски студенти каде и се запознала со Муамер Гадафи,кој во тоа време бил студент во Белград.
Од тоа време веќе никој не ги видел Сафије и нејзиниот брат Исмет за кого претпоставуваат дека отишол со сестра и во Либија.

После некое време во осумдесетите години Абдулселам Арслани заедно со неколку соселани превземале иницијатива да одат во Либија за да ја видат Сафије,но знаејќи ги односите на Гадафи и Србија тие се откажале од намерата бидејќи не верувале дека ќе бидат пречекани добро.

Арслани открива дека таткото на Сафије,Јонуз неколкупати се обидел да ги земе документите на своите деца од југословенската полиција во Белград,но секогаш бил одбиен.Но Јонуз немал намера да престане да ги бара документите на своите деца и тогаш бил повикан во полиција од каде што му се заканиле дека ќе му бидат одземени сите бенефиции што ги имал како поранешен партизан и дека ќе биде протеран од Југославија.

Оваа вест првпат била објавена во поранешниот весник на Косово "Zani i Rinise" (Гласот на Младината).

http://www.shqipmedia.com/2011/02/ekskluzive-gadafi-ky-dhendri-shqiptar-i-libise/
 
Приказната на почетокот буквално циганска работа. Му рекла да ги остави децата и овој волов ајде, добро. Ебате скотот.

Инаку ништо битно. И овој од Бони Ем, шо умре сеа, земал циганка од кај мене од маало.
 
И Мишел Обама е од Шутка .Вистинско име и е Мевлиде и како мала била шитната во Италија од некој Себо.Во тоа време Барак Обама снимал филм во Италија со наслов “ Котле“ и бил во улога на ќумурџија ,каде што ја запознал нашата Мевлиде која подоцна ке смени име во Мишел.
Све е вистина ,ќор да умрам ако лажам :toe:
 
:pos2: :pos2: :pos2: :pos2: :pos2:
 
И Мишел Обама е од Шутка .Вистинско име и е Мевлиде и како мала била шитната во Италија од некој Себо.Во тоа време Барак Обама снимал филм во Италија со наслов “ Котле“ и бил во улога на ќумурџија ,каде што ја запознал нашата Мевлиде која подоцна ке смени име во Мишел.
Све е вистина ,ќор да умрам ако лажам :toe:

се кажа на едно место.. заслужено зеленко !!!!
 
И Мишел Обама е од Шутка .Вистинско име и е Мевлиде и како мала била шитната во Италија од некој Себо.Во тоа време Барак Обама снимал филм во Италија со наслов “ Котле“ и бил во улога на ќумурџија ,каде што ја запознал нашата Мевлиде која подоцна ке смени име во Мишел.
Све е вистина ,ќор да умрам ако лажам :toe:

:pos2::pos2::pos2::pos2::pos2::pos2:
не си арен! :vozbud:
 
Ајде бе седете мирни, и Шехерезад едно време викаа дека е од Македонија, заборавив од кое село само. Значи, а има некоја актуелна личност одма се наоѓаат корените ко демек Македонец бил. :)
 
Како може да пуштаат вакви вести нашите медиуми, без конкретни докази?? Нели гледаат дека се придонесува за тоа да се прошири мегаломанството во Македонија?
 
Ајде бе седете мирни, и Шехерезад едно време викаа дека е од Македонија, заборавив од кое село само. Значи, а има некоја актуелна личност одма се наоѓаат корените ко демек Македонец бил. :)

Ние сме центарот на светот.Кој каде да одел кај нас поминал и оставил по нешто.И сега сите славни личности имаат потекло од кај нас
 
Море остај жената, туку го оставила љубовницата -- медицинската сестра од Украина. Што ли ќе прави сега? :wink:

http://www.thesun.co.uk/sol/homepage/3436110/Nurse-lover-leaves-Gaddafi.html

Gaddafi_nursing.jpg
 
Како може да пуштаат вакви вести нашите медиуми, без конкретни докази?? Нели гледаат дека се придонесува за тоа да се прошири мегаломанството во Македонија?

Ти го читаш ли изворот?
 
Жена му на Гадафи е хрватка и се имаат запознато кога Гадафи студирал на Воената Академија во Мостар.

А можеби Гадафи е албанец како и Кастро(кастриот) и сите други државници само што тие не знаат за тоа.
Лудило е вистинскиот збор за оваа појава.:nesvest:
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom