Лошо искусво со DV Lottery for green card USA

Член од
11 мај 2010
Мислења
2.952
Поени од реакции
718
сигурен сум дека ке се појават такви како мене и ке кажат некое искуство за ова прашање. јас конкретно имам неколу пати аплицирано на лотаријата за зелена карта зо уса. и се беше ок (ако не се рачуна дека не сум извлечен ниеднаш до сега) се до оваа година кога буквално ми го спамираа телефонот со понуди за да купам се и сешто. дури еднаш ми ја хакнаа кредитната картица.. среќа што немав пари на нејзе. сеуште ги чувам смсм пораките што ми стигнаа со обидите за наплата-крадење од мојата сметка. првата беше негде околу 1700 уса долари...

поентата ми беше да прашам, дали некој од тие што аплицирале има вакво искуство:

ти се јавуваат, ти велат дека се јавуваат од сервисот на УСА владата која работи во вашингтон, ти велат дека твоето досие е “избрано“ и чека на преглед или дека твојата апликација е во процесирање и дека се скоро 100% сигурни дека ке добиете зелена карта... и сега е вистинскиот момент да си го појачате вашиот англиски јазик, бидејки ке идеш на интервју во америчка амбасада и ке те прашуваат се и сешто... ако си слаб на јазик нај веројатно ке паднеш и нема да пројдеш на тестот...

и нормално, ние не сме глупи балканци и не наседнуваме на таквите глупи фолови одма ти се чири осмех на уста и си викаш у себе МЕНЕ ЛИ НАЈДОА БЕ ОВИЕ ДА МЕ РАБОТАТ СО ТИЕ НИВНИ АМЕРИЧКИ ФИНТИ... па јас не наседнувам бе на такви детски фолови... меѓутоа... чисто од куртоазија продолжуваш да ја слушаш госпожата од другата страна на телефонот која нај често и самата не знае баш перфектно англиски..

и во понатамошниот разговор како потврда нивна дека се сепак америчка продолжена рака со одврзани ингеренции ти вели дали може да ги потврдиме податоците ваши... се согласуваш, и она од таму почнува да ги рецитира твоите лични податоци.. име презиме, адреса на живеење, матичен број, број на пасош, имеил, име на сопруга и сите лично податоци, датум на венчавање, понатака целокупните лични податоци на децата... на крај дури ти го чита и бројот од мастер кард бројот... и во тој момент мене косата ми се прави одприлика вака::ija: и додека правевме муабет мене ми титка нешто телефонот, ми стигаат смс-и ама не ги рецкам.. одпосле ги прочитав дека се работи за скалести обиди за наплата на пари почнувајки од преку 1700 долари па надоле додека не опали... сва срека што тутунска банка имаат заштита од ваков тип на хак и автоматски ја блокира сметката и не дозволува наплата за толкави суми туку бара контрола и усмена потврда од носителот на картицата... после 3 минути ми звони телефон непознат на втора линија но нормално јас веке зборам, а тоа биле од тутунска за да ме алармираат или птврдат за наплата...

меѓутоа, незнаејки го сето ова што се дешава во позадина, после диктирањето на сите лични и тајни податоци мои и на семејството мое, си викаш, абе овие се стварно од уса владата... и почиња да те убедува да купиш некаква книга+цд за англиски јазик и као бајаги гратис цд за шпански јазик (втор службен јазик во уса) за неверојатно ниска цена од “само“ 979 евра... фак д тинг...

јас, културно ги откачив објаснувајки дека тоа се просечни 4-5 месечни плати за тука во македонија и дека немам толку пари...

не поминаа 2 недели ете ги пак, овој пат поинаков пристап, демек како сте, што работите, каде би се населиле во уса, и што би работеле, дали имате фамилија... и пак истото се одпочеток овој пат се работеше само за книга од доста ниска цена од само 499 евра... и пак ги откачив... во мегувреме нормално си ја сменив картицата кредитна и кога ми ги идиктираа броевите од старата јас реков да тие се а уствари не беа...

си реков дека заврши тортурата... ама после уште еднаш и тоа навечер во 21:30 ми се јавија..

еве сионќа после 1 месец и нешто пак, во сабота во 20:00 ми се јавува и јас онака веке пис оф и викам на госпоѓата која едвај збореше англиски дека НЕ СУМ ЗАИНТЕРЕСИРАН ЗА НИКАКВИ КНИГИ ЦД-А ИЛИ БИЛО ШТО ЗА ДА СИ ГО ПОПРАВАМ ЈАЗИКОТ АНГЛИСКИ а она упорна дека не продава ништо и дека нема да наплати ништо туку само да ги провери податоците мои на апликацијата, бидејки мојата апликација била веке стигната во амбасадата на УСА во македонија и дека по меил ке добијам понатамошни инструкции што треба да се прави со закажан термин за разговор со амбасадорот лично...

и цело време алудираше на тоа дека знам англиски многу добро (што е точно) и дека не ми треба ништо од тоа, меѓутоа ке ми треба некое книжуле од 300 страни кои го објаснуваат начинот на функционирање на САД бидејки тие прашања ке ми биле поставувани во амбасадата за време на разговорот т.е. интервјуто и ке биле пресудни за добивањето на зелената карта... и ова беше доста евтино, т.е. само 189 евра... и ке можело да биде на српски, бидејки на македонски немале верзија...

и реков дека тоа одприлика една месечна плата во македонија, во некои случаеви од 1,5 месечна плата и дека се прескапи... ако продавате нешто за 5 евра, можеби, ама само можеби ке размислувам да го купам... во спротивно ве молам избришете ми ги податоците од вашата SALE data base и да прекинете... на ова госпожата се изнасмеа а јас дословно и вистински и реков да ми го попуши, ја искурецав културно и оттерав кај што треба... она ми посака пријатен ден и успех во добивањето зелена карта...

се изнапишував на постов... скоро пола саат пишувам... ми беше досадно па затоа пишувам, ама и како инфо, за сите оние што аплицирале и редовно аплицираат за зелена карта, да знаат што ги чека во иднина. сигурен сум дека и на друг му се случило ова па ако не се срамите од дешавката и не ве мрзи да пишувате, споделете го вашето искуство тука на темава...
 
Член од
24 ноември 2009
Мислења
4.959
Поени од реакции
4.882
охоооооооооооо колку време имам утепано со такви, не за друго од шо сум немал попаметна работа.
Само што мене ми продаваа луксузен апартман на Малдиви :pos2:
 
Член од
11 мај 2010
Мислења
2.952
Поени од реакции
718
а да... заборавив да кажам дека последното книжиле од 300 страни на српски е електронска верзија. кога ке платам, ке може да кликнам на линкот што ке ми биде пратен по меил, ке го внесам кодот што ке го добијам преку смс и ке ја добиам за free download па ке можам да ја експлоатирам и учам...
 
leandra

Модератор
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.641
Поени од реакции
38.562
Моја добра другарка ја извлекоа преку оваа лотарија.Моментално е во Чикаго со зелена карта веќе 5 години.
 
Член од
11 мај 2010
Мислења
2.952
Поени од реакции
718
охоооооооооооо колку време имам утепано со такви, не за друго од шо сум немал попаметна работа.
Само што мене ми продаваа луксузен апартман на Малдиви :pos2:
а од тој тип веке аман.. ми се јавуваа кински банки кои ми нудеа кредити за развивање на бизнис, па ми продаваа разни електроники, плеери, мобилни па еднаш дури ми нудеа и вијагра и цијалис..
 
аллександар

Вечно ненаспан
Член од
5 мај 2006
Мислења
7.381
Поени од реакции
2.522
мене неѓо тука не ми е јасно.. викаш ти даваат податоци име презиме дрн дрн дрн.. ми го привлече вниманието со матичниот број и со бројот на кредитната картица.. ти ова некаде го имаш остаено како информација за тебе додека си аплицирал или??? негледам друг начин како би дошле до тие податоци... замисли да имаше куп пари на картицата и да не беше на тутунска па да ти отидеа сите у секинда.. шо после да не ке ти ги вратеше некој???
 
во апикацијата за зелена карта ти ги бараат тие податоци... матичен број, адреса, контакт телефон, имеил, кредитна или платежна картица... инаку гледам дека апликацијата е делумно изменета за последниве 2 години. не ти бараат веке број на кредитна картица... ама затоа број на пасош и матичен број ти се обавезни...
 
аллександар

Вечно ненаспан
Член од
5 мај 2006
Мислења
7.381
Поени од реакции
2.522
во апикацијата за зелена карта ти ги бараат тие податоци... матичен број, адреса, контакт телефон, имеил, кредитна или платежна картица... инаку гледам дека апликацијата е делумно изменета за последниве 2 години. не ти бараат веке број на кредитна картица... ама затоа број на пасош и матичен број ти се обавезни...
абе брат ова малку не ми е верно... е сеа сигурно си викаш зашто.. еве ке ти кажам зашто ја така мислам. за шо и да аплицирам даил зелена карта или шо и да е ке остаам податови со име презиме адреса телефон дрн дрн дрн и така натака.. матичен нема да оставам сигурно а број од кредитна па ич... ако они решиле на принцип на лотарија да ги извлекуваат кога тебе ете случајно ке те одберат ке најдат начин да исконтактираат до тебе па за дополнителни информации ке те прашаат а така ке биде поверно и за нив дека ТИ си тој шо го одбрале како што и ти ке бидеш сигурен дека ти е ен се некоја фејк организација шо сака да ти ги собере парите... сваќаш шо е понетата на муабетот?

со оставањето на лични податоци со се матичен недај боже некој таму у пичке материне може да извади лажен пасош лична карта и може да праи глупости а после тебе дома да ти дојдат циа или кои и да се и да ти речат ти си отј и тој со таа адреса со тој матичен и нормално ке се зачудиш и онака Уат д фак ке си речеш.. да не забегав, ептен... поентата ја свати нели
 
си аплицирал за зелена карта лотаријата? очигледно не... знаеш за оние црвени звездички на полињата а подоел објаснето дека без тие податоци не ти ја прима апликацијата... и јас сум пробал без податоците ама ти вади ерор и не ја прима компутерот.. едино фејк броеви да пратиш ама ако те извлечат си наебал... така да тоа е тоа... ако мислиш дека лажам, (бидејки не ти е верно) закачи се на дв лотери програмата, сајтот на уса емиграција и сам провери си... пополни ја апликацијата во 5 чекори е... во вториот чекор е делот со пасошот и матичниот број.... кликаш некст за третиот чекор, (кај што треба да убациш и лични фотографии) арно ама ти вади ерор со пронајдени грешки... и не ти дава понатаму да идеш, те враќа назад да ги дополниш празните места... и ај сега на ваква програма на овој тип не ги стави личните податоци вистинити... понатака во четвртиот чекор беа фотографии и податоци од децата и сопругата-сопругот и петтата точка е преглед на апликацијата на кој кликаш confirm дека тие податоци се вистинити и стоиш зад нив... ако те извлечат и најдат дека си дал лажни податоци ти паѓа во вода воопшто некогаш да добиеш виза за сад... па ти сега види...

ти реков, закачи се и види... патем речено и образование твое, на сопругата, на децата и сите твои лични информации ти ги бараат... дури и при нивно ревидирање на апликацијата ако сликите не ти се во ред (има строга листа како треба да изгледа фотографијата) ти ја враќаат апликацијата назад за корекција ама ако е во рокот на пополнување и поднесување... ако е надвор од рокот автоматски си избришан... ЕДИНСТВЕНО ПРАЗНО ПОЛЕ МОЖЕШ ДА ГО ОСТАВИШ ЗА ВТОРОТО ПРЕЗИМЕ, затоа што се свесни дека постојат држави како нашава кај што ни 2% од населението нема второ презиме...
 
Член од
13 јули 2006
Мислења
15.455
Поени од реакции
18.456
Еднаш пратив 4 писма за лотаријата, едниот доби зелена карта сега е во Америка.

Инаку аплицирам за пријатели и роднини скоро секоја година по електронски пат, таму каде што е регуларно и беспари.

Ако сте аплицирале преку сомнителни сервиси сега можи да ве спамираат.

КРЕДИТНА КАРТИЧКА НЕ СЕ БАРА...

освен на сервиси кои се створени за измама.
 
GrouchoMarx

Мочко
Член од
26 јануари 2008
Мислења
2.907
Поени од реакции
469
Еднаш пратив 4 писма за лотаријата, едниот доби зелена карта сега е во Америка.

Инаку аплицирам за пријатели и роднини скоро секоја година по електронски пат, таму каде што е регуларно и беспари.

Ако сте аплицирале преку сомнителни сервиси сега можи да ве спамираат.

КРЕДИТНА КАРТИЧКА НЕ СЕ БАРА...

освен на сервиси кои се створени за измама.
дај по пп некој линк за апликација или нешо слично.
 
Член од
18 октомври 2011
Мислења
72
Поени од реакции
83
Јас поднесов документи, слика податоци и слично, ама преку агенција. Иако преку линкот можев сам, сепак мислам дека локалните агенции ги знаат маните повеќе од мене. Тоа го наплаќаат 400-600 ден.

Прашањето е..што после, кога ќе добиеш виза која мислам дека трае 15 години (може грешам) и мора да влезеш во USA во наредните 6 месеци.

За да отидеш во USA, па макар и со green card, потребно е некој да ти помогне на почеток за сместување, додека најдеш работа.
Тука доаѓа на тест среќата и снаодливоста. Работата е таа која ќе те направи човек таму. Ако не најдеш достоинствена работа, џабе патот.

Да бидам малку оптимистички настороен....кој отишол, не се вратил. Така да...
 
Член од
8 октомври 2009
Мислења
821
Поени од реакции
301
Јас поднесов документи, слика податоци и слично, ама преку агенција. Иако преку линкот можев сам, сепак мислам дека локалните агенции ги знаат маните повеќе од мене. Тоа го наплаќаат 400-600 ден.
Џабе пари си давал
И онака нема ништо комплицирано во тоа.
Име, презиме, дата на раѓање, од која земја си, адреса, слика, и кое ниво на образование имаш.
Што има комплицирано тука, па да плаќаш на некој "паметен" од некоја агенција за да ти пополни:oops:

Си ја отворил ти воопшто апликацијата?
 
Член од
10 јануари 2011
Мислења
1.658
Поени од реакции
3.322
Абе ако имаш пари секаде ќе те примат ако немаш џабе ти е!
 
Kajgana Shop

На врв Bottom