Новите автобуси (даблдекери, кинески и украински) во Скопје

Таруно

Еким
Член од
9 јуни 2010
Мислења
2.610
Поени од реакции
2.505
Еве сабајле се возев, или може треба да речам брзо одев, со стар 41. Интересна работа на вакво ладно време е што можеш да си правиш „ху“ и внатре во автобусот, ама пак центарските газиња се поважни, оти се они покултурни и повоспитани, за другите кој ги ебе.

Некој спомна 63-66 возеле брзо ова она смрдело на лук-кромид. А види мајката не може тој што смрди да се качи во центар пак во некој од „центарските“ автобуси и пак да смрди !? А тие хулигани што ги кршат автобусите не може истото да го направат и во центар !? М !? Ова не е оправдување воопшто.

Сметам дека најпрво требаше да се обноват автобусите што возат на поголема релација, бидејќи да патуваш толку долг пат и да се мрзнеш внатре е нечовечки.
 
Член од
28 мај 2008
Мислења
3.966
Поени од реакции
4.073
Сметам дека најпрво требаше да се обноват автобусите што возат на поголема релација, бидејќи да патуваш толку долг пат и да се мрзнеш внатре е нечовечки.
Шоферите кои возат на поголеми релации возат за да стигнат и ама баш ич не ги штедат автобусите, па затоа ако ги стават новите на тие подолгите релации, отидоа бидејќи се пониски, а и патиштата не се мазни, т.е имаат повеќе дупки на 100 км отколку ти имаш влакна на косата. Не дека не треба да се заменат старите автобуси, ама за тие линии треба некоја руска машина.
 

Таруно

Еким
Член од
9 јуни 2010
Мислења
2.610
Поени од реакции
2.505
Шоферите кои возат на поголеми релации возат за да стигнат и ама баш ич не ги штедат автобусите, па затоа ако ги стават новите на тие подолгите релации, отидоа бидејќи се пониски, а и патиштата не се мазни, т.е имаат повеќе дупки на 100 км отколку ти имаш влакна на косата. Не дека не треба да се заменат старите автобуси, ама за тие линии треба некоја руска машина.
Видиш богати, а на никој не му текнува да се среди патот, а !? Боље нека мрзнат и нека не ни ги расипуваат убавите автобуси, отколку да даваме пари и за улици сеа. :tapp:
 

MartinFCB

Fcb
Член од
22 октомври 2010
Мислења
317
Поени од реакции
47
Па зар и во друг град освен во Скопје има градски превоз?
Не бе, каков превоз? Во другите градови ни бензин нема да се наполни. И во Македонија дали само Скопје е град?
 
Член од
16 јули 2008
Мислења
1.858
Поени од реакции
1.034
Не бе, каков превоз? Во другите градови ни бензин нема да се наполни. И во Македонија дали само Скопје е град?
Све на нафта возат а? :D
Прашав дали има јавен градски превоз,не дали има 3 комбиња на различни газди што вртат низ град.Колку што знам државен јавен превоз освен во Скопје во друг град нема.Ако сум грешка поправи ме,кажи во кој град има (не приватен превоз).
 

MartinFCB

Fcb
Член од
22 октомври 2010
Мислења
317
Поени од реакции
47
Све на нафта возат а? :D
Прашав дали има јавен градски превоз,не дали има 3 комбиња на различни газди што вртат низ град.Колку што знам државен јавен превоз освен во Скопје во друг град нема.Ако сум грешка поправи ме,кажи во кој град има (не приватен превоз).
Епа добро, ке те информирам дека има градски превоз во Куманово, пред некоја година во Куманово беа донесени повеќе автобуси. Отприлика има около 50-60 автобуси. :)
 
Член од
16 јули 2008
Мислења
1.858
Поени од реакции
1.034
Епа добро, ке те информирам дека има градски превоз во Куманово, пред некоја година во Куманово беа донесени повеќе автобуси. Отприлика има около 50-60 автобуси. :)
Тоа е претпријатие на градот?Не се приватни автобуси така?
 

MartinFCB

Fcb
Член од
22 октомври 2010
Мислења
317
Поени од реакции
47
Тоа е претпријатие на градот?Не се приватни автобуси така?
Тоа незнам, да не те излажам. Али мислам дека е претпријатие на градот, но не ме фаќај за збор. Не сум доволно информиран. :)
 
Член од
16 јули 2008
Мислења
1.858
Поени од реакции
1.034
Тоа незнам, да не те излажам. Али мислам дека е претпријатие на градот, но не ме фаќај за збор. Не сум доволно информиран. :)
Ок.Муабетот погоре беше - зошто само Скопје доби нови автобуси,а другите градови не.Па јас прашав - дали и во некој друг град има "градски превоз" (не приватен) за да може државата да им донира автобуси.Знам дека во Велес и Прилеп немаше (барем до пред 3-4 години).Ако и во друг град има таков превоз - најверојатно ќе се донираат нови автобуси и на тие претпријатија.Пошто рекоа нарачано имале преку 200 автобуси.
 
Член од
6 ноември 2008
Мислења
1.115
Поени од реакции
1.372
Можи и поке да се не знам точно.Муабето ми беше што владата дава пари на претпријатие на град Скопје како чиста донација, а кај се останатите тоа е прашањето, на пример да имаше автобуси и за Куманово и за Битола подобро ке беше... А за селоо ....ТИ се молам не биди смешен :))))
Не купуваат за другите градови зошто сакаат да направат Република Скопје :)
После ќе шитне тато нива ќе дојдат во Скопје. Тоталка ги разбирам тие што така прават, сакаат услови за убав и пристоен живот како секој друг човек, али треба да почне да се размислува што кога цела Македонија ќе се начука во еден град?
 

GTFO

Pushing the button
Член од
3 април 2009
Мислења
5.654
Поени од реакции
4.579
Абе и ја учев у Цветан, зависи како гледаш на поделбите. Од кое школо не резбале нека дигнат рака
За мене се тие снобовски, вештачки поделби. Иселените чаирчани и бутелчани се населија Аеродром, Карпош, Центар...сигурно не испариле :) Културата не зависи од населбата.
Не дека ми е стало да мора у старт да има и кај нас...и старите возат добро и за исти пари, а битно е да стигнам од А до Б. Арно ама има разлика во хигиената, парното па и није свеједно дал уште цела година ќе ти прокиснува кров...до крај на година, не умри магаре :)
Ма и така сме ние таму багра од тие населби учени ништо да не се вложува, одржува и средува. Да не спомињам за игнорантноста кон другите градови, сами дечките си спомнаа.
Не мислеше на македонците од Чаир и Бутел,знаеш убаво кои ги прават проблемите :)
 
Член од
1 ноември 2008
Мислења
7.396
Поени од реакции
1.880
Ок.Муабетот погоре беше - зошто само Скопје доби нови автобуси,а другите градови не.Па јас прашав - дали и во некој друг град има "градски превоз" (не приватен) за да може државата да им донира автобуси.Знам дека во Велес и Прилеп немаше (барем до пред 3-4 години).Ако и во друг град има таков превоз - најверојатно ќе се донираат нови автобуси и на тие претпријатија.Пошто рекоа нарачано имале преку 200 автобуси.

Тоа прашав и јас кои градови имаат ЈСП(Јавно Сообраќајно Претпријатие) одговор не добив.
Не сериозни се прашањата од типот „зарем и другите градови не сакаат автобуси од државата?“
Па да прашам јас зарем главниот град не заслужува нови автобуси? Треба ли да се возат сеуште оние кантине?

Друга работа повеќето градови се мали и одењето пешки од еден крај до друг е многу брзо или такси чини 30-40 денари, па ако се возат двајца или тројца ги чини поефтино од градски во Скопје. Друг проблем е малку патници, нема ни да се извадат парите за горивото а камо ли за шоферите плата.
 

Рудници и

ООЗТ Рудници и железарница - Скопје
Член од
9 декември 2009
Мислења
12.162
Поени од реакции
18.203
За тие шо почнавте одма да плукате по ЛАЗ или по Владата,сеедно,не е до нив грешката.ЈСП пред да почнат во сообраќај овие *спејс шатли* за нивните возачи навикнати на Саноси од 80-та година требаа да им обезбедат обука за нов тип на возила ,како во секоја нормална фирма.Украинскиве се со сите тие системи за нормален сегашен автобус : АБС,ЕСП,ретардери,ова,она,аутоматик,клими-мими...за разлика од Саносите/Икаруси од пред 30 години кои имаат само волан и мењач за работа ,а кои исто толку години ги возеле возачите на ЈСП.
Значи,како некој погоре кажа последниот бус работел,не тргнал ради Х причини со електрониката.Е тука е проблемот со ЈСП за обезбедување една обука за овие возила.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom