Human
Explorer
- Член од
- 10 октомври 2009
- Мислења
- 12.427
- Поени од реакции
- 5.107
Либија на прагот од граѓанска војна
21.02.2011 10:24
Демонстрантите ја запалија зградата на либиската влада. Само неколку часа претходно синот на Муамер Гадафи предупреди дека земјата е на работ на граѓанска војна.
Саиф Гадафи му се обрати на народот со зборовите: „Либија е на работ на граѓанска војна. Или ќе избереме реформи или ќе тече крв. Ќе се бориме до последен куршум“.
„Лидерот на Муамер Гадафи е овде да ја води битката во Триполи со него се војската и илјадници поддржувачи, нема да ја напуштиме Либија ќе се бориме до последниот маж, последната жена и последниот куршум“, вели Саиф Гадафи.
За политичките аналитичари говорот е бизарен - Саиф истовремено вети реформи, се закани со војна и ги обвини сите - од опозицијата, странците, медиумите, исламистите, дури до наркоманите. Експертите велат дека ова е знак оти либиското водство воопшто не е свесно за размерите на кризата.
Демонстрантите цела ноќ се бореа со силите за безбедност за контрола врз Триполи. Од покривите снајперисти стрелале врз толпата, а приврзаниците на Гадафи дивееле пукајќи од автомобили во движење.
Саиф Гадафи призна дека војската и полицијата направиле грешки, но тврди дека бројот на загинати е мошне помал од пријавениот. Од Хјуман Рајтс Воч соопштија дека до сега загинале над 250 луѓе и нивниот број расне од минута во минута.
Убиствата ги разгневија и племенските водачи - се закануваат дека ќе го запрат дотокот на нафта за Западот, од чијашто поддршка зависи Триполи.
САД врши притисок на Либија да не ги задушува протестите или ќе ги употребат сите расположливи средства. Сепак, според аналитичарите, Обама не доби доволно буџетски пари за да си купи нови пријатели на Блискиот исток, па Вашингтон има се помалку простор за маневрирање во регионот.
Извор