Иван Исцелител (интересен блогерски запис)
Сабота вечер… Кога ќе одлучиш да не излегуваш од дома, ризикуваш да ти биде максимално досадно пред ТВ и се крстиш да не те фати "Saturday night fever" шо би рекле Bee Gees.
Мене не ме фати трескава но изненадувачки, на телевизија ми беше забавно како што не ми било месеци уназад. За тоа се погрижи една локална (скопска) телевизија со својата емисија во областа на "медицината". Имено, се работи за еден момак, Иван Исцелител, кој толку вешто се справуваше со медицинските проблеми на луѓето што врвни доктори може само да му завидуваат. Значи принципот е испраќаш СМС(која чини околу 50 ден.) со текст за тоа што те боли и Иван гордо дава образложение дека може да го излечи. А пораки фрчат да неможе човек да постаса да ги прочита.
Според Иван, за 90 % од болестите (и симптомите кои што често се поистоветуваат со терминот "болест", а кај Иван у емисија и без исклучок) , значи 90 % причината е НЕРВОЗА! Од останатите, околу 5 % се причинети од СТРЕС, и 5 % од само нему јасни причини
. Видовме меѓу другото, дека лечи и болести за кои и светската медицина нема најдено делотворен лек, на пример Псоријаза. Но од такви примери и нема крај, мене лично најмногу ми се допаднаа дефинициите на Иван за повеќето болести. Ќе изнесам дел од нив, за да може и вие обични лаици да научите нешто
. Значи, реума е, цитирам: "рскАец кој напукнува од ладно и се пуни со вода" ; "желудникот е мускул, кој кога ќе го стегнат нервите(желудникот), се јавува гастритис". Или, стерилитет е тоа "кога се запушени каналчињата на тестисот". А ако гледаш духови(има и такви,да)-"мозокот е оштетен баш кај центарот за вид и затоа ги гледаш". И тоа е предизвикано од стрес, се разбира.
Има и еден друг момент кај Иван, а тоа е неговата способност да ја побие моќта на Компјутерската томографија, Магнетна резонанца, да не спомнувам рендген, тоа му е испод части. Како? Епа Иван можеше да види "пукнато капиларче во мозокот" и инфаркти, само преку СМС!!! Неверојатно нели? И да биде поиронична сета приказна, "ординацијата" му се наоѓа веднаш карши државна болница .У понеделник одам до надлежните на клинички и им предлагам да го уклопат во целиот тој комплекс како клиника. Клиника на која би се праќале сите неизлечливи пациенти. А за излечливите, во другите соодветни клиники за да и докторите имаат за леб да вадат.
За крај, да не ме сфатите погрешно, најмалку од се сакав да му се исмевам на Иван (добро де, малце), туку сум му бескрајно благодарен што ме занимаваше оваа саботна вечер. На краиштата човекот сам си рече-"јас сум овде бидејќи вие ме барате". Маката човек на се ќе го натера, ама и тоа има граници… А додека постојат луѓе кои баш наивноста им оди преку сите граници… no comment.
http://vaskodem.blog.mk/2008/11/16/ivan-iscelitel/