НИКОГАШ ПОВЕЌЕ ВО ПОСЛАБИ ТИМОВИ-барем не по моја желба.Стварно е тешко да се покажеш и да се истакнеш во квалитетен тим, ама сепак таму дури и да не иде се преку тебе и дури и да не си тој кој ке привлече најмногу внимание сепак тоа што ке го покажеш ке се цени повеќе.Сум работел во послаби тимови и сме испаѓале само заради тоа што на крај сме оставиле впечаток дека само некои работат а другите воопшто како да не се заинтересирани.И нормално групата како група не успева иако има квалитетни поединци во неа.Во по квалитетни групи имам мотивација зашто знам дека тоа се луѓе кои ме разбираат, и луѓе кои нема да се откажат така лесно и ако не друго барем ке научам нешто од нив.Во таквите проекти премногу е битно искуството.Нормално дека кога си во поквалитетна група има и поголема конкуренција, многу идеи, многу различни размислувања и тешко е да ги убедиш другите дека твојата идеја е вистинската-не невозможно ама сепак тешко затоа што сите тие луѓе размислуваат со своја глава и сите имаат идеи исто како што имаш и ти.Исто како што си и ти убеден дека си во право исто така се и тие.Треба многу повеќе концентрација, повеќе труд, разбирање, упорност ама на крај секогаш си добитник, никогаш не губиш.Би избрал секогаш да работам во група каде што има поголема конкуренција зашто сум човек кој сака да работи многу, уживам во вакви работи и незаинтересираноста ме иритира и тогаш се губам и кажувам работи кои не треба...Квалитетната група има луѓе како мене, добар муабет ке падне, ке падне некое кафе после, нови познатсвта можеби и така.Можеби на прв поглед изгледа далеку полесно да се истакнеш во послаба екипа зашто ти ке бидеш тој што ги држи конците и иде по твое ама сепак и твоја е одговорноста.А сум поминал ноќи неспани за да покривам туѓи грешки и сум покривал идиоти за да оставам групата остави подобар впечаток и ми се смееле во фаца и ми викале брат што се замараш толку не е за живот или смрт и верувај ми не е убаво чуството на крај кога сите добиваат исти заслуги воопшто.Избирам квалитетен тим, зашто сигурен сум дека сум дораснат да работам со такви луѓе и зашто верувам дека можам да се снајдам во таква ситуација и да се борам за моето мислење и да дојдам до нешто што ке ме истакне во групата и нешто со кое ке се покажам.