Дали Македонците од дијаспората треба да имаат право на глас?

  • Да

    Гласови: 100 36,0%
  • Не

    Гласови: 178 64,0%

  • Вкупно гласачи
    278

Принцезичка

courage is contagious
Член од
12 декември 2008
Мислења
1.556
Поени од реакции
348
Немој ти мене да ми кажуваш каде смеам , а каде не смеам да пишувам ,форум е ќе пишувам кај сакам.
Тука не се работи за чувства, за права и обврски се работи , не биди безобразен ,не те навредив лично. И да знаеш , постојат две дијаметрални разлики: има луѓе кои ги сносат последиците и луѓе кои не ги сносат (двете групи ЖИВЕАТ во Македонија)
Ај сега да ти објаснам убаво очигледно си малце спора во сваќање и ја одбегнуваш очигледната поента:

Сите со исклучок на мала група сносуваат последици од гласањето во земјава . Значи 99 проценти од луѓето овде што живеат сносуваат последици од гласањето:
Обичниот народ го плачкаат
Полтроните губат добиваат работа ( но крај ќе им се наплати во наредниот циклус) некои ги затвораат .

Луѓето во дијаспората од тоа гласање кои се 99 посто од тие што не ги сносуваат последиците не им се случува ништо, нивните животи не зависат од тоа што во Македонија се случува. Нив не ги интересира егзистенцијалните прашања на народот во Македонија се гледа и по нивните кампањи и пишувања, диктати и солења памет јадење корења името само да не се смени, и разни слични “релевантни ставови“ за одбрана на македонската чест додека не можат едно проста критика да упатат кон било кој власт на основ материјални и социјални проблеми. Не се ни трудат да излобираа, не инвестираат и не сакаат да се потегнат да гласаат овде , што мајка бараат да ни мешаат во политиката наша?

Ова беше пријателска сугестија за да не се брукаш вака по форумов.
 
Член од
14 август 2006
Мислења
45.263
Поени од реакции
84.360
И да знаеш , постојат две дијаметрални разлики: има луѓе кои ги сносат последиците и луѓе кои не ги сносат (двете групи ЖИВЕАТ во Македонија)
Да, Македонци и Албанци.
 
АМБРОЗИЈА

случајна минувачка
Член од
22 декември 2008
Мислења
351
Поени од реакции
74
Ај сега да ти објаснам убаво очигледно си малце спора во сваќање и ја одбегнуваш очигледната поента:

Сите со исклучок на мала група сносуваат последици од гласањето во земјава . Значи 99 проценти од луѓето овде што живеат сносуваат последици од гласањето:
Обичниот народ го плачкаат
Полтроните губат добиваат работа ( но крај ќе им се наплати во наредниот циклус) некои ги затвораат .

Луѓето во дијаспората од тоа гласање кои се 99 посто од тие што не ги сносуваат последиците не им се случува ништо, нивните животи не зависат од тоа што во Македонија се случува. Нив не ги интересира егзистенцијалните прашања на народот во Македонија се гледа и по нивните кампањи и пишувања, диктати и солења памет јадење корења името само да не се смени, и разни слични “релевантни ставови“ за одбрана на македонската чест додека не можат едно проста критика да упатат кон било кој власт на основ материјални и социјални проблеми. Не се ни трудат да излобираа, не инвестираат и не сакаат да се потегнат да гласаат овде , што мајка бараат да ни мешаат во политиката наша?

Ова беше пријателска сугестија за да не се брукаш вака по форумов.
Го забораваш фактот дека на некои луѓе кои живеат во дијаспората ,голем дел од фамилијата им живее овде и ги интересираат последиците кои ќе легнат на нивна сметка.Забораваш дека не можеш да ги ставиш сите во ист шаблон и забораваш дека и голем дел од македонскиот народ не се ни обидува да ги согледа реално промените и реформите , а уште помалку да влијае на нив затоа што на пример оние кои се поддржувачи на ВМРО секогаш ги оправдуваат ставовите на партијата , а истото важи и за оние од СДСМ. Факт е дека и голем дел од македонците се прават политичари , мислат дека ако се нафрлат на дијаспората,тоа ќе ни ги реши проблемите на тие што живееме тука . И немој ти да ми посочуваш дали јас се брукам или не на форум (што и не ми е гајле , затоа што политичарите секој ден се брукаат на телевизија, а многу мислат дека тоа е дел од нивната функција), засрами се ти што имаш толку ограничени сфаќања и што мислиш дека сите што живеат надвор се полни со пари.
И да , ако нечие мислење не се совпаѓа со твоето ,тогаш тоа мора да е брука, не е довлоно објективно и нема правна основа?
Епа извинете господине ,,имам право за се,,.
 
Стефус-Рефус

Jesus Loves Macedonia
Член од
30 август 2009
Мислења
3.452
Поени од реакции
1.210

.
По овааа логика 24 милиони Ирачани треба да гласаат на Амерички Избори. А богами и Македонците треба да гласаат на Американски па дури и на Грчки избори бидејќи иднината им зависи од нив...:tapp: Крајно глупа логика.
 
Член од
28 март 2006
Мислења
17.804
Поени од реакции
12.295
Се збираа пари, се праќаа лекови итн. и исто така дијаспората се организираше, барем за Европа можам тоа да го кажам, и се протестираше пред европските влади, за да се признае Македонија. Ова е само еден пример.
Лекови и пари? Ваква помош се праќа во Етиопија или Босна...во воени и кризни жаришта.
Ние тогаш не бевме у војна, аптеките и здравството...системот беше многу посаглам и пофункционираше отколку сега. Не знам кому имаат праќано и за која намена.
Конкретно ме интересираше реченицата која се провлекува и низ други медиуми -дека иселениците играле значајна улога во осамостојувањето. Ме интересираа тие конкретните активности, но во ред е и ако не си запознаен пошто е релативно одамна, а најверојатно за секојдневните проблеми и тековните маки не си запознаен.
Но и конкретните идеи -на пример со какво мислење се таму нашинците по горливи прашања (од споменици на кои постојано им се зголемува цената) преку случувањата на Калето, кои општини имаат низок развој, до начинот и потребата од прием во евроатлантските сојузи, нивото на слобода и развој на одредени сегменти (медиуми, партизација на администрацијата, корупција, судство...) и каде истите треба да се подобрат или воопшто ги нема па треба работа од корен.

Инкопетенцијата е друга работа, во австралија се млатени од грчкото лоби како мали девојчиња, во канада и сад редовно има некој кој ги подлажува и парите им ги збира во името на македонија ( колку им долг умот се гледа) а во европа повеќето што имаат државјанство се албанци, торбеши и власи .
Имам читано дека грчкото и албанското лоби во САД се најмоќни, не знам дали е точно

дури ни ти ни јас не ја знаеме состојбата во Македонија во целост,
:nenene: работата е паталец или гаталец. Ако ние овде не ја знаеме, тогаш кој? Вие отаде барата по телефон, интернет и 1-2 пати годишно? Ете...вие и ние, дивајд анд конквер...
како оди муабетот, ќе излезе дека ние овде појма немаме што ни се случува везден...аман. Париотите се вон земјата, ние сме некој бучкуруш...а споменав на почетокот дека ќе има последици...прва и основна е уште една храна за поделба и раздор...ако.

Btw, дијаспора читам дека е грчки збор за распрснатост, егзил, неубав збор. Иселеници (или нивни потомци)
 
Принцезичка

courage is contagious
Член од
12 декември 2008
Мислења
1.556
Поени од реакции
348
Го забораваш фактот дека на некои луѓе кои живеат во дијаспората ,голем дел од фамилијата им живее овде и ги интересираат последиците кои ќе легнат на нивна сметка.Забораваш дека не можеш да ги ставиш сите во ист шаблон и забораваш дека и голем дел од македонскиот народ не се ни обидува да ги согледа реално промените и реформите , а уште помалку да влијае на нив затоа што на пример оние кои се поддржувачи на ВМРО секогаш ги оправдуваат ставовите на партијата , а истото важи и за оние од СДСМ. Факт е дека и голем дел од македонците се прават политичари , мислат дека ако се нафрлат на дијаспората,тоа ќе ни ги реши проблемите на тие што живееме тука . И немој ти да ми посочуваш дали јас се брукам или не на форум (што и не ми е гајле , затоа што политичарите секој ден се брукаат на телевизија, а многу мислат дека тоа е дел од нивната функција), засрами се ти што имаш толку ограничени сфаќања и што мислиш дека сите што живеат надвор се полни со пари.
И да , ако нечие мислење не се совпаѓа со твоето ,тогаш тоа мора да е брука, не е довлоно објективно и нема правна основа?
Епа извинете господине ,,имам право за се,,.
1 Директно сносат последици, не се обидувај да релативизираш
2 Македонскиот народ согледува дека 3 пратеника од дијаспората се повеќе проблем него ли решение
3 Тие што вредат не отпишале одамна затоа се надвор и затоа не инвестираат
4 Тие што ги интересира се генерално како братот црнчат ( само со бенефиции, осигурување итн) без никаква идеа( барем реална) за тоа како би излегле од оваа ситуација кои главен приоритет е чување на името и изветеперување на историјата за се совпадне со нивниот романтичарски поглед кон минатото само за да се осетат добро во врска со себе си.

--- надополнето ---

По овааа логика 24 милиони Ирачани треба да гласаат на Амерички Избори. А богами и Македонците треба да гласаат на Американски па дури и на Грчки избори бидејќи иднината им зависи од нив...:tapp: Крајно глупа логика.
Крајно ретардирана логика Ирачаните сами си ги изгласаа репресивните режими кои донесоа санкции врз нивната држава :tapp:
А за грците не ме смеј, они ја создадоа олигархијата?! Нивните блокади ни упола не влијае врз економската состојба врз држава колку што влијаеше неспособната влада избрана и толерирана од нас самите
 
Bratot

Стоик и Машкртник!
Член од
27 јануари 2007
Мислења
17.089
Поени од реакции
4.499
Смешен си , и десет пати ти реков дека се викам Тајрон и црнец сум со 10 инчи пенис ти пак тупиш за моето потекло.

Тоа се вика детерминирање на соговорникот, во случај кога ти си земаш за право да ни се обраќаш по име, а бидејќи како Не-Македонец можеш да имаш многу ниски побуди и мотивации за да шириш блудови и да импровизираш своевиден “раздор“ меѓу Македонците.

Впрочем, оти толкава таинственост за своето потекло, однапред се осеќаш жигосан па мислиш дека си нашол ефектен начин како да си ги излечиш сопствените трауми?

И за да избегнеме “мешање“ на соговорниците пожелно е да ми реплицира членот на кој се однесува мојот пост, премногу е едноставно за имаш проблем да го практикуваш, само до толку сте притиснати од личните фрустрации што морате во парови да дискутирате и да ми одговарате на моите реплики.

Пр. Пандев педер имигрант, не игра во македонска лига, а би сакал на избори да гласа од Милано.
„Мнозинството“ од “Не-Македонци“ не му дозволува. Малце пари испраќал.
 
Принцезичка

courage is contagious
Член од
12 декември 2008
Мислења
1.556
Поени од реакции
348
Тоа се вика детерминирање на соговорникот, во случај кога ти си земаш за право да ни се обраќаш по име, а бидејќи како Не-Македонец можеш да имаш многу ниски побуди и мотивации за да шириш блудови и да импровизираш своевиден “раздор“ меѓу Македонците.

Впрочем, оти толкава таинственост за своето потекло, однапред се осеќаш жигосан па мислиш дека си нашол ефектен начин како да си ги излечиш сопствените трауми?

И за да избегнеме “мешање“ на соговорниците пожелно е да ми реплицира членот на кој се однесува мојот пост, премногу е едноставно за имаш проблем да го практикуваш, само до толку сте притиснати од личните фрустрации што морате во парови да дискутирате и да ми одговарате на моите реплики.
Лејм обид за анализа. Прво каква врска има моето етничко потекло со аргументирана дискусија, второ колку пати треба да повторам дека сум црнец се викам Тајрон и имам 10 инчен пенис!?
Второ форум ако не сакаш да ти реплицирам има едноставно решение - не пишувај на темата, ако е персонално пиши му пп, на профил, мсн, по гулаб пошта итн.
Отворено е за дискусија навикни се на тоа .

Кхм ширење раздор

Самите вие си правите се, неколку пати ти имам повторено и упорно лупаш глава од ѕид .
"The definition of insanity is doing the same thing over and over and
expecting different results. "

-Benjamin Franklin

Пр. Пандев педер имигрант, не игра во македонска лига, а би сакал на избори да гласа од Милано.
„Мнозинството“ од “Не-Македонци“ не му дозволува. Малце пари испраќал
1 не го интересира политика и случувања овде
2 има пари кога сака да дојде и замине овде за да гласа , како и сите во дијаспората
3 исто така и време
 
Стефус-Рефус

Jesus Loves Macedonia
Член од
30 август 2009
Мислења
3.452
Поени од реакции
1.210
Лекови и пари? Ваква помош се праќа во Етиопија или Босна...во воени и кризни жаришта.
Ние тогаш не бевме у војна, аптеките и здравството...системот беше многу посаглам и пофункционираше отколку сега. Не знам кому имаат праќано и за која намена.
Конкретно ме интересираше реченицата која се провлекува и низ други медиуми -дека иселениците играле значајна улога во осамостојувањето. Ме интересираа тие конкретните активности, но во ред е и ако не си запознаен пошто е релативно одамна, а најверојатно за секојдневните проблеми и тековните маки не си запознаен.
Но и конкретните идеи -на пример со какво мислење се таму нашинците по горливи прашања (од споменици на кои постојано им се зголемува цената) преку случувањата на Калето, кои општини имаат низок развој, до начинот и потребата од прием во евроатлантските сојузи, нивото на слобода и развој на одредени сегменти (медиуми, партизација на администрацијата, корупција, судство...) и каде истите треба да се подобрат или воопшто ги нема па треба работа од корен.

Имам читано дека грчкото и албанското лоби во САД се најмоќни, не знам дали е точно

:nenene: работата е паталец или гаталец. Ако ние овде не ја знаеме, тогаш кој? Вие отаде барата по телефон, интернет и 1-2 пати годишно? Ете...вие и ние, дивајд анд конквер...
како оди муабетот, ќе излезе дека ние овде појма немаме што ни се случува везден...аман. Париотите се вон земјата, ние сме некој бучкуруш...а споменав на почетокот дека ќе има последици...прва и основна е уште една храна за поделба и раздор...ако.

Btw, дијаспора читам дека е грчки збор за распрснатост, егзил, неубав збор. Иселеници (или нивни потомци)
Многу материјалистички ја гледаш работата низ призма на пари и материајлена добивка ама...ајде како сакаш. Неможе да очекува пари да ти даваат ако не им даваш да гласаат како ќе им биде гајле кога тебе за нив ти е гајле. Мора да се покаже интерес. Матичната држава треба да е таа што се интересира за нив прва а не обратно. Прашањето е што прави Македонија за дијаспорта?
 
Bratot

Стоик и Машкртник!
Член од
27 јануари 2007
Мислења
17.089
Поени од реакции
4.499
Дечки, бидејќи си ептен -Ин и ни ставаш Кул фотки, башка фраерски пишуваш, одма ќе престанам да пишувам на темава, важи, се успокои? :)

Сега можеш да се вратиш он-топик.
 
Член од
28 март 2006
Мислења
17.804
Поени од реакции
12.295
Многу материјалистички ја гледаш работата низ призма на пари и материајлена добивка ама...ајде како сакаш. Неможе да очекува пари да ти даваат ако не им даваш да гласаат како ќе им биде гајле кога тебе за нив ти е гајле. Мора да се покаже интерес. Матичната држава треба да е таа што се интересира за нив прва а не обратно. Прашањето е што прави Македонија за дијаспорта?
Споменав пари негде? Не, ме интересира нивното мислење и познавање на состојбите. Материјалистички би било ако прашувам за пари, средства. Идеалистички, ме интересира идеја.,
Да, матичната држава, нормално, но зошто досега не се интересирала него сега пред и околу избори? Постоеја агенција за иселеништво, министерство мислам исто така задолжено за нашинците. Досега немаат конкретно ништо преземено. Дали на пример на средба кај претседателот се повикани и претставници од иселениците? Нека е и по континенти...не се. Дали се советува премиерот (како со другите играчи) со нашинците во странство, макар за посериозни одлуки во смисол референдум за име, пристап и други поголеми зафати? Со прст немаат мрднато, не направија услови, а сега играат на карта платени написи низ медиумите -треба да се вклучат и иселениците. Нели е проѕирно?
Дали се повикани и во Стопанска Комора и на слични состаноци, симпозиуми каде би се говорело за економијата кај нас? Да видиме дали на државата навистина и е до своите или се е маска и товарот на евентуалното неучество на иселениците ќе го префрли врз жителите на Македонија кои "ќе негодуваат" во јавни медиуми на оваа одлука.

--- надополнето ---

И едно што ме онака тера да се подзамислам врз нашата судбина
-на кој јазик (дајбоже, да видиме да успее владава да изорганизира ама лабаво некако) ќе се испечатат ливчињата за гласање?
 
Член од
31 мај 2008
Мислења
803
Поени од реакции
33
Одсекогаш ме нервирале вакви теми во кои предмет на дискусија се нашинците во странство...и одамна сметам дека овие теми се досадни.Нема да должам многу,нема да трошам време на пишување на оваа тема,само ќе речам дека некој,а сите знаеме кој,ги сака овие гласови на нашинците,гласови втемелени на патриотска основа,што мене НИ МАЛКУ НЕ МИ СЕ ДОПАЃА...и сметам дека на оваа категорија македонски државјани НЕ ТРЕБА да им се даде право да гласаат....многумина наведоа зошто,не мора да се повторуваме.
доста ширите политичка пропаганда,прозирни сте
 
Стефус-Рефус

Jesus Loves Macedonia
Член од
30 август 2009
Мислења
3.452
Поени од реакции
1.210
Не би навлагал во дневно-политички муабето...Си има едно двајца `политичари` кој се занимаваат со овие глупости и доволно е.
Работата е што секој човек си има право на слобода на движењето ако Македонија не е конституриана на принциот на Источна Германија (ДДР) кај што имаше ѕид за да ги спречува нивните граѓани да одат од државата се е бисмислено. Секој граѓанин каде и да е би требало да може да гласа може и електороски смс, е-маил, пошта, амабасада и што ти ја знам се што нема на светов. секој и секаде ако има МК држајанство може да гласа и гласот да му вреди исто. Еднакво и исто за сите граѓани.
Демократија и Рамноправност!
 
Принцезичка

courage is contagious
Член од
12 декември 2008
Мислења
1.556
Поени од реакции
348
Демократија и Рамноправност!
Тресеш зелени никој не ги спречува да се појават овде и да гласаат , станува ова трагикомично преку меил и не знам што ти не што ја олеснува манипулацијата со гласови, доволно мртви имаме што гласаат па сега и отсутните
 
Staufer

Драган Богдановски
Член од
17 јануари 2008
Мислења
16.567
Поени од реакции
22.275
Одсекогаш ме нервирале вакви теми во кои предмет на дискусија се нашинците во странство...и одамна сметам дека овие теми се досадни.Нема да должам многу,нема да трошам време на пишување на оваа тема,само ќе речам дека некој,а сите знаеме кој,ги сака овие гласови на нашинците,гласови втемелени на патриотска основа,што мене НИ МАЛКУ НЕ МИ СЕ ДОПАЃА...и сметам дека на оваа категорија македонски државјани НЕ ТРЕБА да им се даде право да гласаат....многумина наведоа зошто,не мора да се повторуваме.
доста ширите политичка пропаганда,прозирни сте
Значи причината што си против тоа да гласаат дијаспорците е тоа, што тие би гласале за една партија за која ти не симпатизираш? Искрено овој аргумент од сите ми е некако најсмешен
 
Kajgana Shop

На врв Bottom