Амброзија, мило ми е што те гледам, барем тука...
Значи, ти си убедена во тоа дека секој Македонец, без разлика каде е, треба да гласа за иднината на Македонија. Сметаш дека, иако тој „некој“ нема апсолутно никаква допирна точка со реалноста во којашто ти живееш, сепак е компетентен да одлучува за тоа како таа треба да изгледа. Викаш, во ред е, дијаспората да ни инсталира Линукс, иако немаме ни компјутери.
Супер е тоа идеологија, алтруизам, желба за соработка, ама реалноста е онаа којашто малку знае да заебава. Тие луѓе, на коишто им се дава право да гласаат, немаат ПОИМ што се случува во Македонија, немаат ПОИМ како се живее тука и со какви проблеми ние сме оптеретени. Не се работи ниту за името, не се работи ниту за историја, ниту за јазикот, ниту за религијата, се работи за нашите гзови коишто секојдневно некој ги ебе... нашите, мојот, твојот и на македонците коишто живеат тука, во Скопје, Прилеп, Струмица. Не гзовите на братот, на некој опинок во Џрзеј или некое педерче коешто не знае ни македонски саглам во Торонтоу или Мелбрн.
Идејата е заради профит... и реков, кој тоа не го гледа е морон. Кој тоа го гледа, а не го признава, онда на здравје нека му е платичката. Нека викне да части кафенце некој ден.
Ниту една друга земја на светот којашто ја сметаме за нормална, нема да дозволи некој друг од страна да гласа за неа.
Како бре она црнчено од рекламата “Расист“ на к-15 да гласа за кој да биде претседател во Уганда? Од кај тој знае што се случува во Уганда? Или како Вандеир да гласа за парламентарни во Бразил кога десет години игра за Вардар и македонскиот систем му должи пари. Како да гласа Фуере у Ирска кога две години тука живее?
Нормално, ниту ним, ниту на нашата дијаспора никој не и го оспорува правото да дојде да гласа дома, ама кога на некого ќе му кажеш дека треба да се проака неколку илјади километри за да заокружи бројче, онда одма му доаѓа муабетот „Абе не знам ја за таму, ја овде живеам“. Бујрум, на кој му стало до толку за Македонија, ќе дојде малку тука да се ебава со царинска служба, со полиција, со диви таксисти, со патарини, со протести, со грабежи и со сите други „наши“ срања. Ако можеме ние да ги трпиме 365 дена у годината, они можат да ги потрпат 2 дена ако сакаат да учествуваат во изборот на иднина на ова посрано парче земја.
Намерно не коментирам на вакви теми,само од причина затоа што на многу луѓе да не речам им се болни теми и во Македонија да му навредиш на некој партиска определба или ,,идеологија,, е како да си заработуваш нов непријател.
Како прво не сум убедена дека секој треба да има право на глас во земјава или надвор,
за нашата иднина секој, но тоа е право што не може да му се одземе на човек што се стекнал со државјанство(да не навлегувам и тупам за државјанството,ќе забегам од темава и ќе ме избришат) или поточно Уставно е определно,или поточно тоа е еден од членовите кои спаѓаат во
основни одредби на Уставот, џабе е тука веќе да се дискутира за правото,Уставот како Устав ,иако си има забелешки за секој член (инаку скоро секој член од Уставот на овој или оној начин не се почитува доволно или барем не кореспондира со реалната состојба во која живееме),сепак како највисок правен акт не верувам дека наскоро ќе се промени,тоа е како рамка според која се детерминира една држава.
Не сум алтруист,а тешко и дека некој е во државата, па аналогно на ова е и дека ти отпаѓа и втората констатација, а за тоа што зборуваш дека немаат поим ... Извини од каде знаеш дека немаат поим што се случува овде? Мислиш дека тоа што ние слушаме секој ден на вести за политиката и и се посветуваме ,ни дава право , а уште повеќе не прави компетентни за политиката? Ти толку ли си сигурен дека ние знаеме доволно за да гласаме? Знаеш ли колку луѓе одат на избори кои
живеат во Македонија со постојано живеалиште кои воопшто не знаат кои се лицата на избирачкото ливче? Немој да ги навредуваш дека се вакви или такви тие кои се иселиле, не ги знаеш тие луѓе,не знаеш како живеат,не ги знаеш причините зошто таму живеат. А извини ама ти и во Македонија не разграничи дека има луѓе кои живеат убаво и луѓе кои живеат лошо.Како и овде и таму, да ти потенцирам не живеат сите иселеници убаво,само се трудат и тие да успеат некаде, посебно младите кои како што веќе знаеш многу малку шанси имаат реално за добро вработување.Знаеш дека имам другар кој работи рообовска работа во Америка за да му праќа пари на семејството ,затоа што татко му и мајка му се невработени овде? Знаеш дека јас работам на 2 работни места и едвај имам пари крај со крај да составам за да одам на постдипломски? Што сум јас подобра од него и зошто јас би била релевантен ,,примерок,, за да донесувам одлуки за Македонија , а тој не ?
Профитот тргни го на страна,денес се е профит и до кога ќе сфатите дека со ова зајадување меѓу самиот македонски народ ,само полошо си правиме за нас, па како некој да ја цени Македонија отстрана ,кога гледај ние се јадеме меѓу себе. Плукаме по наши сонародници наместо да соработуваме со нив, наместо да изградиме иднина во која утре ќе живеат нашите деца , наместо да си ја чукнеме главата и да сфатиме дека единствена реформа која му е потребна на овој народ е реформата во размислувањето ,подигање на свеста...
Од кога сите овде сме стручњаци за политика ? Верувај Виктор, дури ни ти ни јас не ја знаеме состојбата во Македонија во целост, верувај сите живееме во илузии и сервирани вести од медиумите и наместо тоа нас да не упати кон добивање на точни информации или барем поставување на хипотези во нашите глави,тоа создава раздор. Размисли малку, ако секој размислува како тебе ,каде ќе ни биде крајот, на што ќе се темели општеството?
Тоа што го кажа на крај воопшто нема ни да го комантирам ,само немој да бидеш толку огорчен , не е дијаспората виновна за нашиот живот овде, виновни сме ние ,знаеш кога? Секојпат кога дозволуваме секакви некомпетенти лица да ја креираат и условуваат нашата иднина , секојпат кога нема да превземеме мерки за промена на политичката сцена, секојпат кога мирно ќе прифатиме одлуки на ,,големите,, секојпат кога нема да се потрудиме да измениме нешто...