Македонците со највисока платежна моќ во регионот

THE_CHOSEN_ONE

1903-2012
Член од
13 август 2007
Мислења
3.735
Поени од реакции
1.341
На четричлено босанско семејство му требаат две просечни плати за да ја наполни потрошувачката кошничка

aaadd33333.jpg


Македонците и Словенците имаат највисока платежна моќ меѓу земјите од поранешна Југославија. Според официјалните статистики, ова се единствените земји од овој блок кои можат со просечната плата да ги обезбедат месечните потреби за храна на едно четиричлено семејство и да им остане дел од платата. Последните податоци на Заводот за статистика покажуваат дека во Македонија, просечната нето плата е околу 20500 денари, а цената на потрошувачката кошничка е околу 12000 денари. Во најлоша позиција се босанците на кои им требаат две просечни плати за една месечна потрошувачка кошничка. Босанците имаат просечна плата од 805 конвертибилни марки, а цената на просечната потрошувачка кошничка надминува 1500 марки.

Нешто подобри се Црногорците на кои им недостига 40% од платата за да ја наполнат потрошувачката кошничка.
На Србите им фали една третина од платата, а на Хрватите 20%.
Добро бе народе македонски, нормални ли се овие???

До вчера ако некој го спомнеше моето име првата асоцијација што ќе ја добиеше беше ВМРО !

Сега планирам да си го сменам името во АНТИ-ВМРО !

Никој не вика дека не работат но овие веќе ги преминаа сите граници.

Видете каде сме во светот по стапка на невработеност:


Невработеност по држави според ЦИА

181. Libya 30%

182. Equatorial Guinea 30%

183.Macedonia 33%

184.Afghanistan 35%

185.Yemen 35%

Стотици милиони евра годишно ни одат за флегматичната неефикасна админстрација.

40 милиони евра се дадоа за компјутери за неписмена средношколска багра да игра кантер и ДОТА.

Со тие пари ќе се направеше институт кој ќе работеше за создавање на технолошки иновации.
Софтвер,портабл компјутери,бела теxника,медицински апарати...
100 врвни наши инжињери ќе работеа на создавање на овие прототипови.

Прототипите ќе беа презентирани пред јавноста пред странски и домашни инвеститори,пред нашите луѓе од дијаспората, пред обичните македонски граѓани...

Не сум економист сигурно ќе се изнајде некаков модел.
Самите граѓани (кои имаат депозити во банките од фантастични 2.5 милјарди евра) ќе инвестираат во дел од овие проекти.

Ќе се формираа компании со парите на граѓаните.

Нека се направат кампањи кои ќе одат 24/7 во медиумскиот етер.

Нека се охрабруваат граѓаните да не ги чуваат парите под перница или во банка тука нека ги инвестираат во акции на извозни компании, во комании кои пласираат готови производи.

Преку курот од муабети за Ау и Шато.
Ако сакаме да излезме од летаргијава ќе мора самите тоа да го сториме.
 
мн е убаво коа ке видиш вмровец на кој му дошло преку к*р и конечно реално почнал да гледа на работите а не како што ке пласира никола на тв.. :)
 
Абе супер ни е на нас бе! Среќа што постои зимница, инаку умревме од „пренајаденост“! :tapp:

Ебате ретардираната влада и земја и се.
 
Сега имам јас грав со ребра за ручек и за 200 денари имам три килограми јаболка два килограми портокали и нешто повеќе од половина килограм лимони што значи добро е за мене отприлика.

Ама од друга страна ги имаме народните кујни и луѓето кои својата храна ја земаат од контејнери и нивниот број не се намалува туку се зголемува.
 
Ах Чоузи сопартијецу, почнаа и мене малку по малку да ме разочаруваат. Економијата ни оди надоле, треба доста реформи да се направат.

Просечна нето плата од 20 500? ? ?

Добро де овие нормални ли се од статистика? ? ?
 
мн е убаво коа ке видиш вмровец на кој му дошло преку к*р и конечно реално почнал да гледа на работите а не како што ке пласира никола на тв.. :)

Типична преродба :icon_lol:
Чим и Цитро почна да мрчи чат пат ќе се преврти светот.
 
Добро е Chosen, виде дека рекламиве што ги штанцаат не се апсолутна вистина :icon_lol:
Работава излезе, ние да сме ти живееле ТОП, само не сме свесни за тоа. Е вака некој треба статистички да не потсети. Единствениот проблем е што јас не познавам човек што зема 20 000 плата, освен ако блискиве ми кријат цифри:raz:

--- надополнето ---

Типична преродба :icon_lol:
Чим и Цитро почна да мрчи чат пат ќе се преврти светот.

У десет чекори.
 
Ај ај не се правете наудрени сега :icon_lol:

Ако просечната плата е 20,500 тогаш во вардар се фрлам утре...Има семејства каде едвај 20,000 месечно се внесуваат во куќата со 2ца вработени и пензија, има семејства каде ни толку не се внесува.Јас би рекол просечен семеен буџет може да биде над 20,000 но не премногу ама просечна плата по поеднинец нема шанси...
 
Абе што кукаат само 33% невработеност???

Тоа е само по статистика, инаку реалната бројка е околу 9%, Македонија има огромен дел сива економија, која за да не се наруши социјалниот мир ниедна влада не најде храброст тоа да го регулира.

Македонија има пари!
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom