(Демек) бесплатните хартиени кеси - никаде ги нема

Acid

Frontman
Член од
22 јануари 2005
Мислења
35.216
Поени од реакции
34.485
Темава уште одамна се думав да ја отворам, па кога дојде време и решив да направам мало истражување на Google - го најдов овој блог пост. Тука е речиси се кажано, па бидејќи ме поштеди од пишување, морам да го пренесам постот во целост:

Кога прв пат слушнав за законот за хартиени ќеси како љубител на природата си реков - одлично.
Неколку дена после први, кога ми се потрошија залихите на храна која ја имав за новогодишните празници тргнав да купувам за следните празници ("да има" -што би рекле старите), добро информирана, по новиот закон да барам хартиена ќеса.

Одам во месара Мега, одлично - имаат хартиена ќеса, но чини 1 денар, убава квалитетна. Добро, дајте една, да не го носам месото така ќе истече крвта, кој ке ја чисти од торби, башка ќе мириса...

Влегувам во Веро и барам хартиена, немале и не само што немале ми ги наплатија и пластичните и то по 1.5 ден, што е трипати повеќе од набавната на ќесата. Нејсе, земав 2, бидејќи толку имав артикли. Добро си велам не купувам повеќе тука, и онака грчка продавница па уште и за тоа да им давам пари, ем да си за загадувам околината ем нив профит...

Следно, влегувам во локално дуќанче да купам леб и барам нормално хартиена ќеса- вика имаме но тие ги наплаќаме, пластичните ги даваме бесплатно !?! Дај ми пластична - велам. Толку траеше мојата еднодневна еуфорија за екологија...

Си одам дома со 3 пластични кеси и една хартиена и си размислувам - до вчера без разлика екологија - неекологија кесите ги добивав бесплатно. Сега не само јас, туку и сите кои излегуваа од Веро (а излегуваа многу луѓе) носеа пластични ќеси, само што овој пат ги плаќаа.

Бидејќи сите закони ги копираме од некоја земја не можам и јас да ја избегнам споредбата со некоја од другите земји (то е 'In'), па се сетив на Хрватска, кои нашле начин да ги мотивираат луѓето да се грижат за природата, ама не да плаќаат за она за што досега не плаќале туку обратно, да почнат да добиваат грижејќи се за природата.
Кај нив за 4 мали пластични празни шишиња вода можеш да добиеш вредност од една мала полна. Лугето доаѓаа во откупните центри со полни коли за да им ја откупат пластичната амбалажа!

Во принцип, никој од нас нема да осиромаши за 6 денари дневно за 3 кеси, т.ш ако вака се продолжи не гледам некое 'фајде' од законот. Фајде ќе видат само трговците на кои до сега ќесите им беа трошок сега им се приход и тоа со 200-400% маржа (за големите кеси, за малите и многу повеќе, набавна на мала е 0.33, а на голема 0.5). Реално, мене ми е јасна маката на трговците кои ги наплаќаат и хартиената ќеса- за нив имаат 5-пати повисока набавна цена, за која се ветува олесување, но КОГА? Кога ќе ги преплати џебот на потрошувачот?

Јас знам дека се откажав од ентузијазмот наречен - 'Барај хартиена ќеса и заштити ја околината', заради вакви закони кои имаат убава идеја но толку бргу се носат што на крај се' некој страда - со патриотските фискални страдаа трговците (и уште страдаат), сега ние потрошувачите, и се тоа зашто сите одлуки се носат набрзина без истражување, без претходни подготовки.

Се на се, се сведува на тоа дека моментално ем ја загадуваме природата, ем уште плаќаме за тоа- сакале или не - мораме зашто скоро никаде нема хартиени ќеси.

Велат, решение се платнените торби, а кој млад човек (а посебно машкиот дел кој и практично нема каде да ја стави) ќе носи торби - ќе видиме.
-

До некаде ги разбирам малите дуќанчиња кои едвај кубурат, но како е можно во Рамстор, Веро и Тинекс никогаш да нема хартиени кеси, а дрско да ги наплаќаат пластичните? Велат, така било според закон. А, нели беа според закон задолжителни и хартиените кеси?

Ајде, еве едно јавно прашање до нив. Вие, секако, може да се вклучите во дискусијата и да споделите ваше мислење за овој закон и како него го спроведуваат најголемите ланци на маркети во Македонија. Како им одговара - така, нормално...
 
П

Паган-др

Гостин
Увек у рака го носам тоа што го имам купено. Дур не донесат хартиени, пари од мене за пластична кеса нема никад да добијат.
 
Член од
16 јули 2008
Мислења
1.858
Поени од реакции
1.034
Јас богами уназад година дена немам видено хартиена кеса.А во СП кај што пазарам наплаќаат 2 ден. за пластична кеса.Мали нема.Па така јас сакал или не им давам 4 денари.Некад ме фаќа нервоза па се товарам ко идиот со продукти само да не им платам кеса.Нели има некој број кај што може ова да се пријави?Или и овој закон како и повеќето има повеќе дупки него членови.Дај нека пише некој ако има број каде може да се пријавува ова,има миљон пати да пријавувам - мамата ајдучка.
 
Член од
6 ноември 2008
Мислења
1.115
Поени од реакции
1.372
Се ти е лоповлук ... Само начини се бараат како поише се украде -.- триПер држава :)
 

Nik20

Неверификуван член од немаштија
Член од
13 јули 2009
Мислења
5.498
Поени од реакции
6.934
финтата е што сега купуваш најлонска кеса еднаш месечно, и после цел месец ја носиш во торба или во џеп кога одиш да купуваш.
Пример за велес, ја посетувам 4 места, дуќанчето пред куќа, жито вардар дуќанот, жито маркетот и пазарче.
во дуќан е без пари ќесата ама е фушарска може да ти се скине за 10 чекора, а ако се погодила може да стои.
во жито вардар е 1 денар, ама квалитетна ќеса, од оние што држат до 5 кила, и вреди да ја платиш и да ја чуваш 1 месец.
во жито маркетот кесата е 1 денар(квалитетна), ама можеш да побараш хартиена што е бесплатна, ама нема рачки. на пазар, пазарџиите без пари ти даваат ќеса(фуш). и на крај во месара првен ти ставаат во хартиена па во кеса(квалитетна).

инаку законот е добар и се спроведува, бидејќи продажбата на најлонски кеси се намалила за повеќе од 50 проценти, читав некаде ќе најдам линк ако треба. Велес се тамаќари народот, еднаш да му земеш денар за ќеса, цел живот ќе си ја носи во џеп за да не го ебат пак денарче.
 

Acid

Frontman
Член од
22 јануари 2005
Мислења
35.216
Поени од реакции
34.485
инаку законот е добар и се спроведува, бидејќи продажбата на најлонски кеси се намалила за повеќе од 50 проценти, читав некаде ќе најдам линк ако треба. Велес се тамаќари народот, еднаш да му земеш денар за ќеса, цел живот ќе си ја носи во џеп за да не го ебат пак денарче.
Законот не треба да се спроведува половично, односно само така како што им одговара на трговците. Кога веќе наплаќаат за пластични, тогаш треба да даваат и хартиени бесплатно. Исто ти е, парите што ќе ги земат од пластичните може да ги дадат на хартиени. Ама не, они сакаат да ќарат и од пластичните кеси. А порано, пред овој закон, ги даваат и пластичните бесплатно.
 

@cool@

Η Μακεδονία δεν είναι Ελληνική
Член од
2 јуни 2007
Мислења
23.601
Поени од реакции
27.114
целта е постигната- зошто да бидат бесплатни- кога може да ни ги наплаќаат.
нели ќе ги исфрлеа од употреба пластичните ќеси??? - ма каааааааааки, они сега ги наплатуваат и секој различно- месарите по 1 денар, тинекс,рамстор, тедико по 2, веро исто така, а на пазар- ти ги даваат бесплатно- па НЕК СЕ засрамат маркетите-
не е проблемот во тие 1, 2 или 3 денари- но, зошто го манипулираат народецов?-
и убаво си напишал ниту еден не би пошол да пазарува со торбињата платнени ко оние на бабачките .... само треба да си ја чукнеме глаата дал ние или оние „горе“ :tapp:

--- надополнето ---

Увек у рака го носам тоа што го имам купено. Дур не донесат хартиени, пари од мене за пластична кеса нема никад да добијат.
ubavo im pravish bate- :smir:
tragichnoto vo seto toa e shto NIE na marketite im plakjame za da se reklamiraat- dal na kesata pishuva tinex, ramstor, vero....... (AKO NE E TAKA- zoshto site tie marketi ne ni prodavaat ednobojni kesi bez natpisite nivni????)
eeeeeeeeeeeeeeh kolku bi bilo interesno da se najde nekoj pa da pochne da proizveduva platneni torbi na koi ke pishuva ZA INAT na plastichnite kesi- :toe:
 

Nik20

Неверификуван член од немаштија
Член од
13 јули 2009
Мислења
5.498
Поени од реакции
6.934
Законот не треба да се спроведува половично, односно само така како што им одговара на трговците. Кога веќе наплаќаат за пластични, тогаш треба да даваат и хартиени бесплатно. Исто ти е, парите што ќе ги земат од пластичните може да ги дадат на хартиени. Ама не, они сакаат да ќарат и од пластичните кеси. А порано, пред овој закон, ги даваат и пластичните бесплатно.
тие ќеси им се поскапи, овака не само што штедат туку и профит прават. реално решение на проблемот се инспекции да го ропне 1000 евра по џеп, после најголем еколог ќе стане.
само кај нас има проблем, ќе видат трговците иде инспекција, и одма на протест пред влада.
 
Член од
16 јули 2008
Мислења
1.858
Поени од реакции
1.034
Има некој правник на форумов што може да не поучи како да пријавиме?Во секој случај го кршат законот,зошто дури и да смеат да наплаќаат кеси - не смеат да даваат кеси за продукти полесни од 5 кг.Они и за еден леб ти даваат голема кеса која мора да ја платиш 2 ден. иако во случајов треба да ти дадат хартиена кеса.Мислам дека бројот беше 198 пријавуваш во УЈП (ако не сум грешка) не дека ќе дојде инспекција ама мора нешто да се направи околу ова.
 
Член од
18 јануари 2009
Мислења
1.407
Поени од реакции
339
На 50 метри од мене има една продавничка и секогаш ми даваат од тие старите мали кеси без да ми наплатат. Незаконски е ама не ми е во план да ги пријавувам :)

Они и за еден леб ти даваат голема кеса која мора да ја платиш 2 ден. иако во случајов треба да ти дадат хартиена кеса.Мислам дека бројот беше 198 пријавуваш во УЈП (ако не сум грешка) не дека ќе дојде инспекција ама мора нешто да се направи околу ова.
Чек па јас не дека често купувам леб ама од што сега јадев лебот си беше во хартиена кеса. Исто алкохол (вино) земав пред некој ден во еден супермаркет и го ставија во хартиена кеса, секое шише посебно. Мислам не ми наплатија.
 
Член од
16 јули 2008
Мислења
1.858
Поени од реакции
1.034
На 50 метри од мене има една продавничка и секогаш ми даваат од тие старите мали кеси без да ми наплатат. Незаконски е ама не ми е во план да ги пријавувам :)



Чек па јас не дека често купувам леб ама од што сега јадев лебот си беше во хартиена кеса. Исто алкохол (вино) земав пред некој ден во еден супермаркет и го ставија во хартиена кеса, секое шише посебно. Мислам не ми наплатија.
Во СП (барем кај мене) има само еден вид леб кој е во хартиена кеса.Мада и тој е само до пола во кеса и истиот треба да го ставиш на седиште во кола кај што други газот го ставаат.Мислам дека кога го донесоа законот не мислеа на овакви кеси во кои порано даваа јајца,туку хартиена кеса со рачки.Уствари кој знае што мислеа.:toe:
 
Р

~~РубинРед~~

Гостин
Само се чудат како да земат повеке пари.2 денари плус секогаш треба да додавам,а што ако немам во мене ?:tapp:
 
Член од
17 март 2009
Мислења
65
Поени од реакции
34
Затоа товараш количка до врв одиш на каса и му бараш хартиена кеса. Ако нема ја оставаш количката и си одиш. Со насмевка се разбира!
 

bucio

Урбан индијанец.
Член од
8 јули 2008
Мислења
16.330
Поени од реакции
7.799
Два денари за кеса не давам без пари ми даваат кеса мене, или што вика другар ми без да тропнам сите врати ми се отворени ами ако тропнам....
 

Kajgana Shop

На врв Bottom