Наведи ги „дометите„ од Твојот ум, ама без препишување...Повели, почни.
Духовниот домет е нешто кое се темели на искуството, без него не е можно да се контемплира и свати ништо надвор од рационалното или како што би рекол ти световното! Јас имам даааалеку поголемо искуство од тебе во тој домен! Јас редовно медитирам, изведувам ритуали, инвокации и слично! Со еден збор, преку искуство го осознавам она во мене што не е дел од материјалното и рационалното. Од друга страна ти си тој што препишува и се фаќа како пијан за плот, кон она што некој го промовира како света книга, без притоа да се обиде да навлезе во тие нечиви искуства и да достигне ниво на кое ќе осознае. Да беше така ќе имаше одговор на прашањата зошто добар и праведен бог, забранува сознание за добро и зло! Да беше така ќе имаше одговор, зошто Семоќен и сезнаен бог, создава нешто за кое се кае што го создал па мора да го уништува после!
Духовното спознание или метафизичкото, не се достигнува преку слепо верување, туку преку активно практикување на се што може да те донесе до повисоко ниво, да те збогати со искуство, бидејќи само искуството е темелот на кој се гради логиката!
Мотивот за твојата вера не е ништо друго туку очајниот страв од смртта, како и можноста за вечна казна после овој живот! Како и наградата која ти ја ветува твојата религија во облик на вечен живот, кој ти неможеш ни да го сватиш како поим!
Ако не сум во право, и ако тоа не е твој мотив, ако причината за твојата верба не е во ветувањата за награда, и стравувањата од казна, тогаш јавно те повикувам да продолжиш да веруваш и да се докажуваш за својата вера, но без очекување за наградите во задгробниот живот! Ако мотивот не ти е да бидеш награден за твојата вера, јавно те повикувам да се одкажеш од рајот и вечнот - живот!
Повели, чекам!