F
Frankie Yale
Гостин
Па тоа и го реков, дека кога нема набљудувач материјата се однесува како бран, а кога има е честичка, значи секогаш само овие две однесувања. Дали ова одговара на свесност или природно и нормално (а за нас чудно) однесување? Затоа престани да го користиш како аргумент дека "Универзумот и се во врска со него е релативно па и нашето постоење и субјективизам"(твои цитати) зошто за да го искористиш double-slit experiment како аргумент на тоа тврдење мора тој да работи на поголема скала а знаеш и самиот дека не работи.Е овде си грешка! Не е точно дека однесувањето е секогаш исто! Кога нема набљудувач материјата се однесува како бран, а кога има е честичка! Самиот чин на набљудување го менува исходот и тој феномен е познат како колапс на брановата природа!
--- надополнето ---
Не се обидувам да ја пренасочам, баш е во контекст. Зошто колку што има докази за постоењето на некојси Господ толку има и за невидливиот слон со орелски крилја... Како знаеш дека твоите искуства со Господ не се всушност со невидливот слон со орелски крилја или пак flying spaghetti monster? Кои се тие докази што покажуваат дека Господ го создал светот а не невидливот слон со орелски крилја? Зошто "самото постоење на светот е доказ дека господ постои" не е доволно зошто истото може да се примени во "самото постоење на светот е доказ дека невидливиот слон со орелски крилја постои"Не ја пренасочувај темава.
На твоево поставено прашање, обиди се самиот да си одговориш, оти мене лично, прашањево ми звучи како приказната за волкот и Црвенкапа и потребата од докажување дека Црвенкапа постоела.
За да биде докажувањето сериозно и убедливо, го наведов примерот со кваркот: теориски, кваркот е онаков како што физичарите ни велат дека е. Обиди се да ми ја докажеш точноста од нивното тврдење, со тоа што ќе ги користиш твоите лични сознанија за кваркот (на пример, дали си видел кварк со твои очи и на пример, каква боја има кваркот, каков звук дава кваркот, каков мирис има кваркот и сл.), но не да ми (пре)пишуваш што некој и некаде кажал во врска со кваркот.
За возврат, можам да ги приложам моите лични и искуствени сознанија за делотворноста од мојата вера во мојот секојдневен живот.
--- надополнето ---
И ипсисимус, може ли да ги дефинираш своите убедувања, тешко ми е да дебатирам со некој за кого не знам точно какви убедувања и (не)верувања има. Ама онака убаво објасни ми, како на 5годишно дете