1. Поредокот кој постои во Вселената, а кој (поредок) е спознатлив само за разумни битија, како што е човекот. кој разумноста ја „наследува„ од својот разумен Творец.
2. „Се што е створено, има свој Творец„-Законот на здравиот разум и на природната креација.
3. Совеста-тоа е гласот Божји во сите нас.
4. Разумното одвојување на доброто од злото, на праведното од неправедното.
5. Барање на повисока смисла во своето/нашето постоење, освен грубиот материјализам и механицизам, кои сами по себе се бесмислени.
6. Искуственото сознание дека „нешто„ може да настане само од „нешто„, како и здраворазумскиот заклучок дека тоа ретроспективно барање на причината и последицата, не може да оди историски „на назад„ до недоглед., туку дека има своја причина „во почетокот„.
7. Искуствата од душите од луѓето во т.н. „клиничка смрт„.
8. Искуствата од луѓето кои се вратиле од сигурна смрт, а кои со духот го виделе духовниот Свет.
9. Неможноста од „научно„ побивање и „научно„ докажување за Божјото постоење.
10. Вродената религиозност кај родот човечки, својствен и за паганите но и за верните од сите времиња, до ден-денес.
11. Вродената идеја за Бога, забележана во истражувањата од еден од најпознатите атеисти од поново време, а тоа е многу фалениот Фројд.
Врв на сите докази, се поедините подвижници, кои се удостоиле да Го видат Бога, како што Ти ги гледаш твоите домашни.
Намерно не ги посочувам материјалните докази, оти се релативни и менливо-минливи категории, кои до сега не ни понудија трајни вистини.
Ете, Ти посочив дузина докази, кои се вградени во секого од нас, а Ти за возврат, докажи ми дека Бог не постои.