Прашања до атеистите

Статус
Затворена за нови мислења.

Ipsissimus

P.I.
Член од
23 јули 2010
Мислења
15.582
Поени од реакции
12.949
Види, тоа е природно однесување кое нема врска со свеста, наблудувањето влијае на материјата, да но дали твојата свест влијае на експериментот? Не, самото набљудување влијае со што се добива еден вид на мешање во експериментот. Не гледам каква врска тоа што честичките го менуваат своето однесување при набљудување има некаква врска со тоа што го дискутиравме претходно :toe:
Епа како ќе го објасниш влијанието? Значи неправиш ништо освен што набљудуваш! А тоа набљудување влијае на исходот! :toe: Дури има и име тоа влијание - колапс на брановата функција! Самите основоположници на квантната механика како Макс Планк и Нилс Бор посочиле на овој феномен!

--- надополнето ---

Малку неспретно се изразив но поентата ми беше дека педофилијата ќе биде институционализирана.
Ќе стане нова либерална догма.
И “научно“ ќе се докаже дека децата се сексуални битија кај кои сексуалноста е “репресирана“ и слично...веќе има конференции и симпозиуми на такви теми...
Јас не зборував за педофилија....јас прашањето го сватив: Дали би ми оговарало мое дете кога ќе порасне да биде хомосексуалец....Воопшто немислев за никаква педофилија!
 
Toecutter

Biafran Baby
Член од
12 мај 2009
Мислења
5.243
Поени од реакции
2.444

Не бе...ти рече дека ти одговара да има повеќе ѓејој пошто нели така ќе останат повеќе жени слободни и слично...
Но друго е работата а тоа е дека секуларните догми не се различни по квалитет од религиозните...
И едните и другите се зло...
 
Ipsissimus

P.I.
Член од
23 јули 2010
Мислења
15.582
Поени од реакции
12.949
Не бе...ти рече дека ти одговара да има повеќе ѓејој пошто нели така ќе останат повеќе жени слободни и слично...
Но друго е работата а тоа е дека секуларните догми не се различни по квалитет од религиозните...
И едните и другите се зло...
Зависи кој како дефинира зло! Јас негледам на кој начин е зло ако двајца мажи имаат секс! :toe:
Нивна работа, за мене уште подобро - повеќе слободни жени! :helou:
 
F

Frankie Yale

Гостин
Епа како ќе го објасниш влијанието? Значи неправиш ништо освен што набљудуваш! А тоа набљудување влијае на исходот! :toe: Дури има и име тоа влијание - колапс на брановата функција! Самите основоположници на квантната механика како Макс Планк и Нилс Бор посочиле на овој феномен!
Види вака :) Не сум експерт по квантна механика т.е имам само површно знаење за квантна механика, признавам... А тоа видеото што ми го постираше е од What the bleep шоу кое е доста критикувано за својата пристрасност, но тоа е небитно. Сега на проблемот: и набљудување е правење нешто колку и да неутрално сепак има некаков ефект колку и да е минимален а во овој случај толку и е доволно за голема промена. Честички го менуваат однесувањето кога се набљудувани? Па што, не значи дека тие тоа свесно го прават тоа само за да не ебат во мозок, природно однесување кое секогаш се повторува со што не одговара на тоа дека тие всушност имаат свест, значи исто однесување без разлика кој/што ги набљудува... once again природно однесување.

И како што реков не гледам каква врска има со тоа што го дискутиравме претходно. Експериментот не успева на поголема скала, а ти го искористи овој пример како аргумент дека нашите перцепции спрема реалноста всушност влијаат на неа. Што не е точно, како што реков претходно, работите што ти ги перцепираш не се еднакви на тие што всушност се, види пример со колата...
 
Ipsissimus

P.I.
Член од
23 јули 2010
Мислења
15.582
Поени од реакции
12.949
И како што реков не гледам каква врска има со тоа што го дискутиравме претходно. Експериментот не успева на поголема скала, а ти го искористи овој пример како аргумент дека нашите перцепции спрема реалноста всушност влијаат на неа. Што не е точно, како што реков претходно, работите што ти ги перцепираш не се еднакви на тие што всушност се, види пример со колата...
Јас имам искуства кои итекако влијаеле на реалноста, не го зборам ова напамет! Али нема врска....не се разбираме и залудно е да продолжиме со дискусијава!
 
F

Frankie Yale

Гостин
Јас имам искуства кои итекако влијаеле на реалноста, не го зборам ова напамет! Али нема врска....не се разбираме и залудно е да продолжиме со дискусијава!
Зошто да не се разбереме, јас сум разумен човек (барем за таков се сметам)... И баш би сакал да слушнам кои се тие искуства што влијаеле на реалноста зошто јас никогаш сум немал такви искуства. Сум имал искуства кои влијаеле на МОЈАТА ПЕРЦЕПЦИЈА за реалноста, но за самата реалност не баш...
 
Член од
24 октомври 2010
Мислења
2.434
Поени од реакции
244
Јас не се согласувам со тебе.
Види, имаме избор (пример) да веруваме во Господ, Алах, Буда, Јехве, да веруваме во бог, но не во религии, или да го отфлиме постоењето на надворешни сили.
Во Македонија, Македонците се под влијание на традиционалната религија - православно христијанство, додека имаме нели, и муслимани.
Јас сум родена во православно семејство, меѓутоа ТОКМУ од 13-14 година престанав да верувам во МНОГУ од нештата кои ми ги наметнуваше нели, програмираново општество. Додека моите родители се религиозни - јас сум атеист, тие се партиски неопределени, јас сум и те како определена. Значи - еве, партиите - сите вршат медиумска пресија врз населението - па пак имаме различни сфаќања - а токму тоа е перцепцијата - правилно-неправилно,добро-лошо,вистина-лага,црно-бело,круг-квадрат........ Значи не ја губиме ние перцепцијата, туку со нејзина помош го креираме нашиот карактер. А нашата перцепција, покрај тоа што си го навел, зависи од еден друг фактор, кој е ДАЛЕКУ поважен, а ти си го испуштил - нивото на интелигенција и секако - средината на живеење. Интернетот и телевизијата горе долу на сите еднакво влијаат односно имаат приближно иста количина на пресија, но вистинската различност се наоѓа во општеството, семејството и нашиот непроменлив, основен фактор - IQ.
Според повеќе стручњаци - нема да наведувам сега истражувања итн - религиозноста и покорноста на општествените стеги се својство на понеобразованите припадници на општеството - а тука влијае значи - затворениот круг на сиромаштијата, огромна пресија на традиционалните ПОГРЕШНИ сфаќања, итн... И ако личноста се роди со просечна интелигенција (нека биде 90) својот потенцијал - нема да го искористи. Значи ќе се претвори во овца - производ на туѓо влијание.
Ако, личноста со ист 90 IQ се образува, живее во модерно семејство, без традиционални пресии - погоди, перцепцијата ќе и биде поинаква за истите работи.
Првата личност веројатно ќе стапи во брак рано, околу 20 години, а втората на 29, пример. Значи - и двете прават иста работа со различна перцепција.
Затоа е сосема погрешно дека перцепцијата ја губиме. Со неа се раѓаме и со неа умираме, а меѓувремено - ја менуваме. Само човек со IQ>20 може да не перцепира. Тој со средна ментална ретардација перцепира, само драстично поинаку од тие со просечна IQ и затоа не му е дозволено сам да се грижи за себе.
Прво ти си атеист затоа што такви биле условите во кои си живеела.
Родителите иако религиозни биле испрани од комунистичкиот режим.
На тебе влијаело образованието и истите професори што живееле во комунизмот.
Да не го спомнувам Дарвин и компанија.
И да за интелигенцијата си малку во право ама ако видиш кои интелигентни луѓе
се индоктринирани од фашизмот за време на втора св. војна тогаш и не е пресуден фактор.
Кои умови биле тоа ?
Мудрост е правиот збор, а од кај потекнува ?
Е тоа неможам да ти ко кажам а и да можам да го кажам нема да го разбереш.
Станува збор за состојба а не на знаење или IQ.
 
Член од
21 август 2008
Мислења
6.500
Поени од реакции
1.321
epa ko sto na vas vlijae vremevo (vrteski) taka i na niv vlijaelo vremeto taka da toa nisto ne menuva, oni bile ateisti deka vremeto bilo takvo a i sega vie ste vakvi oti vrteskite pocnaa spored vetarot da se vrtat!
 
Член од
28 март 2006
Мислења
17.817
Поени од реакции
12.307
Малку неспретно се изразив но поентата ми беше дека педофилијата ќе биде институционализирана.
Ќе стане нова либерална догма.
И “научно“ ќе се докаже дека децата се сексуални битија кај кои сексуалноста е “репресирана“ и слично...веќе има конференции и симпозиуми на такви теми...
Неизбежна ствар, цивилизацијата иде напред...колку е тоа напредно не знам ама...нас не учат да не ги делиме луѓето на оние со природни и со неприродни склоности пааа лека полека се тоа ќе си дојде легално. Гадно ама то е реалноста (што мислам дека нема некоја врска со религија нерелигија туку со здрав разум и последици по другите "склоности, навики, желби" и "ориентации"). Лошо е што одредни (посебно природни) науки се злоупотребуваат за оваа цел наместо нивните сили да се трошат на други побитни ствари.
 
F

Frankie Yale

Гостин
За разлика од педофилијата кај хомосексуалците има согласност, неможете да споредувате педофилија и хомосексуалност. Педофилот може и да добие согласност за сексуален однос од неговата жртва но пред законот тоа не се важи зошто неговата жртва е малолетна башка што е помала од 13 години. Сакам да кажам дека хомосексуалност и педофилија не се исти, барем во очите на законот. Истото може да се каже и за некрофилијата, зоофилијата итн...
 
Член од
28 март 2006
Мислења
17.817
Поени од реакции
12.307
Кога веќе одиме вон тема, транссексуалците исто имаат своја согласност/свесни се за своето понашање...Бојан така го претставија на Пинк (дал е тоа или кросдресинг за мене е исто-разлика у поими), а дали е тоа нормално...

Но не мислам дека секој кој не верува во Више Битие оправдува вакви појави и обратно така да не би ги поврзувал атеизмот со ваквите појави.
 
Член од
24 октомври 2010
Мислења
2.434
Поени од реакции
244
1 час и 58 минути :| можеби ќе го погледнам викендов... А во меѓувреме, огледалото?
Не ми се веруе дека некој би утнал и не би го гледал тоа.
Од милијарда клипови на ју-туп овој е највредниот за мене.
Нема позначајно нешто некој аплоудирано од ова.
А за огледалото се договоривме, прво медитација.
 
Член од
19 септември 2010
Мислења
121
Поени од реакции
7
се согласувам целосно....премногу се смешни религииве...:pipi:
 
DBack

gloveless
Член од
19 декември 2007
Мислења
5.372
Поени од реакции
2.556
Прво ти си атеист затоа што такви биле условите во кои си живеела.
Родителите иако религиозни биле испрани од комунистичкиот режим.
На тебе влијаело образованието и истите професори што живееле во комунизмот.
Да не го спомнувам Дарвин и компанија.
И да за интелигенцијата си малку во право ама ако видиш кои интелигентни луѓе
се индоктринирани од фашизмот за време на втора св. војна тогаш и не е пресуден фактор.
Кои умови биле тоа ?
Мудрост е правиот збор, а од кај потекнува ?
Е тоа неможам да ти ко кажам а и да можам да го кажам нема да го разбереш.
Станува збор за состојба а не на знаење или IQ.
Се врткав са трткав на што да тргнам од постов, ама стварно е тешко. Па земав да ги читам претходните твои постови, за нишка некоја да најдам, крајот да ти го фатам, и читам, читам, тоа уште бетер, па! Везе нема едно со друго, ко 3-4 луѓе да пишуваат... ама од исто најадени.

Да те прашам нешто, друже - абе што дрога е таа што ја јадеш? Многу неконзистентно звучиш. Може треба да се прескокнуваат реченици, или што ли?!
 
Член од
24 октомври 2010
Мислења
2.434
Поени од реакции
244
Се врткав са трткав на што да тргнам од постов, ама стварно е тешко. Па земав да ги читам претходните твои постови, за нишка некоја да најдам, крајот да ти го фатам, и читам, читам, тоа уште бетер, па! Везе нема едно со друго, ко 3-4 луѓе да пишуваат... ама од исто најадени.

Да те прашам нешто, друже - абе што дрога е таа што ја јадеш? Многу неконзистентно звучиш. Може треба да се прескокнуваат реченици, или што ли?!
Или јас звучам неконзистентно или ти неможеш да укапираш некои работи.
Трето нема...е сега кое е ќе видиме на крајот, уствари едниот ќе види а другиот ќе си отиде слеп.
Кој е слеп а кој гледал крајот ќе каже.
Инаку кога сме кај конзистентноста не е лошо за поширокава јавност да наведеше некој пример преку цитати.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom