Прашања до атеистите

Статус
Затворена за нови мислења.

Атеист

Дежурен Шаман
Член од
2 февруари 2010
Мислења
7.682
Поени од реакции
4.921
Ееее абе разбуди се од сонот друже, што поскоро тоа подобро.
Би можел да ти помогнам ама ако ми дозволиш.
Помогни си прво себе си, за да станам зависник како тебе не ми треба помош
 
Член од
24 октомври 2010
Мислења
2.434
Поени од реакции
244
Во спиритуален смисол да, затруен си.
За другото ти си знаеш, не ме интересира.
Ок, ајде тогаш тебе да те слушнам.
Едно просто прашање.
Од кај доаѓаш и кај идеш ?
Очигледно од негде си дошол и си на некој пат, само кажи ми кај идеш и не слушам никого веќе.
Само тебе, гуру ќе ми бидеш. :)
 
Член од
17 февруари 2011
Мислења
775
Поени од реакции
33
...

Затоа ќе те прашам: Зошто твојот живот треба и мора да има смисла? Зошто си ти толку посебна?
Мојот живот треба да има смисла затоа што не сум животно. А зошто сум толку посебен? Па ќе се обидам едноставно да ти одговорам.
Вака: Еден човек извршува злосторство, пример убиство или обид за убиство. Фатен е од власта и однесен на суд. Судот пресудува дека е виновен и пресудата е 10 години затвор. Но доаѓа еден господин кој вели, овој човек се обиде да изврши убиство, но не го изврши. Еве јас ќе платам пари за него колку треба ослободете го. Судот донесува условна пресуда за ослободување. Овој човек после втората пресуда, со која е условно ослободен, дали е должен нешто на оној кој платил за неговото ослободување? Како резонираш?

п.с. моралот не е обврзувачки.

--- надополнето ---

Што е според тебе смисолот на животот?
Живот вечен.
 
Не греши душа :)
И животните имаат смисла во животот, иако не се свесни за тоа самите.

--- надополнето ---

Живот вечен.
Па ти веќе имаш вечен живот .
 
Член од
17 февруари 2011
Мислења
775
Поени од реакции
33
1. Немам јас никаков проблем со твојот избор. Имам проблем со концептот „Смисолот на мојот живот е вечно да бидам во рајот.“ Никој од вас теистите не успеа да објасни ништо за тој рај, за кој толку се спремате. Освен „ќе ми биди многу убаво таму“. Го сметаш овој живот за бесмислен, а наоѓаш смисол во нешто тотално тривијално. Ти се чудам - не ти се љутам, сфаќаш?

2. Мојот труд јас не го гледам како труд за себе. Јас искрено верувам дека секој од нас треба да направи малку нешто што човештвото ќе го помести мнооогу малку напред. Кога сите 6.000.000.000 луѓе би направиле по нешто малку, следната генерација ќе може уште малку повеќе. Тоа е принципот на еволуцијата - мали, ситни поместувања кои во геолошко време прават многу голема разлика.

Религијата те лаже дека нема да умреш. Сите и се' умира. Face it! Не дозволувај некој да те лаже. Голем си веќе.
За вториот дел во кој зборуваш за големината на вселената. Зошто за оваа големина научниците не зборуваа пред 2.300 години? Не сум некој кој има многу познавања од физика, астономија итн. но во 20 век, мислам, дека е откриена АНТИМАТЕРИЈА, сосема друг вид на енергија од познатата до тогаш. Има многу за истражување и осознавање. Зошто тогаш да не постои и некоја димензија која се уште не ја познаваме, која има свои законитости за кои не сонуваме?

За првиот дел во кој велиш дека:„ Имам проблем со концептот „Смисолот на мојот живот е вечно да бидам во рајот.“ Никој од вас теистите не успеа да објасни ништо за тој рај, за кој толку се спремате.“
Уште велиш дека никој од нас не успеа да објасни ништо за тој рај. Не знам на кого мислиш, и што подразбираш под поимот „рај“.

Сега јас ќе ти поставам едно најосновно прашање, можеби за многумина ќе нема смисла, но ќе ти кажам дека и најмалато дете може да го одговори, единствено што сакам од тебе е искреност.
Ти имаш родители, така? Мајка и татко. Точно е тоа зарем не? Прашањето гласи: „Колку ја сакаш твојата мајка?“
Те молам одговори искрено колку?
 
Член од
5 август 2009
Мислења
1.295
Поени од реакции
484

Низ сите твои приказни и примери не видов ниту еден одоговор од тебе ... сите пишувања завршуваат со „најосновни“ прашања ... зошто?
 
Член од
17 февруари 2011
Мислења
775
Поени од реакции
33
Низ сите твои приказни и примери не видов ниту еден одоговор од тебе ... сите пишувања завршуваат со „најосновни“ прашања ... зошто?
Имаш ник „Платон“, би требало да знаеш нешто повеќе кога го користиш овој ник.
 
Член од
5 август 2009
Мислења
1.295
Поени од реакции
484
Имам ник pLaToOn што нема никаква врска со Платон, ако веќе сакаш да направиш транскрипција би требало да биде Платун. И со ова го повторуваш тоа што го забележав, читаш, не дочитуваш, а своето немање или неискажување на став го покриваш со прашања или погрешни заклучоци од одговорите кои ти се дадени.
 
DBack

gloveless
Член од
19 декември 2007
Мислења
5.372
Поени од реакции
2.556
За вториот дел во кој зборуваш за големината на вселената. Зошто за оваа големина научниците не зборуваа пред 2.300 години? Не сум некој кој има многу познавања од физика, астономија итн. но во 20 век, мислам, дека е откриена АНТИМАТЕРИЈА, сосема друг вид на енергија од познатата до тогаш. Има многу за истражување и осознавање. Зошто тогаш да не постои и некоја димензија која се уште не ја познаваме, која има свои законитости за кои не сонуваме?

За првиот дел во кој велиш дека:„ Имам проблем со концептот „Смисолот на мојот живот е вечно да бидам во рајот.“ Никој од вас теистите не успеа да објасни ништо за тој рај, за кој толку се спремате.“
Уште велиш дека никој од нас не успеа да објасни ништо за тој рај. Не знам на кого мислиш, и што подразбираш под поимот „рај“.

Сега јас ќе ти поставам едно најосновно прашање, можеби за многумина ќе нема смисла, но ќе ти кажам дека и најмалато дете може да го одговори, единствено што сакам од тебе е искреност.
Ти имаш родители, така? Мајка и татко. Точно е тоа зарем не? Прашањето гласи: „Колку ја сакаш твојата мајка?“
Те молам одговори искрено колку?
?!?
Сосем се сложувам со првиот дел. Апсолутно. И се чудам зошто си го пишал, пошто не можу да ти најдам теистичка логока, па да ме убиеш. Ваљда ќе ми дообјасниш.

За рајот: Па нели ти викаше дека земниов живот, каков што го сфаќаат атеистите е бесмислен. Претпоставував дека ти, како теист, веруваш во вечен задгробен живот во кој наоѓаш некаков смисол. Грешам?

Прашањето: Многу ја сакам.

--- надополнето ---

Живот вечен.
Каков смисол е тоа?!?! Што кур ќе правиш со вешен живот?!?

Дали воопшто разбираш што значи „вечно“?
 
Член од
28 март 2006
Мислења
17.813
Поени од реакции
12.304
Низ сите твои приказни и примери не видов ниту еден одоговор од тебе ... сите пишувања завршуваат со „најосновни“ прашања ... зошто?
Ваљда затоа што е подфорумов за прашања кон едните...ваљда ќе треба да ја прашаш форумџиката у другиот подфорум (праш. за рисјаните)

Имаш ник „Платон“, би требало да знаеш нешто повеќе кога го користиш овој ник.
Според никовите Дибак би требало да е ограничен човек...Платун да знае само за виетнамците...ама не е баш така, затоа не полемизирам со нив :)

Инаку и мене ме интересира што е тоа вечен живот и зашто да живеам токму за него а не за други лица...за нешто друго.
Јес да поштувам црква и Бог и тоа...ама вечен живот, без оние што ги сакам, џаба. Ако сакам вечен живот за себе нели сум себичен со тоа што не мислам на другите блиски?

Или зборите за нешто друго?
 
831

רַב אושר של חוכמה
Член од
8 ноември 2009
Мислења
6.983
Поени од реакции
12.620
Според никовите Дибак би требало да е ограничен човек...Платун да знае само за виетнамците...ама не е баш така, затоа не полемизирам со нив :)
Грешно го напиша, тоа ќе дојде некако како Ди + Бек...некако како Дибек хахахах

--- надополнето ---

Инаку и мене ме интересира што е тоа вечен живот и зашто да живеам токму за него а не за други лица...за нешто друго.
Јес да поштувам црква и Бог и тоа...ама вечен живот, без оние што ги сакам, џаба. Ако сакам вечен живот за себе нели сум себичен со тоа што не мислам на другите блиски?

Или зборите за нешто друго?
Мислам дека зборуваат за вечен живот после смртта во прегратките на Бог. Најверојатно затоа што религијата им раскажува хорор приказни за вечни маки и досада после смртта и за тоа како сите се грешни т.е. цел свет е грешен и нечист итн...затоа така исплашени сакаат да избегаат во рајот газејќи ги сите останати кои ќе им застанат на патот...:)
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom