Прашања до атеистите

Статус
Затворена за нови мислења.

DBack

gloveless
Член од
19 декември 2007
Мислења
5.372
Поени од реакции
2.556
Религијата пред се учи на морал.Голем дел од текстовите во Библијата,Куранот и светите писма на останатите религии преку метафора не учат на морал и морални вредности.Сето тоа е кажано преку митовите и легендите запишани таму.Лесно може да се забележи дека тие митови и легенди се превземени и изменети од некој постари религии меѓутоа тие текстови преку метафора не учат на морал.И басните се поучни па немора да значи дека животните навистина зборуваат.
Моралот е динамички феномен. Тоа значи дека моралот се менува со времето. Нешто што е морално денес (бикини со покривна површина од вкупно 10cm квадратни и горен и долен дел заедно) пред 50 години било незамисливо. Разводот денес и разводот пред 100 години имаат сосем различна осуда од заедницата.

Библијата и Куранот продаваат многу стар морал (ужасно многу стар). Првата 4-5000 годнини стар, а втората нешто потазе, но секако прастар за денешното време и фактичкиот морал на денешницата.

Затоа и има толку „гревови“ денес.
 

Атеист

Дежурен Шаман
Член од
2 февруари 2010
Мислења
7.682
Поени од реакции
4.921
Ха-ха! А бе, ептен ме навреди...

Туку, болестите на човековата душа ги има забележано славниот Фројд и од нив нема бегање, но Фројд не им најде лек, така да прашањето, дали сум се консултирал со стручно лице, истото прашање, можам и до Тебе да го поставам.
Убаво си знаел кој ти пишал дијагноза и дека ти нема лек. Не го барај по форумиве. Помири си се со тоа.
 

MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.398
Фала и слава на Бога во Висините, оти мојата вера ми ги посочува ем болестите на човековото битие, ем го посочува и Лекот за се, вклучувајќи ја и смртта. За такво нешто, Маркс не се обиде ни да излаже.
 
Член од
4 јули 2008
Мислења
6.134
Поени од реакции
1.896
1. Поредокот кој постои во Вселената, а кој (поредок) е спознатлив само за разумни битија, како што е човекот. кој разумноста ја „наследува„ од својот разумен Творец.
2. „Се што е створено, има свој Творец„-Законот на здравиот разум и на природната креација.
3. Совеста-тоа е гласот Божји во сите нас.
4. Разумното одвојување на доброто од злото, на праведното од неправедното.
5. Барање на повисока смисла во своето/нашето постоење, освен грубиот материјализам и механицизам, кои сами по себе се бесмислени.
6. Искуственото сознание дека „нешто„ може да настане само од „нешто„, како и здраворазумскиот заклучок дека тоа ретроспективно барање на причината и последицата, не може да оди историски „на назад„ до недоглед., туку дека има своја причина „во почетокот„.
7. Искуствата од душите од луѓето во т.н. „клиничка смрт„.
8. Искуствата од луѓето кои се вратиле од сигурна смрт, а кои со духот го виделе духовниот Свет.
9. Неможноста од „научно„ побивање и „научно„ докажување за Божјото постоење.
10. Вродената религиозност кај родот човечки, својствен и за паганите но и за верните од сите времиња, до ден-денес.
11. Вродената идеја за Бога, забележана во истражувањата од еден од најпознатите атеисти од поново време, а тоа е многу фалениот Фројд.

Врв на сите докази, се поедините подвижници, кои се удостоиле да Го видат Бога, како што Ти ги гледаш твоите домашни.

Намерно не ги посочувам материјалните докази, оти се релативни и менливо-минливи категории, кои до сега не ни понудија трајни вистини.

Ете, Ти посочив дузина докази, кои се вградени во секого од нас, а Ти за возврат, докажи ми дека Бог не постои.
1.Никаков доказ воопшто не е тоа.
2.Се согласувам само што творецот не е господ туку нерегијата E=MC^2
3.Совеста доаѓа со моралот.Ако човекот живее без морал тешко да би имал совест.
4.Тоа е благодарение на моралот.
5.Тоа религијата на никој начин не го прави.Таа го затупувала човекот со векови.
6.Науката има објаснување.
7.Читај под точка 6.
8.Точка 6.
9.Неможе да докажеш дека постои нешто што не постои.
10.Тоа не е својствено.Првите облици на религијата се појавиле поради неможноста на човекот да си ги објасни природните појави.
11.10.
 

Атеист

Дежурен Шаман
Член од
2 февруари 2010
Мислења
7.682
Поени од реакции
4.921
Фала и слава на Бога во Висините, оти мојата вера ми ги посочува ем болестите на човековото битие, ем го посочува и Лекот за се, вклучувајќи ја и смртта. За такво нешто, Маркс не се обиде ни да излаже.
Кој беше тој Маркс? Некој твој нов Бог?

Ау извини заборавив Твој нов бог беше оној секташот од Адвентистичката црква Миодраг Петровиќ. Извини уште еднаш
 
Член од
4 јули 2008
Мислења
6.134
Поени од реакции
1.896
Моралот е динамички феномен. Тоа значи дека моралот се менува со времето. Нешто што е морално денес (бикини со покривна површина од вкупно 10cm квадратни и горен и долен дел заедно) пред 50 години било незамисливо. Разводот денес и разводот пред 100 години имаат сосем различна осуда од заедницата.

Библијата и Куранот продаваат многу стар морал (ужасно многу стар). Првата 4-5000 годнини стар, а втората нешто потазе, но секако прастар за денешното време и фактичкиот морал на денешницата.

Затоа и има толку „гревови“ денес.
Се менува но суштината останува иста.
 
L

Liberation

Гостин
Па ако се менува моралот и ако Верата учи на многу стар морал, што не си земиш за жена една проститутка па секој со нејзе да има секс.
Ај, ај, кажи нешто за Магдалена и што рекол Исус за неа.

А после, еден туторијал за односот господар-роб, директно од Библијата, и тоа што смее господарот да му прави, а што не на робот свој.
 
Член од
7 февруари 2011
Мислења
115
Поени од реакции
2
МОРЕ БУДАЛСКА РАБОТА, ТРПИ ТРПИ ШТО Е ПИШАНО АМА НЕ СЕ ДОТРПУВА. ТОЧНО ТАКА САМИТЕ СЕ ИДЕНТИФИКУВАВТЕ СЕБЕСИ, А ТОА Е ВИЕ АТЕИСТИТЕ СТЕ БЕЗ МОРАЛ КОЈ ВОДИ ВО ЕДНА ДЛАБОКА БЕЗДНА - А ТОА Е ПЕКОЛОТ ВО КОЈ НЕ ВЕРУВАТЕ.
 
L

Liberation

Гостин
Ама немој така со навреди сега, дај малце на ниво. Јас културно прашав: што рекол Исус кога се собрале да ја каменуваат Магдалена и што вели Библијата за господарите и робовите, книга од каде ти црпеш и продаваш морал. Ова, доколку воопшто знаеш. Ако не јас ќе ти цитирам.
 
Член од
7 февруари 2011
Мислења
115
Поени од реакции
2
Ај, ај, кажи нешто за Магдалена и што рекол Исус за неа.

А после, еден туторијал за односот господар-роб, директно од Библијата, и тоа што смее господарот да му прави, а што не на робот свој.
Абе вие поќе ја знаете Библијата од нас Верниците ама тоа што го работите нечини. Исус и рекол на Магдалена, ОДИ И ПОВЕЌЕ НЕ ГРЕШИ, и така напраела. Таа одела со многу мажи оти немала морал.
 
Член од
24 октомври 2010
Мислења
2.434
Поени од реакции
244
Абе ќе ја уништите темата луѓеееееее
 
L

Liberation

Гостин
Не НА Магдалена, туку ЗА Магдалена. Им рекол на насобраните: Нека фрли камен тој што е безгрешен.
Така да, ти немаш право да збориш за проститутките, о “безгрешнику“, бидејќи тешко дека знаеш зошто тие изгубени душички го прават тоа што го прават.
Со плукање врз нив врз основа на твојата книга, ништо добро не правиш. Тој проблем има друга, нерелигиска основа.

--- надополнето ---

Абе вие поќе ја знаете Библијата од нас Верниците...
Патот до нерелигиозноста води преку религиите, пријателе.
 
Член од
24 октомври 2010
Мислења
2.434
Поени од реакции
244
А ти малку ја уништи.... од почеток. :tapp:
Како сум ја смислил така и ја терав, мислам дека беше ок. А навреди и слични ствари секако не се пожелни.
На тоа мислев дека ќе ја уништи темата.
 

Human

Explorer
Член од
10 октомври 2009
Мислења
12.436
Поени од реакции
5.129
Како сум ја смислил така и ја терав, мислам дека беше ок. А навреди и слични ствари секако не се пожелни.
На тоа мислев дека ќе ја уништи темата.
Ако "свеста" ти беше цел, тогаш што отвори тема со наслов Прашања до атеистите? И тоа во подфорум религија.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom