Според веќе утврдениот првичен текст на законот, сите медиуми што не емитуваат програма на македонски јазик, ќе мора истата во целост да ја преведуваат на македонски. Членот предвидува, цитирам:„Давателите на медиумски услуги се должни да ги емитуваат програмите на македонски јазик и кирилично писмо, а во случај кога програмата е наменета за заедница која не е во мнозинство на јазикот на таа заедница, а истата треба да биде титлувана односно синхронизирана на македонски јазик, согласно Уставот на Република Македонија и одредбите на овој и друг закон“.
Не ми се веруе дека цитирам вест од А1 
Требаше во целост да ја постираш информацијата ,затоа што овде лежи уште една прљава игра на А1 и компанијата.
Од све прават тензија и мислам дека таа телевизија, во намерата да го оправда криминалот на Велија, секојдневно прави штети на целата држава и на сите кои живеат во неа.
Дали новиот закон за радиодифузија што го подготвува власта, освен за уредувачката независност на медиумите, крие опасност и од ново подигање на етничките тензии во земјава?
Според веќе утврдениот првичен текст на законот, сите медиуми што не емитуваат програма на македонски јазик, ќе мора истата во целост да ја преведуваат на македонски. Членот предвидува, цитирам:
„Давателите на медиумски услуги се должни да ги емитуваат програмите на македонски јазик и кирилично писмо, а во случај кога програмата е наменета за заедница која не е во мнозинство на јазикот на таа заедница, а истата треба да биде титлувана односно синхронизирана на македонски јазик, согласно Уставот на Република Македонија и одредбите на овој и друг закон“.
Од Министерството за транспорт во кое се подготвува законот, велат дека дека станува збор за иста одредба како членот 82 од постојниот Закон за радиодифизија, што, како што велат, значи дека не станува збор за нови прописи.
Притоа, во одговорот до А1 го цитираат и членот, иако е очигледно дека тој драстично се разликува од тој што сега се предлага.
„Радиодифузерите ја емитуваат програмата на македонски јазик, а во случаите кога програмата е наменета за заедница која не е во мнозинство на јазикот на таа заедница“, стои во сегашниот закон.
Претседателот на Советот за радиодифузија признава дека новото решение е тешко спроведливо. Не сака да навлегува во евентуалните политички последици, но смета дека е неизводливо од практични причини.
„Медиумите кои што сакаат да привлечат публика самите го прават тоа, но тешко е да ги натераме со законско решение тоа да го направат, бидејќи тоа е многу скап процес и во одредени моменти и невозможно тоа да се прави, бидејќи сепак имаме многу проблеми кои што одат во живо, како ќе се изведе тоа.
-Голема обврска е тоа и ми се чини дека во дело не е спроведлива и не знам дали ќе може така да остане, бидејќи во јавната расправа сигурен сум дека тие албански медиуми ќе реагираат на ваквата одредба од аспект на неможноста да се реализира напишаното“, изјави Зоран Стефановски.
А1 вчера објави дека власта со новиот закон за радиодифузија што е во подготовка, има намера да предвиди и одредби кои ќе ја загрозат уредувачката независност на медиумите.
Доколку опстане на идејата да го препише хрватскиот закон, тоа ќе значи високи парични казни за телевизиите и радијата, кои според видувањето на Советот, ќе известуваат “неизбалансирано“ и “пристрасно“ или со информациите "ќе го нарушуваат човечкото достоинство" - сите апстрактни термини кои оставаат простор за субјективно толкување.
Власта станува цензор
Законот уште не донесен, а власта веќе постапува по него. Вечерва министерството за транспорт ја прекори А1 Телевизија што информира за овој најнов предлог закон.
Во таканаречениот демант стои дека одредбите се само првично напишани и дека ќе биде предмет на јавна дебата.
„Оттука несфатлива е потребата со новинарски прилози како денешниот да се прават обиди за кревање беспредметна паника и да се дезинформира јавноста“, стои во соопштението министерството кое очигледно веќе си ја презема улогата на главен цензор на вестите.