Хуманост на дело: Кајганџии даруваат крв! [12.02.2011 - С.Д Стив Наумов - Скопје]

Дали ќе ја поддржите хуманитарната акција за дарување крв?


  • Вкупно гласачи
    692
Член од
3 март 2009
Мислења
601
Поени од реакции
178
Не е пазар тоа :) Сепак можеш да отидеш на акцијата и да видиш што како, можеш и да си ја пробаш среќата мада сигурен сум дека нема шанси да ти дозволат. Сепак, како што викаат и другите, пробај да ја промовираш што е можно повеќе акцијава, доста е и тоа да го направиш :)
Абе за промовирање, одма испратив на сите пријатели на фејсбук покана за настанот, и ставив линк кај мене на профил. Ама, би сакала да дарувам... А таму праат детална анализа на крв нели? Можам барем да одам да си ја проверам крвта?
 
Член од
14 ноември 2009
Мислења
17.323
Поени од реакции
15.576
Абе за промовирање, одма испратив на сите пријатели на фејсбук покана за настанот, и ставив линк кај мене на профил. Ама, би сакала да дарувам... А таму праат детална анализа на крв нели? Можам барем да одам да си ја проверам крвта?
Не прават таму анализа. За анализа ќе си отидеш во соодветните здравствени установи. Таму само го проверуваат квалитетот на крвта.
 

nako

No1
Член од
22 јануари 2006
Мислења
918
Поени од реакции
35
Дарувањето крв не преставува само хуманитарен акт туку и од личен здравствен акт, ти се прочитува крвта, при повреди побрзо ти заздравува раната и не ти гнои, ова е веќе испробано и проверено кај мене.
 

Acid

Frontman
Член од
22 јануари 2005
Мислења
35.208
Поени од реакции
34.446
Кајганџии од Скопје, сите што сакате да одиме заедно до Стив, може да се организираме и да се чекаме на Саем... Кај мене во кола ќе има место за уште 3-ца :)
Останатите или со коли или по 2-ца за рака со смеење натаму.. Битно да се органзиираме :)

Па, кој се пријавува да се чекаме на Саем?
 
Член од
25 мај 2007
Мислења
6.662
Поени од реакции
949
Ај некој нека ме советува, 6 дена има до акцијата а мене ме сјебуе грипов максимално, амоксиклав пием, и не се чуствуем спремно.
А срце ми плаче да дарувам... :tapp:
 

Гладиус

notusually
Член од
14 август 2008
Мислења
5.508
Поени од реакции
1.728
Кајганџии од Скопје, сите што сакате да одиме заедно до Стив, може да се организираме и да се чекаме на Саем... Кај мене во кола ќе има место за уште 3-ца :)
Останатите или со коли или по 2-ца за рака со смеење натаму.. Битно да се органзиираме :)

Па, кој се пријавува да се чекаме на Саем?
Шо ќе ти е кола од Саем до Стив па и ти па:)
 

Acid

Frontman
Член од
22 јануари 2005
Мислења
35.208
Поени од реакции
34.446
Шо ќе ти е кола од Саем до Стив па и ти па:)
Јас до Саем ќе морам со кола, па зошто не и до Стив... Ваљда нема да ја оставам на Саем, па да пешачам и натаму и на враќање... :)
 
H

HITCH

Гостин
Јас до Саем ќе морам со кола, па зошто не и до Стив... Ваљда нема да ја оставам на Саем, па да пешачам и натаму и на враќање... :)
Друже директоре, ќе се размрдаШ малку бре... Значи јас и докторов се чекаме на саем. :vozbud:
 

Acid

Frontman
Член од
22 јануари 2005
Мислења
35.208
Поени од реакции
34.446
Ме интересира, дали повикавте некој пријател или роднина што не го посетува форумов на акцијава?
 
Член од
1 ноември 2008
Мислења
7.396
Поени од реакции
1.880
Ме интересира, дали повикавте некој пријател или роднина што не го посетува форумов на акцијава?
Јас ќе гледам да присуствувам. Пратив покани на фб известив колеги и некои пријатели, во последно време се сомневам во хумноста на народот но што е до мене е да ги викнам.
 

Зајче

Бело, и тоа!
Член од
13 септември 2008
Мислења
3.439
Поени од реакции
3.945
Јас им пратив на сите од групата Крводарители на фејсбук. Некои ми вратија дека ќе учествуваат, па да се надеваме дека ќе има многу луѓе :)
 
Член од
24 ноември 2005
Мислења
3.233
Поени од реакции
391
Дарував на 20.12.2010 по 21-ви пат. Тоа ми е темпото на дарување, 2 пати во годината, еднаш во зима и еднаш во лето. Се надевам дека ќе можам да се приклучам во некоја наредна летна акција. Останатите кои ќе даруваат нека им е со среќа, а оние кои не дарувале нека даруваат зашто едноставно ќе се чувствуваат многу подобро после тоа.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom