Хуманост на дело: Кајганџии даруваат крв! [12.02.2011 - С.Д Стив Наумов - Скопје]

Дали ќе ја поддржите хуманитарната акција за дарување крв?


  • Вкупно гласачи
    692

GrouchoMarx

Мочко
Член од
26 јануари 2008
Мислења
2.907
Поени од реакции
469
Досега немам давано никогаш крв. Решив сега во сабота да давам.
Од време на време земам спреј вентолин. Дали ќе ми прават проблем иако има сигурно повеќе од месец дена откако последен пат земав? Хемоглобинот ми е супер (на 2 пати така ми кажаа во последниве 3-4 месеци).
 

Acid

Frontman
Член од
22 јануари 2005
Мислења
35.205
Поени од реакции
34.441
Досега немам давано никогаш крв. Решив сега во сабота да давам.
Од време на време земам спреј вентолин. Дали ќе ми прават проблем иако има сигурно повеќе од месец дена откако последен пат земав? Хемоглобинот ми е супер (на 2 пати така ми кажаа во последниве 3-4 месеци).
Не верувам дека ќе има проблем. Сепак, ќе има стручни лица кои ќе може да ти одговорат на лице место.
Мило ми е што акцијава зема се поголем замав. Се надевам дека ќе собереме уште повеќе единици крв и од претходната акција.
 
Член од
3 март 2009
Мислења
601
Поени од реакции
178
На факултет исто имаше крводарителска акција пред некое време, и јас се пријавив, ама ми рекоа дека не можам да давам крв ако немам барем 50кг. А јас имам 40 :)
Знаете дали е ова точно, или?
 

Tonchie

BATTERY +
Член од
15 јуни 2005
Мислења
13.479
Поени од реакции
7.947
Јас на почетокот на јуни си ја дупнав ногата на клинец, меѓутоа не примав серуми против тетанус и слични работи. Дарував крв на акцијата по повод 26ти јули и ме ставија во група за задолжителна проверка. Потоа не ми стигна никакво писмо од трансфузиологија, што значи дека мојата крв, и јас беше ОК.
Претпоставувам дека така ќе биде и во врска со тетоважата.

Татко ми цело време се сметаше себе си за здрав, и еднаш, пред три-четири години, беше да дарува крв за колега од работа. По недела-две му стигна писмо за веднаш да си го провери црниот дроб на државна болница, и таму му открија оштетување.
 
H

HITCH

Гостин
На факултет исто имаше крводарителска акција пред некое време, и јас се пријавив, ама ми рекоа дека не можам да давам крв ако немам барем 50кг. А јас имам 40 :)
Знаете дали е ова точно, или?
За да даруваш крв треба да бидеш здрава! Јас прв пат слушам за вакво нешто.
 

Tonchie

BATTERY +
Член од
15 јуни 2005
Мислења
13.479
Поени од реакции
7.947
На факултет исто имаше крводарителска акција пред некое време, и јас се пријавив, ама ми рекоа дека не можам да давам крв ако немам барем 50кг. А јас имам 40 :)
Знаете дали е ова точно, или?
Слатко мало... од трансфузиологија кога ќе видат нешто ко тебе по навика велат дека не треба да даруваш крв. Ситно си... тоа е...
 
Член од
3 март 2009
Мислења
601
Поени од реакции
178
За да даруваш крв треба да бидеш здрава! Јас прв пат слушам за вакво нешто.
Слатко мало... од трансфузиологија кога ќе видат нешто ко тебе по навика велат дека не треба да даруваш крв. Ситно си... тоа е...
Значи не можам да дарувам?
 

Very Nice Girl

Нојс
Член од
25 август 2009
Мислења
1.231
Поени од реакции
160
Ако оздравам целосно до 12ти, без сомнение ќе давам крв и така имам ретка крвна група :)
 
Член од
3 март 2009
Мислења
601
Поени од реакции
178
Ај ќе пробам... Ама според некоја моја логика, тешко дека ќе биде исто на мене и на човек од метар и девеесет да ни биде извадено исто количество крв. Али неам што да изгубам :)
 
Член од
14 ноември 2009
Мислења
17.318
Поени од реакции
15.571
На факултет исто имаше крводарителска акција пред некое време, и јас се пријавив, ама ми рекоа дека не можам да давам крв ако немам барем 50кг. А јас имам 40 :)
Знаете дали е ова точно, или?
Точно е. Со 40 кила нема шанси да ти дозволат да даруваш крв. Ми се чини кај мене на факултет еден колега го вратија со 50 и нешто кила.
Плус како што пишува и во воведниот пост, се проверува квалитетот на крвта, ако е добра тогаш може да дарувате.

Јас погоре „гласав“ дека ќе присуствувам без да проверам кога последен пат сум дарувал, сепак нема да можам бидејќи пред неполни 2 месеци сум дарувал. Штета, да беше барем 2 недели покасно ќе си ја пробав среќата кај докторите, вака останува за наредна акција.

--- надополнето ---

Ако оздравам целосно до 12ти, без сомнение ќе давам крв и така имам ретка крвна група :)
Ти не се зезај, тебе нема шанси да ти дозволат, мислам и ти дека немаш доволна килажа а и башка не ми изгледаш на девојка што може да дарува крв. :)
 
Член од
3 март 2009
Мислења
601
Поени од реакции
178
Точно е. Со 40 кила нема шанси да ти дозволат да даруваш крв. Ми се чини кај мене на факултет еден колега го вратија со 50 и нешто кила.
Плус како што пишува и во воведниот пост, се проверува квалитетот на крвта, ако е добра тогаш може да дарувате.

Јас погоре „гласав“ дека ќе присуствувам без да проверам кога последен пат сум дарувал, сепак нема да можам бидејќи пред неполни 2 месеци сум дарувал. Штета, да беше барем 2 недели покасно ќе си ја пробав среќата кај докторите, вака останува за наредна акција.
Епа, затоа. А, нема шанса да напраам бизнис, да ми извадат помалце од што треба, така? :)
 
Член од
14 ноември 2009
Мислења
17.318
Поени од реакции
15.571
Епа, затоа. А, нема шанса да напраам бизнис, да ми извадат помалце од што треба, така? :)
Не е пазар тоа :) Сепак можеш да отидеш на акцијата и да видиш што како, можеш и да си ја пробаш среќата мада сигурен сум дека нема шанси да ти дозволат. Сепак, како што викаат и другите, пробај да ја промовираш што е можно повеќе акцијава, доста е и тоа да го направиш :)
 

Very Nice Girl

Нојс
Член од
25 август 2009
Мислења
1.231
Поени од реакции
160
Точно е. Со 40 кила нема шанси да ти дозволат да даруваш крв. Ми се чини кај мене на факултет еден колега го вратија со 50 и нешто кила.
Плус како што пишува и во воведниот пост, се проверува квалитетот на крвта, ако е добра тогаш може да дарувате.

Јас погоре „гласав“ дека ќе присуствувам без да проверам кога последен пат сум дарувал, сепак нема да можам бидејќи пред неполни 2 месеци сум дарувал. Штета, да беше барем 2 недели покасно ќе си ја пробав среќата кај докторите, вака останува за наредна акција.

--- надополнето ---


Ти не се зезај, тебе нема шанси да ти дозволат, мислам и ти дека немаш доволна килажа а и башка не ми изгледаш на девојка што може да дарува крв. :)

Tи изгледа сигурно си заборавил дека јас сум very nice :) И без предрасуди ќе ве молам! И не заплашувај, машко со пеесет и нешто кила е чепкалка, па не е чудно поради килажата да биде остранет од акцијата.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom