Acid
Frontman
- Член од
- 22 јануари 2005
- Мислења
- 35.205
- Поени од реакции
- 34.441
Крводарителската акција ќе се одвива во студентскиот дом "Стив Наумов" (мапа) на 12.02.2011 (сабота) од 10:00 до 13:00 часот.
Користете ја темата околу договори за групно присуство и организација. Би ви биле благодарни доколку ја поддржите и промовирате акцијава преку вашите потписи на форумов, вашите блогови, фејсбук и твитер профили, месинџери, пријатели и тн... Што повеќе не има, толку подобро.
ИНФО:
По успешните акции за собирање на облека и трајна храна за оние на кои им е потребна и масовната крводарителска акција, форумџиите на Кајгана во соработка со Црвениот крст организираат уште една хуманитарна акција. Отворена е и анкета, со цел да ги официјализираме резултатите.
Имајте на ум дека за да станете крводарител треба:
• Да бидете здрав и да сте на возраст од 18 до 65 години.
• Пред дарувањето потребно е да пополните прашалник за дарител на крв во кој прашањата се однесуваат на Вашето здравје, прележани болести и животни навики. Неопходно е искрено да одговорите на поставените прашања, бидејќи на тој начин го штитите сопственото здравје, но и здравјето на тој што ја прима Вашата крв.
• По пополнувањето на прашалникот се пристапува кон боцкање на прст за да се земе крв и да се исконтролира нивото на хемоглобин во крвта.
• После следи разговор со лекарот, кој го разгледува прашалникот што сте го пополниле, Ви мери крвен притисок и ја слуша работата на Вашето срце. Со сето ова се проверува Вашето здравје, бидејќи крв може да даде само здрав човек. По извршениот преглед лекарот треба да даде согласност за да дарувате крв.
• Доколку е се во ред, се пристапува кон актот на дарување крв што се изведува во лежечка положба. За крводарување се користат тројни или четворни кеси, а се дарува само во едната кеса, додека во останатите две односно три се приготвуваат крвни продукти. Сетот за дарување е стерилен и за една употреба, што значи не постои начин да се заразите. Персоналот е добро обучен така што убодот од иглата нема да Ве боли ништо повеќе од убодот при земање на крв за било која анализа на крв. При дарувањето нема да ја чувствувате иглата додека Ви е во вена. Најдобро би било додека трае дарувањето да разговарате со нашиот персонал или да размислувате за нешто за Вас пријатно, а ние ќе се потрудиме да Ви биде што поудобно. По дарувањето полежете 5-10 минути. Потоа следи освежување со кафе, сок и лесен оброк.
• После дарувањето на крв можете да се вратите на вашите секојдневни обврски и работи.
Но, сепак запаметете неколку совети:
- Не треба да пушите цигара 30 минути до 2 часа после дарувањето на крв, не треба да конзумирате алкохол најмалку 8 до 12 часа, особено не ако сте гладни.
- Завојот на местото на убодот не го вадете 2 часа.
- Во наредните 8 часа да не се излагате на тежок физички напор, а некои опасни или специфични професии (рудари, градежни работници, пилоти, лица кои ракуваат со огнено оружје и слично, бараат да се воздржите од истие во текот на 48 часа. Истото се однесува и на екстремните спортови или боречки вештини.
- Доколку почувствувате мачнина, седнете или легнете, тоа е минливо и нема да имате последици.
- Пијте повеќе течности во првите 4 часа, или до крајот на денот.
- Ако во тек на наредните 3 дена се разболете, јавете се во нашата служба. Тоа сигурно не ви е последица од дарувањето но може нам да ни користи во проценката на безбедноста на продуктите кои сме ги изработиле од Вашта крв односно може да се укаже дека истата не е погодна за трансфузија .
Според законот за работни односи на Република Македонија, член 150, работникот кој доброволно дава крв има право на отсуство од работа на два последователни работни дена за секое давање крв.
Акцијата е крајно хумана. Со секое дарување, спасувате живот.
Доколку имате желба да помогнете, дадете го вашиот глас на анкетата и почестете не со вашето присуство.
Кајганџии, доколку не знаете точно каде се наоѓа Стив Наумов, постои варијанта за заедничко собирање на одредено место.
Доколку имате прашања околу акцијата или дарувањето на крв, слободно прашајте или посетете ја страната на Заводот за трансфузиологија.