Бремената притвореничка во случајот „Пајажина“ го изгуби бебето

Picasso`

Schizophrenic!
Член од
26 јануари 2007
Мислења
4.149
Поени од реакции
197
Оти нема ваква тема, а се курназат сите џоа патриоти и џоа еве Велија е не-патриот, малку да позбораме и за овакви суштествени прашања у односима са етиком и моралот нашег општества.

Имено, вака беше...

Една од жените во притворот која беше бремена го изгуби своето дете. Попладнево ургентно од притворот во Шутка била донесена на Клиниката за гинекологија, со обилно крварење како прва индикација дека нешто не е в ред со бебето.

Стануваше збор за бременост во шеста или седма недела, речиси точно толку колку што притвореничката беше во притвор.

Од Клиниката ја потврдија веста дека бебето не можело да се спаси.

Гостин во вестите е портпаролот на Клиниката, доктор Тања Гожаровска.

Што точно се случи?

- Некаде околу 15 часот беше донесена пациентка од истражниот затвор Шутка со средно обилно крварење, беше прегледана од страна на дежурниот тим, на специјалистите гинеколози, акушери кои што се дежурни и беше утврдено дека се работи за спонтан абортус во седма недела, тоа значи е рана бременост.

Кога се развива и срцевата акција?

- Така некако. Се виде дека се останати само одредени резидуални маси и дека после тоа пациентката беше примена за третманот кој што е потребен да се направи по протокол. Пациентката беше во општа добра состојба примена и со уредни витални параметри морам да нагласам, интервенцијата се заврши ја посетив пациентката и таа е во добра состојба.

Нашите информации говорат дека таа била носена секоја недела на контрола, меѓутоа последната недела имала компликации на кои што лекарите укажале дека нешто не е во ред?

- Јас како лекар не сум запознаена лично со нејзината бременост, можам да кажам она што кажав во историјата, документацијата што беше приложена, дека се направени два прегледа кај нас, еднаш е на 11.1 и последниот преглед пред овој на 24.1. За информации колку дена уназад таа крварела навистина не ги видов и не можам да ви кажам точно кога и како се почнати симптомите.

Условите сигурно имаат улога?

- Сигурна сум во тоа и тука не можам да навлегувам, тоа е нешто што ја надминува мојата професионална ингеренција, барем во овој коментар.

Лекарите неофицијално коментираат дека најчеста причина за ваков вид абортуси се психичкиот стрес, што во комбинација со притворот резултираа фатално по бебето на оваа жена.

Таа и останатите притвореници во случајот „Перо Наков“ се во притвор веќе 40 тина дена. Пред десет Кривичниот совет одби да ја пушти бремената жена од притвор, или да и го замени со домашен притвор како што бараа адвокатите.

Во притворот како што веќе информиравме освен неа има и други жени со мали деца и неколкумина хронично болни.

Во прирачниците за употребата на притворот се вели дека оваа мерка треба да се одбегнува при случаи на бременост или болест.

Останува нејасно зошто и покрај сите укажувања на експертите судиите се решија да ги применат најострите мерки кои доведоа до ваков фатален крај.


извор: http://a1.com.mk/vesti/default.aspx?VestID=133811

А некој и вака кажа некогаш:

Откако обвини дека адвокатите од случајот „Пајажина“ им се закануваат на судиите и прават списоци за нивни отстрел, претседателката на судот Лидија Неделкова одбива да каже факти и детали - кои судии добиле закани.

Истражниот судија Туфегџиќ, кој ја води истрагата за вработените од „Перо Наков“, денеска доби награда за најтранспарентен судија за односи со јавност.

Но, не беше транспарентен кога требаше да одговори дали некој адвокат му се заканувал.

„Не денеска имам работа брзам. Вчерашното соопштение сметам дека беше доволно, сега за сега. Тоа е мојата проценка. Дополнително се ќе ви кажам, вчера ви објаснив“, изјави Лидија Неделкова.

„Не го коментирам тој дел, денес ако може да разговараме за настанот, во врска со тој дел ќе се обратите кај претседателот на судот“, вели Туфегџиќ, истражен судија.

Реакцијата на Кривичниот суд дојде непосредно откако им беше продолжен притворот за уште 30 дена на вработените од „Перо Наков“.

По ова, уште еден притворски случај ја разбранува јавноста - првообвинетиот кардиолог од случајот „Метастаза“, Сашо Јосимовски, по 9 месеци поминати во Шутка и 28 дена во домашен притвор, вчера на барање на обвинителството, повторно беше вратен во Истражниот затвор.

Неговата сопруга ги праша судските органи - зошто си поигруваат со човечките судбини. И покрај препораките да се прибегнува кон алтернативните мерки, македонското судство упорно тежнее кон најрестриктивната - притворот.

„Јас лично сметам дека премногу се употребува мерката притвор или пак можеби можеме да зборуваме за случаи во кои што мерката притвор се применува престрого и предолго.

-Во некои случаи, порано беше далеку почесто, при определувањето на мерката притвор не се води сметка за конкретните причини за определување на мерката притвор.

-Имаме многу случаи на донесени решенија за определување мерка притвор во кои што недоволно се образложени секоја од причините за определување на мерката притвор, ниту пак за секој од обвинетите кога имаме случаи за повеќе обвинети“, рече Јово Вангеловски.

И додека во Истражниот затвор се бара место повеќе, а мерката притвор добива замав, министерот Маневски кој беше посочен како главен креатор на судската политика во земјава сега се прогласува за ненадлежен.

„Министерот за правда нема право, ниту може да се меша во донесувањето на конкретните судски одлуки, бидејќи тоа е надлежност на судовите“, изјави Михајло Маневски, министер за правда.

И во препораките од Брисел, но и во прирачниците чии автори се македонски судии и експерти, се препорачува домашен притвор за бремени жени и лица со влошена здравствена состојба.

Но, реалноста во судската практика е сосема поинаква.

извор: http://a1.com.mk/vesti/default.aspx?VestID=133497

За мртвото неродено дете, кој ќе одговара сега? Ајмо мишеви, везитесе, летимо..
 

Бавча

идол на младите
Член од
25 декември 2007
Мислења
11.618
Поени од реакции
10.875
Перење пари и затајување данок не е криминал, не не не...јас би ги испообесил, зошто и притвор им е малце. Мора ред и дисциплина, иначе во планина ќе се вратиме.
И секако, без жртви не бива, мора школа за идните перачи, да знаат што ги чека. Ако веќе говориме за морал и етика, тие требале да му ја мислат, сега е касно да изиграваме зналци.

Хитлер Форева!
 

Таруно

Еким
Член од
9 јуни 2010
Мислења
2.610
Поени од реакции
2.505
Срамота... и греота... нека им е на чест и нека го носат на душа детето тие што пропагираат сила и се удираат во гради како тоа се справуваат со криминалот во државава, а притоа мафијаши као оној што го убија во ресторанот во аеродром ќе ми шетаат на слобода место да се во затвор. Пу да ти ебам државата скапана... :tapp:
 

Picasso`

Schizophrenic!
Член од
26 јануари 2007
Мислења
4.149
Поени од реакции
197
Перење пари и затајување данок не е криминал, не не не...јас би ги испообесил, зошто и притвор им е малце. Мора ред и дисциплина, иначе во планина ќе се вратиме.
И секако, без жртви не бива, мора школа за идните перачи, да знаат што ги чека. Ако веќе говориме за морал и етика, тие требале да му ја мислат, сега е касно да изиграваме зналци.

Хитлер Форева!
Ами ако судот просуди дека немало затајување данок и криминал? Кој ќе го вради детето?
 
Член од
20 септември 2008
Мислења
12.727
Поени од реакции
9.837
Срамота... и греота... нека им е на чест и нека го носат на душа детето тие што пропагираат сила и се удираат во гради како тоа се справуваат со криминалот во државава, а притоа мафијаши као оној што го убија во ресторанот во аеродром ќе ми шетаат на слобода место да се во затвор. Пу да ти ебам државата скапана... :tapp:
Добро , а надвор од затвор, нели се дешава спонтан абортус..колку што знам и сум запознаен, ништо ново и спектакуларно... И полека не одма со плукање по држава и све живо и диво.. Била само 6 недели трудна..треба да се испита, дали и она уопште знаела дека е трудна.. И да се види кој е крив.. Ипак, која и да е , колку и да е крива, сепак жално што абортирала, јас сум против абортус и плански и спонтан
 

Ѓорѓески

Бивши Скај Дог
Член од
25 мај 2007
Мислења
6.661
Поени од реакции
945
Мислам дека некој отвори ваква тема но беше избришана.

Зошто мешате сега политика даноци и чуда?

Лично спрема мене ова нема никаква врска со политиката и перењето пари.
Не е прва ниту последна која ќе страда од вакви последици во нашите притвори/затвори ( за жал ).
Сочуствувам со нејзината фамилија голема загуба е тоа, главна причина е стресот.
Проблемот треба да го бараме во судството бидејќи постои закон за тоа дека треба да оди на домашен притвор кога некој е болен или бремена жена.
Во овој случај тоа е занемарено и не е прв пат туку сега има јака пропаганда против сето тоа, јасно е ко ден.
Судијата е крив доколку постојат докази на барање до истите за пуштање во домашен пртивор на оштетената жена.
 
Член од
25 јануари 2011
Мислења
2.263
Поени од реакции
5.081
Ја да сум маж и на женава има до крај да го терам случајов сите има да одговараат и Грујо и Јанкуловска, цела фамилија. Како не им е срам по толку многу укажувања можеа да ја пуштат во домашен притвор. Кој сега ќе и надомести нејзе за загубата на нејзиното дете, за претрпената психичка болка? Во таква држава живееме каде што не смееш да размислуваш по различно од оние кои се на власт, ако ги погледнеш на криво малце одма у затвор те пикаат. Браво за демократијата нека продолжат така ќе видиме до кај ке стаса Македонија.
 
Член од
24 април 2010
Мислења
6
Поени од реакции
2
druze hitler

nekoj sekogas pravi meleno meso
samo ne e seedno dali te melat ili melis
barem za nas lugeto ne e sedno
oti mozes da se najdes i vo ednata i vo drugata uloga
po bilo koja osnova

hajl
 
Член од
25 јануари 2011
Мислења
2.263
Поени од реакции
5.081
Добро , а надвор од затвор, нели се дешава спонтан абортус..колку што знам и сум запознаен, ништо ново и спектакуларно... И полека не одма со плукање по држава и све живо и диво.. Била само 6 недели трудна..треба да се испита, дали и она уопште знаела дека е трудна.. И да се види кој е крив.. Ипак, која и да е , колку и да е крива, сепак жално што абортирала, јас сум против абортус и плански и спонтан

Убаво пише таму, од стресот може да се деси спонтан абортус, ако била дома ќе мирувала а во притвор и притисокот си го прави своето.
 

Луси

extreme
Член од
17 септември 2008
Мислења
6.702
Поени од реакции
19.748
Ами ако судот просуди дека немало затајување данок и криминал? Кој ќе го вради детето?
Детето ќе го стават како колатерална штета...
Незнам што очекувате од цел овој циркус што се игра зар не се сите работи јасни, мене ми е мачно веќе и да гледам и да слушам, јбга уште тоа ми е докусурено со нив да се занимавам и да пратам дневна политика, таков народ сме ние Пикасо, или црвено или сино кај нас нема трето, очигледно во државава само такви бои на леќи за очи увезуваат...
 

Zaphod Beeblebrox

Поранешен покул Божино
Член од
7 јуни 2008
Мислења
16.676
Поени од реакции
21.232
Поентата на темава е судството и лошиот однос кон затворениците во притвор или пак сакате на политика да свртите?


Ке ја заклучам на момент и ке се консултирам со авторот па ке ви кажам, шо понатаму.

Едит: Ете ја во право. :)
 
С

Спенсер

Гостин
:pos2: Како само се приметуваат партиски определените... поготово црвените овци... како можеш да кажеш - Ако,така требаше! пари ке пере?? ете сеа без бебе си остана... па кретени сте,само тоа глеате,партија и интерес... слепци/
 

Песимист

Добро информиран оптимист
Член од
11 ноември 2008
Мислења
1.676
Поени од реакции
181
Добро , а надвор од затвор, нели се дешава спонтан абортус..колку што знам и сум запознаен, ништо ново и спектакуларно... И полека не одма со плукање по држава и све живо и диво.. Била само 6 недели трудна..треба да се испита, дали и она уопште знаела дека е трудна.. И да се види кој е крив.. Ипак, која и да е , колку и да е крива, сепак жално што абортирала, јас сум против абортус и плански и спонтан
Чек,чек како тоа ти си против спонтан????? Ок против намерен ама против спонтан не ми е јасно затоа шо тука никој ништо не може така да не гледам опција за за или против.Дали она занела дека е трудна???? Не бе, излажале ја Велија сигурно и речел точното време кога да остане трудна за сеа да направат скандал,100% е тоа.Ногу чудни прашања и ставови имаш или јас сум нешто со ограничувања (нешто има).Инаку во правилникот кој пишуваат истите судии кој го прекршуват пишува. За самохрани мајки,болни и бремени жени да се избегнува мерка притвор а они и го продужија.И да, у Штип за случајо педофилија 2ца се у домашен притвор оти биле ДЕМЕК болни у лоша здравствена состојба а само 10 дена пред апсењето си играа на макроа.Сите знаеме колку се они болни а тука беше со доказ и со документ дека е бремена.Ама не бе никој не е крив на неа детето у смоки и се падна.
 
Член од
3 ноември 2009
Мислења
1.538
Поени од реакции
747
Перење пари и затајување данок не е криминал, не не не...јас би ги испообесил, зошто и притвор им е малце. Мора ред и дисциплина, иначе во планина ќе се вратиме.
И секако, без жртви не бива, мора школа за идните перачи, да знаат што ги чека. Ако веќе говориме за морал и етика, тие требале да му ја мислат, сега е касно да изиграваме зналци.

Хитлер Форева!
Ти за лечење си. Прво луѓето не е докажано дека се криви, а и ако се криви зашто мора да се загуби невин живот. За каков морал и етика зборуваш. Мора да има одредени последици за оваа постапка, санкционирање, суспендирање и отпуштање на истражен судија, кривичен совет, итн. Битно е дека сите знаеле дека жената е трудна и згора на се и го продужиле притворот.
 
Член од
18 октомври 2010
Мислења
1.824
Поени од реакции
6.093
Незнам дали знаете дека во Уставот на РМ, уставно начело е пресумпција на невиност, што подразбира дека никој не е крив додека не се докаже спротивното. Така што стварно неможам да разберам некој да мисли дека така и требало на жената, бидејќи перела пари и неплаќала данок (што уште не е утврдено), добро што го изгубила детето, а и да се докаже дека е криминалец, ќе си има соодветни казни, и пак, и во тој случај, нелогично е некој да се радува дека имала спонтан абортус. До кај стигнавме незнам...
 

Kajgana Shop

На врв Bottom