Picasso`
Schizophrenic!
- Член од
- 26 јануари 2007
- Мислења
- 4.149
- Поени од реакции
- 197
Оти нема ваква тема, а се курназат сите џоа патриоти и џоа еве Велија е не-патриот, малку да позбораме и за овакви суштествени прашања у односима са етиком и моралот нашег општества.
Имено, вака беше...
Една од жените во притворот која беше бремена го изгуби своето дете. Попладнево ургентно од притворот во Шутка била донесена на Клиниката за гинекологија, со обилно крварење како прва индикација дека нешто не е в ред со бебето.
Стануваше збор за бременост во шеста или седма недела, речиси точно толку колку што притвореничката беше во притвор.
Од Клиниката ја потврдија веста дека бебето не можело да се спаси.
Гостин во вестите е портпаролот на Клиниката, доктор Тања Гожаровска.
Што точно се случи?
- Некаде околу 15 часот беше донесена пациентка од истражниот затвор Шутка со средно обилно крварење, беше прегледана од страна на дежурниот тим, на специјалистите гинеколози, акушери кои што се дежурни и беше утврдено дека се работи за спонтан абортус во седма недела, тоа значи е рана бременост.
Кога се развива и срцевата акција?
- Така некако. Се виде дека се останати само одредени резидуални маси и дека после тоа пациентката беше примена за третманот кој што е потребен да се направи по протокол. Пациентката беше во општа добра состојба примена и со уредни витални параметри морам да нагласам, интервенцијата се заврши ја посетив пациентката и таа е во добра состојба.
Нашите информации говорат дека таа била носена секоја недела на контрола, меѓутоа последната недела имала компликации на кои што лекарите укажале дека нешто не е во ред?
- Јас како лекар не сум запознаена лично со нејзината бременост, можам да кажам она што кажав во историјата, документацијата што беше приложена, дека се направени два прегледа кај нас, еднаш е на 11.1 и последниот преглед пред овој на 24.1. За информации колку дена уназад таа крварела навистина не ги видов и не можам да ви кажам точно кога и како се почнати симптомите.
Условите сигурно имаат улога?
- Сигурна сум во тоа и тука не можам да навлегувам, тоа е нешто што ја надминува мојата професионална ингеренција, барем во овој коментар.
Лекарите неофицијално коментираат дека најчеста причина за ваков вид абортуси се психичкиот стрес, што во комбинација со притворот резултираа фатално по бебето на оваа жена.
Таа и останатите притвореници во случајот „Перо Наков“ се во притвор веќе 40 тина дена. Пред десет Кривичниот совет одби да ја пушти бремената жена од притвор, или да и го замени со домашен притвор како што бараа адвокатите.
Во притворот како што веќе информиравме освен неа има и други жени со мали деца и неколкумина хронично болни.
Во прирачниците за употребата на притворот се вели дека оваа мерка треба да се одбегнува при случаи на бременост или болест.
Останува нејасно зошто и покрај сите укажувања на експертите судиите се решија да ги применат најострите мерки кои доведоа до ваков фатален крај.
извор: http://a1.com.mk/vesti/default.aspx?VestID=133811
А некој и вака кажа некогаш:
Откако обвини дека адвокатите од случајот „Пајажина“ им се закануваат на судиите и прават списоци за нивни отстрел, претседателката на судот Лидија Неделкова одбива да каже факти и детали - кои судии добиле закани.
Истражниот судија Туфегџиќ, кој ја води истрагата за вработените од „Перо Наков“, денеска доби награда за најтранспарентен судија за односи со јавност.
Но, не беше транспарентен кога требаше да одговори дали некој адвокат му се заканувал.
„Не денеска имам работа брзам. Вчерашното соопштение сметам дека беше доволно, сега за сега. Тоа е мојата проценка. Дополнително се ќе ви кажам, вчера ви објаснив“, изјави Лидија Неделкова.
„Не го коментирам тој дел, денес ако може да разговараме за настанот, во врска со тој дел ќе се обратите кај претседателот на судот“, вели Туфегџиќ, истражен судија.
Реакцијата на Кривичниот суд дојде непосредно откако им беше продолжен притворот за уште 30 дена на вработените од „Перо Наков“.
По ова, уште еден притворски случај ја разбранува јавноста - првообвинетиот кардиолог од случајот „Метастаза“, Сашо Јосимовски, по 9 месеци поминати во Шутка и 28 дена во домашен притвор, вчера на барање на обвинителството, повторно беше вратен во Истражниот затвор.
Неговата сопруга ги праша судските органи - зошто си поигруваат со човечките судбини. И покрај препораките да се прибегнува кон алтернативните мерки, македонското судство упорно тежнее кон најрестриктивната - притворот.
„Јас лично сметам дека премногу се употребува мерката притвор или пак можеби можеме да зборуваме за случаи во кои што мерката притвор се применува престрого и предолго.
-Во некои случаи, порано беше далеку почесто, при определувањето на мерката притвор не се води сметка за конкретните причини за определување на мерката притвор.
-Имаме многу случаи на донесени решенија за определување мерка притвор во кои што недоволно се образложени секоја од причините за определување на мерката притвор, ниту пак за секој од обвинетите кога имаме случаи за повеќе обвинети“, рече Јово Вангеловски.
И додека во Истражниот затвор се бара место повеќе, а мерката притвор добива замав, министерот Маневски кој беше посочен како главен креатор на судската политика во земјава сега се прогласува за ненадлежен.
„Министерот за правда нема право, ниту може да се меша во донесувањето на конкретните судски одлуки, бидејќи тоа е надлежност на судовите“, изјави Михајло Маневски, министер за правда.
И во препораките од Брисел, но и во прирачниците чии автори се македонски судии и експерти, се препорачува домашен притвор за бремени жени и лица со влошена здравствена состојба.
Но, реалноста во судската практика е сосема поинаква.
извор: http://a1.com.mk/vesti/default.aspx?VestID=133497
За мртвото неродено дете, кој ќе одговара сега? Ајмо мишеви, везитесе, летимо..