Режимот на Мубарак е многу јак, исто така и војската која што го има главниот збор во државата.
Моментално војската полека но сигурно сака да ги растера демонстрантите.
Војската и полицијата во Египет традиционално се мрзат и се конкуренција едни на други, сходно под маската на промени се води борба кој ќе има доминантна улога во општеството.
Самото обезбедување на Мубарак е “ремек дело’’, создадено по убиството на Анвар ел Садат. Има искуство со нив, ќе погинев за малку бидејќи сакав да го сликам Мубарак, а не знаев дека забраниле употртеба на блиц од апарат и истиот го третираат како запис од огнено оружје.
Америка го поддржува Мубарак и тоа силно: со пари, оружје и пропаганда, но затоа пак Турција е против режимот на Мубарак.
Египет е британска креација, нешто како Бугарија од страна на Русите, за да го држи едно од најважните стратешки места на земјава.
Народот е неорганизиран и протестов многу лесно може да биде изманипулиран/превземен од Муслиманското Братство и сестринските рганизации. Не е шпекулација да се каже дека дека добар дел од народните маси има екстремни исламистички погледи.
Останатите, кои не се дел од елитата, се оставени на милост и немилост -- впрочем како што нормалните се оставени само на себе насекаде.
Самиот Мубарак вели ќе си замине во септември, демонстрантите бараат да замине сега. Може да има спорадично тепање во наредниве денови ако има манипулација со масите или ако навистина му пукне на народот. Не очекувам да падне Мубарак односно неговиот режим.
Па да видиме...
Ama nadvoresnata politika na SAD pocna da se promeni, ne bi rekol deka Mubarak ima silna podrska od Zapadnite zemji..
ЕУ и САД на крстопат - за или против Мубарак?
Großansicht des Bildes mit der Bildunterschrift:
Министрите за надворешни работи на ЕУ вчера (31.01) во Брисел воздржано реагираа на немирите во Египет. Поддршка за земјата да, но без мешање во внатрешните работи. САД во меѓувреме го зголемија притисокот врз Мубарак.
Ненасилен, мирен премин кон демократијата, тоа е она што европските министри за надворешни работи го очекуваат од египетската влада. Постепено мора да се создаде клима за слободни избори, порачаа министрите од состанокот во Брисел. ЕУ се дистанцира од Хосни Мубарак: ниту збор поддршка за египетскиот претседател, долгогодишен партнер на Унијата, кој сега се бори за политичко преживување. „Европската унија нема да заземе страна за поединечни личности, туку ќе ја заземе страната на демократијата, слободата на говорот, човековите права, сето останато е работа за дијалог во самиот Египет“, порача шефот на германската дипломатија Гидо Вестервеле.
Италијанскиот министер за надворешни работи Франко Фратини, пак, резимираше: „Никогаш не треба ние да решaваме кој ќе остане, а кој ќе си замине. Тоа мора да го сторат Египќаните.“
Bildunterschrift: ЕУ и соседите
Високиот претставник на ЕУ за надворешна политика Кетрин Ештон потенцираше дека ЕУ е подготвена да му помогне на Египет и во иднина. Луксембуршкиот премиер од своја страна изрази критика, оти ЕУ во изминатиот период подзаборавила дека во арпскиот свет живеат луѓе кои бараат демократија. На слична линија е и шведскиот министер за надворешни работи Карл Билт. „Исправени сме пред многу големи предизвици: антидемократски ветер од истокот, реформско движење на југот. Мора многу посериозно да ги сфатиме нашите соседи отколку досега.“
Вашингтон го зголемува притисокот врз Мубарак
Bildunterschrift: Großansicht des Bildes mit der Bildunterschrift: Американскиот претседател Барак Обама и египетскиот претседател Хосни Мубарак (архива) Поранешниот американски амбасадор во Египет, Франк Визнер, од вчера е во Каиро во својство на специјален пратеник, за да ги потврди американските барања за демократски реформи. Портпаролот на американскиот претседател Барак Обама нагласи дека САД не може да бараат оставка на Мубарак, но во оваа преодна фаза потребни се темелни промени за нов почеток. Политиката на Египет мора да претрпи фундаментални промени, нагласи портпаролот Роберт Гибс.
Меѓутоа, на Вашингтон му е јасно: деновите на Мубарак се избројани. Американската влада исто така знае дека кој и да биде негов наследник ни од далеку нема да има таква силна позиција како египетскиот претседател во изминатите 30 години.
http://www.dw-world.de/dw/article/0,,6424303,00.html
--- надополнето ---
Zaedno so prljavite politiki na zapadnite zemji,,i licemernite Turci se bunat
Ердоган го повика египетскиот претседател Мубарак да се повлече
02/02/2011
AНКАРА, Турција -- Премиерот Реџеп Тајип Ердоган во вторникот (1-ви февруари) го повика египетскиот претседател Хосни Мубарак да го прекине своето 30-годишно владеење поради масовните протести во Каиро. „Г-дин Мубарак, сите ние ќе умреме и ќе бидеме прашани што сме оставиле зад себе“, им рече Ердоган на членовите на својата Партија на правдата и развојот (АКП). „Слушнете го викањето на народот, исклучително човечките барања. Без двоумење, задоволете ја желбата на луѓето за промена“, рече тој.
Ердоган додаде дека ја откажува посетата на Египет планирана за следната недела, но ќе ја презакаже кога ситуацијата ќе се врати во нормала. Мубарак рече во телевизискиот говор доцна во вторникот дека нема да се кандидира за уште еден мандат на изборите во септември, но инсистираше на тоа дека треба да остане на функцијата дотогаш. (Ројтерс, ФТ, Хуријет - 01/02/11)
http://www.setimes.com/cocoon/setimes/xhtml/mk/features/setimes/newsbriefs/2011/02/02/nb-02