Иднината на Египет

  • Креатор на темата Креатор на темата Misirkov
  • Време на започнување Време на започнување

Дали Хосни Мубарак ќе падне од власт?

  • Вкупно гласачи
    56
Член од
17 март 2005
Мислења
11.493
Поени од реакции
1.593
Режимот на Мубарак е многу јак, исто така и војската која што го има главниот збор во државата.

Моментално војската полека но сигурно сака да ги растера демонстрантите.

Војската и полицијата во Египет традиционално се мрзат и се конкуренција едни на други, сходно под маската на промени се води борба кој ќе има доминантна улога во општеството.

Самото обезбедување на Мубарак е “ремек дело’’, создадено по убиството на Анвар ел Садат. Имам искуство со нив, ќе погинев за малку бидејќи сакав да го сликам Мубарак, а не знаев дека забраниле употртеба на блиц од апарат и истиот го третираат како запис од огнено оружје.

Америка го поддржува Мубарак и тоа силно: со пари, оружје и пропаганда, но затоа пак Турција е против режимот на Мубарак.

Египет е британска креација, нешто како Бугарија од страна на Русите, за да го држи едно од најважните стратешки места на земјава.

Народот е неорганизиран и протестов многу лесно може да биде изманипулиран/превземен од Муслиманското Братство и сестринските рганизации. Не е шпекулација да се каже дека дека добар дел од народните маси има екстремни исламистички погледи.

Останатите, кои не се дел од елитата, се оставени на милост и немилост -- впрочем како што нормалните се оставени само на себе насекаде.

Самиот Мубарак вели ќе си замине во септември, демонстрантите бараат да замине сега. Може да има спорадично тепање во наредниве денови ако има манипулација со масите или ако навистина му пукне на народот. Не очекувам да падне Мубарак односно неговиот режим.

Па да видиме...
 
Режимот на Мубарак е многу јак, исто така и војската која што го има главниот збор во државата.

Моментално војската полека но сигурно сака да ги растера демонстрантите.

Војската и полицијата во Египет традиционално се мрзат и се конкуренција едни на други, сходно под маската на промени се води борба кој ќе има доминантна улога во општеството.

Самото обезбедување на Мубарак е “ремек дело’’, создадено по убиството на Анвар ел Садат. Има искуство со нив, ќе погинев за малку бидејќи сакав да го сликам Мубарак, а не знаев дека забраниле употртеба на блиц од апарат и истиот го третираат како запис од огнено оружје.

Америка го поддржува Мубарак и тоа силно: со пари, оружје и пропаганда, но затоа пак Турција е против режимот на Мубарак.

Египет е британска креација, нешто како Бугарија од страна на Русите, за да го држи едно од најважните стратешки места на земјава.

Народот е неорганизиран и протестов многу лесно може да биде изманипулиран/превземен од Муслиманското Братство и сестринските рганизации. Не е шпекулација да се каже дека дека добар дел од народните маси има екстремни исламистички погледи.

Останатите, кои не се дел од елитата, се оставени на милост и немилост -- впрочем како што нормалните се оставени само на себе насекаде.

Самиот Мубарак вели ќе си замине во септември, демонстрантите бараат да замине сега. Може да има спорадично тепање во наредниве денови ако има манипулација со масите или ако навистина му пукне на народот. Не очекувам да падне Мубарак односно неговиот режим.

Па да видиме...

Ова ти си сакал да го сликаш?
 
Гласав: Да, ќе го симнат демонстрантите

Иако ми делува дека со сите сили од сите страни ќе се обидат да го задушат ова востание поради импликациите врз целиот регион. Шансите се 50:50. Ако го почекаат мубарак да си замине во септември ќе му дадат доволно време да си спреми и влада и претседател кој ќе служи и на него и на луѓето на кои им служеше он . Ако победат еѓипјаните buckle up there will be shitstorm commin'
 
И јас така мислам дека ке си најде свој човек за да биде претседател и пак за него да служи..
 
Што и да направат, САД таму пак ќе имаат свој пион. Барем во наредните неколку години.
А така е многу подобро, бидејќи во спротивно, на власт доаѓаат религиозните фанатици.

А да, јас мислам дека нема да го соборат од власт Мубарак. Се случи тоа.... и отиде јабана цел арапски свет.
 
Не е јасно (барем на мене), како тоа САД да не предвиди вакво нешто, оти им е од стратешко значење. Или пак Мосад, па навреме да ги информира. Се на се многу матно и нејасно е се што се случува таму, а и што ќе се случува.
 
Проблемот со вакви протести е што се “органски“ под органски се подразбира нема одредена група која ги води, кога се групи редовно имаат инфилтрирано барем еден агент . И органските протести се како гром од ведро небо не знаеш кога ќе дојдат и кога ќе заминат
 
Најверојатно имаат резервна карта. Ќе постават друг пион.
Освен.... ако не се работи за интересите на други земји (Русија, Кина..)
 
кој се разбира повеке нека каже....имам некое чувство дека и тука кинезите имат некоја улога исто како и во многу афрички земји....каде со своите пари се позастапени од било кога...има и некое нивно масло......така ми мириса иако ништо немам сретнато за тоа некаде на форум, барем за египет додека за други земји да, пример е закупувањето на енкои нафтени полиња во нигерија и судан.....а имам разбрано и во други земји се мешале, па дури и пристаништа откупувале за огромни пари.......
 
Проблемот со вакви протести е што се “органски“ под органски се подразбира нема одредена група која ги води, кога се групи редовно имаат инфилтрирано барем еден агент . И органските протести се како гром од ведро небо не знаеш кога ќе дојдат и кога ќе заминат

Тоа е се во ред, меѓутоа веројатно ЦИА и Мосад т.е. нивните агенти на терен, сега полагаат рапорт пред претпоставените. Мислам дека имаа време да намирисаат, ако не, тешко на тие служби посебно на Мосад оти му се игра пред двор.

--- надополнето ---

Најверојатно имаат резервна карта. Ќе постават друг пион.
Освен.... ако не се работи за интересите на други земји (Русија, Кина..)
Веројатно имаат или пак кројат, ама ако се работи за пропуст, тогаш останатите инетерсенти за овие случувања можат само да се радуваат на ваквата инертност на САД и Израел, Русите можеби имаат желба за одмазда од губењето на нивниот Анвар Ел Садат.
 
Тоа е се во ред, меѓутоа веројатно ЦИА и Мосад т.е. нивните агенти на терен, сега полагаат рапорт пред претпоставените. Мислам дека имаа време да намирисаат, ако не, тешко на тие служби посебно на Мосад оти му се игра пред двор.

Види лошиот дел кај вакви режими е што населението е свесно и знае дека е репресирано, голема е веројатноста да гневот бил со години збиран ( мисирков веројатно ќе каже за тоа) и чекал катализатор да експлодира . Тука е проблемот не можеш да предвидиш кога народот го мрзи претседателот долго време кога сетоа тоа ќе експлодира.

Иако беше предвидливо донекаде дека поради цените на храната ќе има немири ама никој не очекуваше граѓански војни и револуции со оглед дека 2008 пројде прилично лесно споредба со сега. Друга причина е тоа што парите на американците веројатно не достигаат веќе за сите потреби исто како што се случуваше со СССР еден по еден паѓаа марионетските режими поставени од русија .
 
Aко дојдат на власт исламските екстремисти, тешко на светот, лом ќе стани наоколу, ќе почнат да плукаат се шо не е арапско и муслиманско, е дури тогаш ќе треба да си ја зачешаме и ние главата малце овдека:)
 
Види лошиот дел кај вакви режими е што населението е свесно и знае дека е репресирано, голема е веројатноста да гневот бил со години збиран ( мисирков веројатно ќе каже за тоа) и чекал катализатор да експлодира . Тука е проблемот не можеш да предвидиш кога народот го мрзи претседателот долго време кога сетоа тоа ќе експлодира.

Иако беше предвидливо донекаде дека поради цените на храната ќе има немири ама никој не очекуваше граѓански војни и револуции со оглед дека 2008 пројде прилично лесно споредба со сега. Друга причина е тоа што парите на американците веројатно не достигаат веќе за сите потреби исто како што се случуваше со СССР еден по еден паѓаа марионетските режими поставени од русија .

Да, да не спорам за оправданоста и непредвидливоста, меѓутоа сакав повеќе да акцентирам за немањето никаква оправданост за службите на САД и Израел. Ним таквите оправдувања не им држат вода, сепак се работи за стратешки интерес на супер сила, која претендира на контрола на овој дел од светот, а и за една, ако не и најдобра служба за разузнавање Мосад. Причина плус е што САД не се Русија (СССР) во деведесетите, тотално колабиран, па и немаше време на што да мисли. Тамошниот домино ефект може да се оправда, оти и самата Русија беше дел од тоа. Овде се работи за набљудување на тацна. Мислам дека се опуштија.
 
Во тајните служби мислам дека имаше некаков репорт за трендови, американската војска баша летоска правеше вежби за средување немири поврзани со храна на нивна почва. Проблемот е што не можат прецизно како што напоменав пред малце да предвидат вакви настани точно . Значи да речат тука и тука ќе им немири тогаш и тогаш. Они се во очекување во регионот да има немири ама не точно кога и како. Веројатно знаеле дека регионот е ризичен.

Друга работа вакви диктатори за да се одржат треба пари, многу пари. Пари за полиција, пари за социјални бомбончиња за народот да биде задоволен е кога оној што го финансира е пред банкрот сметај дека и режимот ќе си замине .
Сад ги држи и Израелскиот режим на нозе со 3 милијарди годишно.
САД не е русија во 90 тите туку русија во 80 тите. Води војна во истата земја авганистан , летоска го имаше својот “Чернобил“ настан ( нафтата во голфот) и огромни долгови како СССР
 
Моментот е за шпекулации и анализи, сепак ќе видиме во периодот што претстои.
 
Back
На врв Bottom