Фала ти што за мене ќе употребуваш специјални методи (кои можеби се надвор од форумските правила, но тоа не ми пречи, do your best).
Тоа е опција која секогаш
може да влезе во игра , во краен случај.
Но не мислев на тоа. Во муабетов, сеуште далеку сме од таму.
Кога реков
потребно е јавно да покажеме поголема воља за фер односи, но и поцврста решеност во дефанзивата., мислев на нашите ставови кон: Албанците и проблемот со нив.
Ти веројатно мислиш на болдираното и вулгарно го упростуваш, како да праам муабет со оној погоре што тргнал да ги лови у Угостителско.
Едно од нештата кои влегуваат во болдот е да им покажеме на нив дека не се сложуваме со состојбата. Да се знае јавно, дека состојбата е лоша за нас и дека нема да се помириме со тоа.
Сега не е така: на пример, групи Албанци напаѓаат Македонци, на школо, во автобус, после натпревар... Не ме смејте само со изјави од типот, и Македонците напаѓаат, затоа што ќе излезам со милион примери за првото, а вие ќе треба да излезете со милион фотокопии на еден или два примери, за да ми парирате. Кога ќе се земе во предвид и фактот за процентуална застапеност на едните и другите во државава, ќе мора да се сложиме дека процентот на Албанци кои организирано напаѓаат Македонци е далеку поголем, од обратниот. На пример (карикирам, за да го прикажам соодносот) ако 0,1% од Албанците напаѓаат Македонци, тогаш 0,005% е на другата страна. Истото важи и во број на вакви инциденти во даден временски период.
Влегуваат во автобус и ги кршат од ќутек. Влегуваат во школо и тепаат се живо. Ги чекаат после часови и масовно ги бркаат и тепаат по улици (Струга)...
Тоа се
напади.
Иако на сите ни е јасно дека тоа се напади, сепак некои од нас излегуваат со изрази од типот
тепачка 
pos2

или пак на друг начин се обидуваат да го стават под тепих, минимизираат случајот. Знам многу примери и начини со кои е направено тоа, но не ги разбирам баш, побудите. Безрбетништво? Пари?
или можеби едноставно е покомфорно да си се лажеш себе си дека станува збор за единствен случај, изолиран инцидент, борба за девојка

pos2

, нешто што нема да се деси пак и така натаму. Верувале или не, има и примери, каде што флагрантно се преувеличува и пумпа настанот каде што некој Албанец го извлекол подебелиот крај, а повторно се минимизара обратниот настан. Иако
првово се случува еднаш на секои сто
втори (не мислам буквално).
Дали е тоа така, затоа што некој сака да има рамнотежа, односно да направи да личи дека има рамнотежа - не знам.
Но знам дека ако сакаме да им покажеме дека не се сложуваме со состојбата, ваквиот вчудоневидувачки пристап кон нападите, од страна на самите нас, не е прифатлив. Самодеструктивната необјективност ми е мистерија.
Во тој правец ќе мораме да изградиме заеднички став. Ако ви личи дека ова се случува флагрантно и континуирано, организирано и со голема фреквенција, тогаш така однесувајте се кон настаните, ако мислиме дека се е во ред и сите тие напади се всушност тепачки и дека се случуваат одприлика подеднакво во двете насоки, тогаш нема гајле, продолжуваме и понатаму вака.