Вештерки, Wicca

Fantom

Chikara
Член од
4 јуни 2006
Мислења
11.453
Поени од реакции
812
Абе иам една баба во маало шо ме колне коа ќе поминам, и со жешка вода ме прска, ама далеку е од вештерка, едноставно е злобна.

Вештерките се само измислица од 15-16 век, за време на тн. „Лов на вештерки“, во очајна потрага по слава на бароните.
 
Narkos

...::enter my mind::...
Член од
12 април 2007
Мислења
677
Поени од реакции
5
вештерки јас ги нарекувам злите баби шо прават магии на соседите обично, а ги има многу...
а такви чуда, како шо се летање на метла, или ху баба ху абракадабра и БУМ!.....едноставно....детска фантазија....
 
MarinkaUSA

~I like myself the way I am~
Член од
7 февруари 2008
Мислења
180
Поени од реакции
3
Abe se zaebavavme so bracedami ko mali deka baba mi e vesterka... taka ja zavikavme vo nasata interna komunikacija:pos2: .
Tuka zapoznav edna amerikanka sto "trenira vesterstvo" pa ke vidime dali ke ja bide....t.e. ne navlegvam mnogu vo "nejzinata dejnost" zosto ne znam kolku ja biva:vozbud:
 
Fabullous_178

Psychonautics:.
Член од
21 февруари 2007
Мислења
2.987
Поени од реакции
190
Шознам,за мене вештерки се жени шо користеле разни видови растенија(непознати за обичниот човек),за изменување/подобрување на нивниот организам и свест.Не глеам никаква магија во тоа.
Мислам дека инквизицијата видела тие со нивните рецепти можат да ги освестат испраните мозоците на простиот народ,и затоа ги сметале за толкава опасност.Следува-Witchhunt!!!
п.с Истото им се случувало и на научниците од тоа време,иако не се занимавале со демонски обреди,туку со наука...гледате тука некаква поврзаност?
 
U

UnholY

Гостин

Пеер, па науката ја побива религијата, а твоето мислење за вештерките кое тврди дека они со нивните рецепти можат да ги освестат простите народни маси,односно нивните мозоци мислам дека поврзаноста е очигледна...
Двете работи ја занемаруваат религијата, обидувајќи се да му ја докажат на народот вистината преку научните сознанија и како шо рече преку тие вештерските рецепти кои се користат за освестување на народот....
Па,ете зошто инквизицијата спровела такви казни против овие две работи...
 
С

Сатори

Гостин
~*~

Инквизицијата, злато, е само параван за да може да се скроти слободоумниот дух на жените и мажите, апсолутно ништо повеќе не се крие зад тоа.Луѓето кои што навистина се занимаваат со повисока свест, волшебната врска помеѓу човекот и вселената, проникнувањето во натсетилните видувања, духовното просветлување, мистичниот транс и сите останати вештини со кои што навистина би можело да се занимаваат вештиците, останува скриено за време на ловот.
Освен тоа, зарем би дозволила Светата Мајка Црква луѓето да разберат дека Бог не се крие по Црквите и делењето пари на свештените лица кои што се наводно во негова служба.
 
Член од
31 јули 2006
Мислења
2.537
Поени од реакции
700
Денеска, благодарејќи на Инквизицијата, имаме страшен имиџ за вештерките.

Напротив, тие од времето кога жената по прв пат открила какво влијание имаат некои билки се излечителки, бабици и чувари на космичките тајни.

Познавам една женичка што припаѓа на еден клан. Не ја прашувам многу, но очигледно е дека е многу паметна. Едино што знам е дека ми потврдува тоа што имам читано - дека се почитува природата, дека имаат ритуали што инволвираат и Божица и Бог. Фасцинирачки, ако ме прашате мене.
 
BliND

Raptus regaliter...
Член од
16 јануари 2006
Мислења
3.963
Поени од реакции
361
Што сте запнале сите за вештерките ко да се лоши суштества ???
Вештерството (Witchraft) е всушност религија , и денес модерната верзија од религијата се нарекува Wican.. Незнам како да го преведам на Македонски Wican, но тоа е религија во која тие ги обожуваат Богот и Божицата, и сите составни елементи на живиот свет : Земја , Вода , Воздух , Оган ... Нивната религија ги приложува на различни обичаи како што се палење оган на третата полна месечина , што е слично како кај нас Бадник ... Нивниот заштитен знак е петокрака звезда во круг.. Но не наопаку како кај Таканаречените САТАНИСТИ, туку со врвот нагоре.

Не сваќам зашто да не постојат вештери/ки ... Нивната темна облека ги прави лоши?? Или пак петокраката звезда која ја поврзуваат со сатанизам??? .... Па ако видите нивната звезда е исто што и христијанскиот крст , а темна облека... Размислете што носат нашите попови :toe:
 
Вештиците сами по себе се прилично диференцирани како од општеството, така и меѓусебе.Има рангови, различни магии, различни божици, иако претежно сите тие се поврзани со Месечината.

Додека за пентаграмот, морам да разјаснам, кругот околу пентаграмот има заштитничка и одржувачка улога.Заедно симболизираат вечност и бесконечност - кругот на природата и животот.Кругот со пентаграм е пасивна форма на магичната компонента, тајната традиција на магијата (вештината на вештиците) и персонална, индивидуална природа на персоната.
 
Член од
31 јули 2006
Мислења
2.537
Поени од реакции
700
Wicca, јасно...се појавија пак со Гарднер во 50-те. Најдоброто нешто што можеше да им се случи. Али и меѓу нив има мали, само мали недоразбирања. Луѓе по западот гледаат да побегнат од оковите на христијанството и се приклучуваат кон природните религии. Велам природни, затоа што се почитува се и треба да се осеќаме дека и припаѓаме на природата, а не дека таа е тука да не служи нас. Овие луѓе ги претставуваат повеќето од New Age movement. На страна од нив се The Elders, што ја чуваат оригиналната, стара религија, како што е италијанскиот клан Стрега.

Исто така, Равен Гримаси вели дека е битно за припадникот на Wicca, ако почнува сам (без да е член на клан), да си го знае потеклото и кои божества се обожавале, какви божества се и нормално - митовите поврзани со нив....све ова за да може умот полесно да се поврзе со нив.

Ја воопшто не сум запознаета со Wicca во Македонија. Ако некој има информации, пратете ми ПП.
 
Член од
31 јули 2006
Мислења
2.537
Поени од реакции
700
Сум имала прилика да запознаам неколку вики, во главно жени. Сите различни па дури со различни мислења и искуства. Мажите беа повеќе шамани, магови. Веројатно жени и мажи кои трагале по личен развој и комплетно остварување на личноста, па нашле еден од многуте начини. Не мисалм дека никакво "вештерско" искуство може да има врска со бројот на прочитани книги, се работи за внатрешно искуство, вистинско искуство и само луѓето кои доживеале нешто слично можат да го разберат тоа.

Инаку мислам дека секоја жена е помалку или повеќе вика, тоа ни е во природа. Се разбира не стари грди баби, со метли и казани. Како што јас мислам тоа е само симболика на астрални летови - метла и казан - на лечење, со разни тревки.
Ме интересира Cybergirl, какво е твоето искуство? Како се снаоѓаш? Рече дека имаш некој светец дали заштитник или?

п.с кога сме кај американизацијата, прво погледни што јадеш, дали Мц доналдс, 7ца? Гледаш МTV? " Вештерството" како и многу учења од тој тип постојата далеку пред да постои САД.

За болдираното, само ќе претпоставам дека она збори за Witches familiar. Како „дух“ заштитник и водач. The familiar помага кога особата е у транс - у Dream State, помага со magick spells итн. Како што порано секое семејство имало заштитник на куќата, како што Индијанските племиња имаат животни заштитнци, така и со „вештерките“. Во времето на Инквизицијата, мачките настрадале затоа што биле поврзани со нив и затоа што прости луѓе мислеле дека вештеркиве се у контакт со демони и сатаната. Во денешно време не знам дали имаат familiar.

Лично мое мислење е дека е опасна работа да се упуштиш да тражиш familiar. Не знаеш што ќе ти дојде на твоето повикување (кога викам „ти“ и „твоето“, се разбира, не мислам на тебе лично :smir: ).

Едит
Не сфатив дека таа cybergirl фактички се исмевала и тресела глупости додека не ја прочитав целата тема.
 
С

Сатори

Гостин
~*~

За болдираното, само ќе претпоставам дека она збори за Witches familiar. Како „дух“ заштитник и водач. The familiar помага кога особата е у транс - у Dream State, помага со magick spells итн. Како што порано секое семејство имало заштитник на куќата, како што Индијанските племиња имаат животни заштитнци, така и со „вештерките“. Во времето на Инквизицијата, мачките настрадале затоа што биле поврзани со нив и затоа што прости луѓе мислеле дека вештеркиве се у контакт со демони и сатаната. Во денешно време не знам дали имаат familiar.

Лично мое мислење е дека е опасна работа да се упуштиш да тражиш familiar. Не знаеш што ќе ти дојде на твоето повикување (кога викам „ти“ и „твоето“, се разбира, не мислам на тебе лично :smir: ).
Јас искрено мислам дека најглупавата работа што човек може да ја направи е да се впушти во барањето на заштитниците и водачите без предходно искуство, евентуално на крајот може да заврши со трауми кои што нема да може да ги избрише.
Иако јас размислував за некои други малку побезопасни и поалтернативни идеи секогаш на крајот завршувам со стимулација на епифизата и метанфетамин.:tapp:

Офф топик:Да не може некој да ми каже каде има или барем како може да се најде Дрим кечр?
 
Точно, особено тинејџери се упуштаат у такви ствари без предходно длабоко знаење од окултот и магии и енергии, а уште помалку знаат за лична заштита.

За Dream Catcher-oт.....ако си у Македонија не знам кај да те упатам :toe: Али има друг метод што се практикува, затоа што Dream Catcher е само физички репрезентативец и стимул да го охрабри подсвесното да се сеќава на соништата. Еве што може да се направи:
1. Штом ќе се разбудиш, одма запиши што си сонувала.
2. Не чекај да го направиш тоа покасно, затоа што додека си вариш кафе, важни ствари од сонот ќе ги заборавиш
3. Запиши ги најважните ствари од сонот
4. Ако некоја симболика не ја разбираш, медитирај и потражи ги одговорите таму.

Чувај си „Дневник за сонови“.

Со среќа нека ти на твојот пат.

Hope this helps :helou:
 
Член од
31 јули 2006
Мислења
2.537
Поени од реакции
700
Вештици-тоа бе оние чуда на метла со грпка на нос што плашеле деца и кучиња,јел'да Short?!
Зар ги има уште?:nerv:
Изгледа "светите судови" слабо си ги вршеле обврските.
Не им треба метла за да летаат :baeh: А тие што плашат деца се Караконџули :wink:

„свети“ судови? Its all in the eye of the beholder, darling. Our eyes see what we want to see.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom