Можеш и други извори да користиш
--- надополнето ---
Слабо е англискиов, слабо. Значи катастрофа. Не можам да ја слушам веќе професоркава како се жали дека предава на 3 факултета или колку и да се, како едвај работи со 700 студенти на правен факултет, а на економски со 1000 и кусур немала шанси да постигне (мада не се толку), и како со 300 души во амфитеатар тешко е да се одржи предавањето итн итн итн. 3 недели ја немаше на предавања токму поради тоа. Сфаќам дека и она треба да заработи за леб, ама јас ли ја терав да дојде на економски мајку му стара. Никој не те тера со сила нешто што не можеш да постигнеш, жено. Не си од вчера професорка. Крив и е факултетот сеа. А да не поделат во 5 групи секој ден да држи предавања, тек тогаш да видам дали ќе може да доаѓа да предава. Си се преценила. Па уште сака во сабота да ги надокнадуваме часовите на кои она не дојде, неоправдано. Абе ако сака и во недела ќе и одам и тоа дома само неа да ја слушам, нема проблем. 3 часа за џабе и доаѓав на предавање, неа ја немаше, не можеше да ни каже дека нема да има предавања, џабе времето и парите што ги потрошив тој ден за на факултет.
Фала Богу после 2 месеца успеа да најде асистентка, каква таква. Па за тоа време можеше било кој од студентите да замоли што сака да и помогне, секако ќе имаше некој, барем додека да најде асистент. Да се надеваме дека се' добро ќе се заврши со предметов
.
Само да си се испразнам де...
Знам дека со мене се сложувате повеќето.