Нема никаква разлика дали ти е изборен или задолжителен. Учи ги само набројуванките, дефинициите што се во bold, а би ти препорачал и објаснувањата на некои поими да ги учиш затоа што ќе има 10 прашања со точно/неточно. Останатите 15 ќе бидат со повеќекратен избор и 2 студии на случаи, вкупно 27 прашања (барем така кажа асистентот на вежби, а дали нешто ќе промени останува на него). Од тоа што јас го имам читано до сега, не ми изгледа многу тежок предметот, а од претходните години викаат дека предметот е лесен и добро поминале. На вежби пушти списоци со теми за стручен труд, требаше да избереме тим од 3 члена и да се потпишеме на списокот и кажа дека тоа е конечно. Асистентот Ефтимов е меѓу подобрите па најубаво би ти било да одиш да го прашаш дали може да се пријавиш и покрај тоа што те нема на списокот.
На вежбите ги обработуваме кејзовите кои што ќе ни се паднат на колоквиум, така да ти препорачувам да одиш на нив. До сега има пуштено еден список за редовност на вежбите. Треба да те има барем на еден за да можеш да земеш потпис. До крај сигурно ќе пушти уште по некој список.