Па пракса е многу добро, супер е. Ама единствено сам ако си се заангажираш. Сега и условите се подобри. А тоа дека ја направиле задолжителна, нема врска. Се' остана само на зборови, сега за сега. И да прашаш на студентски прашања нема да знаат да ти објаснат, затоа што ни они не знаат. Факултетот има соработка со Телеком и неколку банки за пракса, па можеш и да си отвориш на
страната и да видиш.
Ако споредуваме Скопје и Штип, според тоа што се збори, во Штип е многу полесно, се учи многу помалку теорија, предавањата им се лошо организирани, и од нив тешко дека нешто ќе научиш, со чест на исклучоци. Како и да е, со тек на време и условите сигурно ќе се подобрат. Се зависи од тебе, колку ќе се ангажираш, дали повеќе и сам ќе истражуваш или ќе се потпираш само на литературата што ќе ти ја дадат професорите. Најубаво ти е директно да ги прашаш
колегите од Штип како е кај нив па самиот да споредиш и одлучиш.
Но, дефинитивно, условите во Скопје се подобри ама и многу повеќе ќе се измачиш бидејќи има доста обемна теорија за учење, ама не е нешто што не може да се совлада. На почетокот секако дека ќе ти биде тешко, додека да се навикнеш, после веќе ќе немаш проблеми и 300 страни за испит ќе ти бидат малку
. Mоја препорака ти е да не бегаш од тука само затоа што некој ти вика дека е многу тешко, а ако ти си учиш секако деќа ќе положиш, без разлика колкав идиот е професорот како што вика Viktor g. Има доста добри професори од кои можеш многу да научиш и да ти бидат пример со тоа што они го постигнале во животот.