За апсолвентите
БОЈКОТ НА УПИСОТ НА СЕМЕСТАР ЗА 4та ГОДИНА
Почитувани колеги и колешки,
Деновиве на Економскиот факултет се потпишуваше петиција за неплаќање на уплатницата од 342 денари за евидентни картички за студентите од 4та година, сигурно сте веќе информирани ако бевте на факултет, а верувам и ја потпишавте како и други 300 ваши колеги и колешки.
Барањето кое во Вторник сабајле ќе го пречека ново-избраниот декан на нашиот факултет е следново
"Целта на ова барање е прифаќање на петиција од Ваша страна која е потпишана од студенти од четврта година од сите департмани и е во прилог на ова барање, а се однесува на неплаќање на уплатницата од 342 денари за евидентни картички за студентите од четврта година од следниве причини кои сигурно Ви се многу јасни:
- некористење ниту еден цел семестар за намената за која се предвидени - евиденција на предавања;
- давање информација дека картичките се веќе платени од факултетот и нема потреба да се плаќаат од студентите дадена од службата студентски прашања и лицата кои го вршеа сликањето за картичките;
- огромен дел од студентите од четврта година се немаат воопшто сликано за овие картички;
Искрено веруваме дека сериозно ќе пристапите кон барањето од оваа петиција и ќе не’ ослободите како студенти од четврта година од плаќање на овој дополнителен трошок имајќи во предвид дека преку изминативе години преку различни фиктивни трошоци ги имаме преплатено овие картички.
Оваа петиција е организирана од група студенти и поддржана од Студентскиот парламент на Економски факултет. Се додека не добиеме позитивен одговор на ова барање уписите на студентите од четврта година за овој семестар ќе бидат бојкотирани од самите студенти и организаторите на оваа петиција.
Искрено се надевам дека ќе се вклучите во бојкотот на уписите се додека не добиеме позитивен одговор од деканската управа.
РАЗБУДЕТЕ СЕ ПРЕД СЕ ЗА ВАС, А И ЗА ВАШИТЕ КОЛЕГИ!
http://www.facebook.com/event.php?eid=182276195141762