Кадаиф,
доколку на сликите не е назначено од каде се, тогаш многу лесно можеме да ги наброиме сите балкански градови каде истите сцени се присутни. ( јас имам уште полошо искуство од централна ЕУ, ама ајде)
Ајде да не мешаме политика на темиве од туризам, да покажеме малце повеќе љубопитност и да разменуваме повеќе информации, бидејќи сигурно самите Бугари најдобро може да ти посочат место кое вреди за посета, ресторани, клубови, галерии и сл. (збориме за Софија).
Сите „типс“ се добредојдени!
Сите си го фалиме своето, што е разбирливо, ама нема смисла да ги критикуваме доколку самите својот двор не сме го исчитиле.
П.С. Доколку некој од Бугарите има добри информации, би сакал да ги видам историско-археолошките локалитети во Бугарија, доколку може со приказ на мапа, па да најдеме чаре како најмногу се исплати средување на престој. ( ве молам во НОВА тема)