Со каков факултет би имале најдобар просперитет во Македонија?

girl_girl

пловам на асфалт
Член од
13 јуни 2010
Мислења
913
Поени од реакции
132
Не толку е битен факултетот што ќе го завршиш, колку што е важна среќата во животот. Ќе се оградадм од економски бидејќи јас сум таму, да не биде субјективно мислењето, ама ете познавам многу луѓе што со градежен, архитектура и технолошки факултет итн. седат дома, значи со факултети кои се сметаат за тешки и проперитетни факултети, а и многу други што работат со педагошки, социологија и други да не речам далеку полесни факултети. Значи уште еднаш, колку ќе знаеш да се снајдеш во животот и каква среќа ќе имаш. Толку.
 
Член од
1 ноември 2008
Мислења
7.396
Поени од реакции
1.880
Да сме искрени, без факултет тоа само некои што ептен им фаќа кликерот, полни се со идеи, имаат осет за бизнис, ама тоа се еден на 100, а не секој втор со фразата - е што ќе ми факултет. А да сакаш да си архитект, забар и слично без факултет тоа тешко :):):).
Има не велам не, но таквите исто така не можат да просперираат во сите области, како што кажа забар, архитект, градежник, електро инженер не се станува без факултет.
Но и некои пак ги разбирам, научени од време на социјализмот кога и со 4то и со 8мо ги вработувале.

Ама денес и проблемот е што сите мислат дека и ги бива за технички науки ко што и некои мислат дека ги бива за општествени. Еве јас студирам на електро и полн е факултетот со некои што од дома им рекле или чуле дека факултетот е просперитивен и еве не помина еден семестар и си ги собраа документите.
Ама па не значи и дека го завршиш факултетов ќе те чека работа. Треба да се интересираш и самиот да научиш што повеќе и да си работиш барем твои дела додека студираш. Еве јас сум прва уште ама сепак се занимавам со некои работи колку толку кои се поврзани со струката моја :)
Уф кому кажуваш, па кај мене на Градежен 70% се така запишани заради тоа што од дома ги натерале, некои заради тоа што имаат нивна фирма, други заради што мислат дека има просперитет.
Досега 20 знам што се откажаа, и уште тројца во нaјава :)
 
Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.497
шо ке ми е факултет излага од устите на оние кои навистина несакат да учат т.е несакаат да инвестираат во себе. познавам многу такви ама затоа мама и тато имаат фирми па има и обезбедено средства.

а околу примерот со архитектот.. може да има идеи и кликер да ми фаќа и се ама сепак кога ке отде у фирма да се вработи сигурно нема да му речат они ај да видиме шо идеи имаш него ке му речат да видиме шо диплома имаш. значи сепак не е исто нели?
Знам друже, затоа пишав архитект, забар, без диплома такви работи тешко. Никој не би сакал да вработи на пример лекар во негова ординација без диплома :smir:
 
аллександар

Вечно ненаспан
Член од
5 мај 2006
Мислења
7.381
Поени од реакции
2.522
Знам друже, затоа пишав архитект, забар, без диплома такви работи тешко. Никој не би сакал да вработи на пример лекар во негова ординација без диплома :smir:
па богами како што е стигнато времево без диплома само пмошници багеристи останаа, таксисти, продавачи и некоја слична работа
 
girl_girl

пловам на асфалт
Член од
13 јуни 2010
Мислења
913
Поени од реакции
132
Тоа без диплома само во свој бизнис, денеска никој нема да те прими а да немаш диплома, мислам и срамота е, 90% од населението завршува факултет, срамота е во вакво време да немаш диплома, па макар и платена.
 
/gone/87

+++FOR CLEAN SKOPJE+++
Член од
30 март 2009
Мислења
1.769
Поени од реакции
119
Тоа без диплома само во свој бизнис, денеска никој нема да те прими а да немаш диплома, мислам и срамота е, 90% од населението завршува факултет, срамота е во вакво време да немаш диплома, па макар и платена.
од кои 60% се запишани или дипломирани на Правни и Економски науки................
 
Mr.Deni

Животна грешка си ми ти...
Член од
4 мај 2007
Мислења
3.508
Поени од реакции
2.646
Во денешно време не се знае кој јаде кој пие.Секој будала стана со диплома со исклучок на мал процент кој навистина вложиле труд во нивната професија.Се завршава едно се работи сосема нешто друго.Во оваа немаштија смерот на факултетот може само малце малце да ти ги зголеми и така малите шанси без врски да успееш во професијата која ја сакаш.Ако ја немаш таа среќа кај нас и со оглед дека сите места се скоро пополнето со неквалификуван кадар и кога ке се видиш времето ке почне да те гази и ке станеш очаен и ке работиш ај да не биде строго што било само да не се седи дома.А дипломата ке ти биде само една морална сатисфакција која колку ке ти дава добри мисли толку и лоши дека ке се осеќаш безвредно како некој магистри и дипломирани а работат такси али јеби га тоа е реалноста.
 
Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.497
па богами како што е стигнато времево без диплома само пмошници багеристи останаа, таксисти, продавачи и некоја слична работа
Епа еве друже зошто таква е работата

Тоа без диплома само во свој бизнис, денеска никој нема да те прими а да немаш диплома, мислам и срамота е, 90% од населението завршува факултет, срамота е во вакво време да немаш диплома, па макар и платена.
Зошто срамота? Тетка ми нема факултет, работи како забен техничар и зема околу 30.000 месечно. Срамота е тоа?
Работата е и некои едвај што завршуваат со 2ки се упишуваат на овие американ, фон, мон, добиваат дипломи и после сме имале невработеност, се жалат и тие немале работа. Па како ќе имаат со купена диплома и едвај прогурано средно?
(да не се сфатиме погрешно, не сите се толку ретардирани на приватниве, има и деца што учат)

И во средното е дури проблемот, не само во факултетите. Кога сте чуле последен пат некој да паднал година? И ќоро и сакато завршува. :/
 
RocknRolaa

Rafa Para Siempre
Член од
21 февруари 2010
Мислења
6.869
Поени од реакции
9.740
па богами како што е стигнато времево без диплома само пмошници багеристи останаа, таксисти, продавачи и некоја слична работа
Очигледно поим немаш што се случува во државава. Таксисти се најчесто луѓе кои порано работеле во државни фирми и останале технолошки вишок т.е се распаднале фирмите во кои работеле, меѓу нив имаш и магистри, некогашни управители на големи фирми, шефови итн. Затоа друг пат кога ќе седнеш во такси не биди сигурен дека човекот е далеку пописмен од тебе и од мене.
И кој ви е овој мубает дека секој требало да има диплома? Ова веројатно само кај нас проаѓа и го има. Не може 90% од завршените средношколци да имаат факултетска диплома. Значи нешто не е во ред. Во нашиов случај нема работа, па многумина мислат дека факултет е лекот или барем така си ја одложуваат маката.
Во нормална земја си има дел факултетски образовани и дел кои се со средно, но затоа имаш распределба на работите. Смешно е да помислиш дека 90% се способни да завршат факс.
Не знам дали имаш дипломирано или се уште студираш, ама ќе видиш по некое време како дипломата преку ноќ ти се претвора во парче хартија.
 
примерот со таксистите е чист пример. не го оспорувам тоа дека се некои магистри доктори и незнам ти шо а возат такси. многу добро те разбрав ама немој да бидеш толку сигурен па дека сите се од таа категорија шо ги напомена ти. еве ја можам у моментов да ти посочам 10 случаи каде што мои познанице се таксистеи зашо несакаа да учат факултет или почнаа со некој бизнис после средно па им пропадна и сеа чарето го бараат таму.
и муабетот не е дека сите мора да имаат диплома и дека треба.. целата дема е со кој факултет би имале најдобар просперитет у македонија. не дали со факултет или без. него со КОЈ..

--- надополнето ---

п.с грл грл. не е срамота да немаш диплома.. посрамота е да ја имаш дипломата а ништо да незнаеш (тогаш е стваро лист хартија кој не ти вреди ништо).. жално е што у државава наша има капацитет дечки што се способни да учат тешки факултети како на пример медицински или електро ама немаат можности зашо мама и тато земаат по 5 6 000 плата па немаат можност да му платат додека од друга страна имаш неписмени шо ја купуваат дипломата за 5000 10000 евра и па се тенеќиња невидени
 
girl_girl

пловам на асфалт
Член од
13 јуни 2010
Мислења
913
Поени од реакции
132
Епа еве друже зошто таква е работата

Зошто срамота? Тетка ми нема факултет, работи како забен техничар и зема околу 30.000 месечно. Срамота е тоа?
Работата е и некои едвај што завршуваат со 2ки се упишуваат на овие американ, фон, мон, добиваат дипломи и после сме имале невработеност, се жалат и тие немале работа. Па како ќе имаат со купена диплома и едвај прогурано средно?
(да не се сфатиме погрешно, не сите се толку ретардирани на приватниве, има и деца што учат)

И во средното е дури проблемот, не само во факултетите. Кога сте чуле последен пат некој да паднал година? И ќоро и сакато завршува. :/
Да, ама тетка ти сигурно нема 20 години и нема сега завршено средно. Тоа било порано кога со средно се вработувале, денеска постојат толку забни техничари и медицински сестри што седат дома, или ако се вработат се обични болничари. Денеска искрено и како што кажав, без факултет само во свој бизнис, ако не, можеш за чистач да се пријавиш а не за забен техничар, медицинска сестра, лаборант со или било кое средно стручно училиште.
И уште нешто: Кај е тоа кај што забни техничари земаат по 30000? Јас не сум од Скопје, ама со сигурност ти тврдам дека кај нас забните техничари немаат плата повеќе од 15000, а и срамота е бидејќи докторите(зборам за кај мене) земаат едвај по 30 000? Кај му е логиката да се мачам 6 + години за таа плата кога нема да можам ни инвестираниот капитал во образованието да си го вратам со таа плата?
 
RocknRolaa

Rafa Para Siempre
Член од
21 февруари 2010
Мислења
6.869
Поени од реакции
9.740
примерот со таксистите е чист пример. не го оспорувам тоа дека се некои магистри доктори и незнам ти шо а возат такси. многу добро те разбрав ама немој да бидеш толку сигурен па дека сите се од таа категорија шо ги напомена ти. еве ја можам у моментов да ти посочам 10 случаи каде што мои познанице се таксистеи зашо несакаа да учат факултет или почнаа со некој бизнис после средно па им пропадна и сеа чарето го бараат таму.
и муабетот не е дека сите мора да имаат диплома и дека треба.. целата дема е со кој факултет би имале најдобар просперитет у македонија. не дали со факултет или без. него со КОЈ..
Фрибој јас те цитирав токму заради фактот што твојот пост гласеше дека во земјава само некоја врста на луѓе останала без диплома, а во постот не пишуваше со кој факултет ти предлагаш дека е подобро да се снајдеш во земјава.
Втора работа, може има неписмени таксисти, ама имаш и неписмени вработени во државни институции, е баш тие што нејќеле да учат имале некој чичко, вујна, татко, мајка, или книшка што ги наместил таму.
Трето, женско сум:wink:
 
Dzish

unlike any other...
Член од
15 февруари 2007
Мислења
13.994
Поени од реакции
2.689
Со газолижачки... мада за тоа освен факултет, ти треба добар тренинг. Се започнува од мали нозе, се лижат газови на професори во средно, потоа се продолжува на некој факултет (не е битно кој) и се завршува со партиска книшка и праење путер газето на “пастирот“.

Е така имаш најдобар просперитет.

А онај реалниот, и сами го гледаме. Дури и партијата за демократски просперитет пропадна, така да...
 
Член од
5 јануари 2008
Мислења
2.805
Поени од реакции
3.058
неможе секој да биде инженер камо мајками да беше вака загрижена за мене што сум запишан на електо -.-

кај нас најпросперитетен факултет е електро, иако бара големо жртвување ама се исплати. Единствено со тој факултет имаш и најголеми шанси за вработување во странство зошто е најпризнаен. Незнам за пмф и технолошки ама машински е многу нивоа подоле од електро како многу полесен ама и помалку вреднуван. А за другите факултети медицина може да се исплати ама таму ако немаш врски многу ризикуваш.
 
Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.497
Да, ама тетка ти сигурно нема 20 години и нема сега завршено средно. Тоа било порано кога со средно се вработувале, денеска постојат толку забни техничари и медицински сестри што седат дома, или ако се вработат се обични болничари. Денеска искрено и како што кажав, без факултет само во свој бизнис, ако не, можеш за чистач да се пријавиш а не за забен техничар, медицинска сестра, лаборант со или било кое средно стручно училиште.
Нема 20, 24 има. За забен техничар не ти треба факултетска диплома. Само да те бива ти треба. Ако одат на пример сите да се забари кој ќе ги работи овие работи? Само што работата со нејзе е дека ја бива, има осет со раката, има способност и глава не може да крене од работа. Да и платат нема да оди на факултет.
Ама ова е од случаите за кои реков не секогаш треба факултет и треба кликер да се има. А забар пример ни јас не би вработила во моја ординација без диплома. Не дека тоа е неккаков фактор ама сепак, никогаш не можам да знам зошто не му ја даваат дипломата. Тоа е, не сакам утре некој да го убие на столица па да се наруши угледот на моето име.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom