Св. Трифун или Св. Валентајн? (Традиционална битка)

  • Креатор на темата Креатор на темата UncleSam
  • Време на започнување Време на започнување

св. Трифун vs св. Валентајн?


  • Вкупно гласачи
    131
Прво излегувам со девојката да прославиме Валентин, онака негде во некој локал со свеќи ова-она, и вечерта кај некој другар ќе го чекаме Златен свети Трифун...
 
Нормално Св. Трифун, да не сум католик па да славам нивен празник.
 
Секако дека Св.Трифун, немаме ние ништо заедничко со католиците тие од нас се одамна одцепени а Св.Валентајн е нивни празник и освен него и малку други тие немаат празници...
Нека ми опростат припадниците на католичката вероисповед но таа е вистината.
 
Се прашувам кој нормален љубител на домашно домашно црвено ќе слави Валентајн.
 
Секако Св.Тифун, домашно црвено еден литар. Потоа и Валентајн може да дојде, хаха. :)
 
Свети Ваелнтин ја игубил димензијата на верски празник и ја презел улогата на меѓународен ден на вљубените. Се слави и во Кина и во Тунгузија, а тие кога последен пат проверив не се православни. Покрај тоа Св. Валентин е Светец и за православните христијани и според Википедија се слави на 13 Август. А во католичкиот календар и избришан и се смета за необврзувачки празник. А за Св. Трифун до скоро и не знаевме. Откако почна помасовно да навлегува Валентин се свртевме кон Трифун и уште го направивме пијаница, затоа што сме вистински верници.
 
не е битно -дал е Валентин ил е Трифун- важно е да имаме што повеќе поводи за празнувања-камо среќа уште некој да додадат на листа:vozbud:
 
Нека напраат да не се учи,па ќе ги подржам и двата ако треба.
 
Нека напраат да не се учи,па ќе ги подржам и двата ако треба.
е убаво велиш- уште да се неработни :vozbud:па да можеме асално да се напиеме и ....:pos2:

--- надополнето ---

AnaMercury;4060852[B напиша:
]Ако сум заљубена си го "славам" Валентајн со примеси од Трифун.
Ако не сум заљубена си го "славам" Трифун со примеси од Валентајн. [/B]
Hush.gif
Cupid.gif

znachi ke bidesh i Valentinka i Trifunka
 
Нека ви го спојат денот на вљубените со денот на проштување прочката па сите нерверства да ви ги заборават.
Продадени души!
Ламери!
 
И двата ќе ги славам, не ширам верска омраза, нема нешто поповрзано и поубаво од вино и љубов претопени заедно и сплотени во едно, црвената боја како симбол на страст,вино и љубов,пијанство од љубов, зачинето со пијанство од прекрасно црвено пенушаво винце:) нема потреба да се ограничуваме само на едното, Св. Трифун бил пред се исцелител на душевно заболените, тој ја исцелил и ќерката на царот Гордијан во Рим, покрај тоа се смета за заштитник на лозјата и градините од штети, а Св.Валентин пак негде прочитав дека бил свештеник кој тајно ги венчавал младите...
Valentine_Rose_by_Ferice.jpg

red%2Bwine.jpg

Среќни празници на сите
 
Двата, прво ќе се опиеме па ќе се љубиме...
 
аиаа ова сите се пишале трифун уствари 80% ке им купите на девојките/дечковци нешто за тој ден ама ај иначе ја сум за трифун секако :) он е наш
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom