Чекај малку. Сакаш да кажеш дека медот ни наштетува на нас неинформираните за неговиот состав?
Медот е најсварлив прехрамбен производ, Илустрација за тоа е дека организмот на човекот го усвојува без остаток (100%),
Енергетската вредност на 1 кг, мед изнесува 13 800Ј а специфичната маса околу 1,41-1,45 при температура од 20 степени Ц.
Исто така медот содржи состојки кои итекако му се потребни на човечкиот организам, како гликоза, фруктоза, органски киселини, ферменти, минерали.
Во медот е откриена и фолна киселина, која е многу битна за растење на организмот бидејќи ја подобрува крвната слика.
Освен инвертен шеќер медот содржи и супстанции неопходни за нормален живот, на пр. ферменти без кои организмот потполно заслабнува.
Капка мед содржи повеќе од сто различни материи, многу важни за човечкиот организам.
По бројот на ферменти медот е меѓу најважните прехрамбени артикли.
Познато е дека по содржината на микроелементите и минерали во медот (магнезиум, железо, калиум, калциум, манган, цинк, кобалт, бакар, натриум идр) е еднаков со оној во плазмата на човековата крв.
Медот од пчели е многу богат и со органски киселини (јаболкова, винска, лимонска) а бидејќи во него има и поленови зрнца, содржи и белковини и витамини.