Скопје гори 2011 - 26.05.2011

Фестивалот "Скопје Гори 2011" поради нестабилното време ќе се одржи во Метрополис Арена!!!

Поради лошата временска прогноза, која најавува врнежливо време во текот на овој и утрешниот ден и ниските вечерни температури, фестивалот Скопје Гори 2011 од првобитно најавеното Скопско Кале, ќе се одржи во Метрополис Арена - Скопски Саем.
 
Купив карта!!!!! Нема да спијам две вечери по ред ради ова и апсолвентската али ајде, еднаш во живот се.
 
баш сакав да биди на кале и да заврни на better than love :pos: ... плус сакам кабаницата да си ја носам
 
Купив карта!!!!! Нема да спијам две вечери по ред ради ова и апсолвентската али ајде, еднаш во живот се.

Можно е да им се засвиѓа па да не е еднаш .
Да се надеваме . :)
Како и да е , се надевам ќе биде одлично :) .
 
Ќе се иструјам што не отидов ахххх обврски обврски обврски.... :nerv::nerv::nerv::nerv::nerv:
 
Останатите изведувачи не ми оставија голем впечаток , ама Hurts беа беспрекорни.
Емоционален стегнат настап. Човече , ова нешто се памти. Настап без ниедна грешка. Комотно можам да кажам дека ова спаѓа во топ 3 настапи што сум ги видел во живо , а не дека сум видел малку . Се гледа дека момците , иако свежи , се многу сериозен бенд - од начинот на интерпретација до комуникацијата со публиката. Се почувствува интимност и близина , хармонија меѓу Тео и Адам и публиката. Во еден момент со песната „Evelyn" се вжешти атмосверата и Тео го „трескаше“ стативот со микрофонот од земја а Адам истапи напред на бината држејќи гитара . Исто така прекрасен детал беше што по крајот на песните Тео фрлаше по една бела ружа во публиката .
Ни ја пофали земјата и прокоментира дека „никој не му кажал дека имало толку убави девојки во Македонија“ .
Се качија (планирано) со бис после настапот , испеаа и се поклонија , Тео дури намигна на неколку девојки на публиката (несвојствено за него , многу срамежлив лик е ) и настапот заврши.
Сите беа во еуфорија можда 5-10 минути и седеа немо пред да бидат подготвени да прават било што друго.
 
Браво за Misery одлично напишано. Значи не очекував вакво нешто. Откачија на сцена, а и публиката откачи. Немам зборови, не знам што да кажам. Вакво нешто е многу штета да се пропушти. Сама бев и мислев лошо ќе поминам, ама напротив, не жалам!!!!
 
Тотално вредеа парите што ги потрошив за карта и за патот.
Неколку збора околу тоа додека ми се свежи импресиите.
Како што дојдов порано (го изнашетав скопјево) кон 7 и 20 веќе бев пред метрополис и заедно со другарчето бевме едни од ретките кои подраниле.
Како за беља метрополис слабо се полнеше и наместо Чалгие саунд систем да почнат во 20 :00 почнаа сат и 20 минути подоцна .Направија солидна атмосфера како загревање за тоа што следеше со оглед на слабата посетеност во тие мигови.
После нив следеа САРС . Метрополис почна да се полни , публика таман за ваков ивент,да има доволно простор да се изнаиграш. Сарс пееа неколку песни од новиот албум па се вратија на старите хитови како ратујемо ти и ја ,то раде,дебели лад ,и за на крај да најават дека имаат време за уште 2 песни па да завршат со ракија и буџав лебац (ако добро се сеќавам) . За моја голема жал Сарс некако завршија премногу брзо. Пред да завршат со настапот го најавија свич-от ,и наместо после нив да се Елементал,ги најавија Х'ртс.
Следеше од прилика 20 минутна пауза која ми изгледаше како цела вечност .
И ете ги момците ,дуото излезе на сцена придружено со бенд предизвикувајќи голем налив на емоции .Баш во моментите кога си помислив дека ќе испаднат пацерите и ќе отпеат пластично -ради реда и нема да не поздрават , ме демантираа со поздрав до скопје,македонија и убавите девојки тука. И потоа започна она што Misery го напишала во својот пост.
Со оглед на тоа што мал дел од публиката знаеше повеќе од 2 песни(стеј и вондерфул лајф) се направи одлична атмосфера и на песни како Evelyn, Blood tears and gold, Happinnes ,Silver lining etc...(малце се зачудив што меѓу првите песни ја испејаа Вондервул лајф али мање битно во ондос на она што следеше потоа). И така скоро сат и половина Х'ртс-и покажаа зошто им се продава албумот во голем број на примероци и докажаа дека умеат одлично да пеат и во живо.

После нивниот настап ,половина публика си замина но сепак атмосферата не беше нарушена. Елементал пееа скоро цел сат за на крај пред едвај 50 души да настапи Грамофонџие.Навистина жалосно што момаков беше тоб а скоро сите заминаа.
Скопје гори 2011 заврши во 02 :30 што за мене значеше упатување кон автобуската и чекање за првиот автобус за Охрид во шест.
 
Секој потег на сцена им е беспрекорно извежбан, неверојатно како ја пренесуваат емоцијата преку песните. Се воодушевив искрено, одамна немам слуштано ваков добар настап во живо. Со идоли како Дипеш моуд и Оејсис, како групи од кои црпат инспирација далеку ќе стигнат!

Уште повеке ме импресионира кај дечкиве е нивната скромност и цврстото стоење на земја.. со луѓето од аволон доцна во ноќта отидоа во Парадисо, а јас ја имав таа среќа две реченици да разменам со адам и тео. :)
 
Секој потег на сцена им е беспрекорно извежбан, неверојатно како ја пренесуваат емоцијата преку песните. Се воодушевив искрено, одамна немам слуштано ваков добар настап во живо. Со идоли како Дипеш моуд и Оејсис, како групи од кои црпат инспирација далеку ќе стигнат!

Уште повеке ме импресионира кај дечкиве е нивната скромност и цврстото стоење на земја.. со луѓето од аволон доцна во ноќта отидоа во Парадисо, а јас ја имав таа среќа две реченици да разменам со адам и тео. :)

Lucky bastard!
 
Hurts - настапот естестски и технички беше СОВРШЕН.
Како да си пуштил цд, и слушаш. Згора на сето тоа, луѓево мислам дека не само што проструија низ публиката, ќе памтат колку енергија и топлина може македонска публика да даде. Се чувствуваше љубов, навистина одлична комуникација со публиката. И да, Тео скрена на неколку пати низ настапот, што со коментарите, што со трескање на сталакот од микрофонот. За ладно британско шаблон однесување - ова за мене беше исклучок. Дарежливост имаше, иако очекував да отпеат и чао пријатно.

Не за друго, розите ги фрлаше и Роисин од Молоко пред сто години, изгледа тие таму горе љубат да фрлаат цвеќе во публика.


Елементал се резидентал :) Ги имам гледано веќе неколку пати, и еуфоријата никогаш не е иста. Реми се нашали на сметка на Адам и Тео, дека иако сака Британци, настап не е настап без капка пот :) Се изнарипавме ко што ни прилега на Вертиго, Црвено, Природа и друштво... После свирката, на пат накај дома, ги начекавме пред саем, гушкања и комплименти паѓаа, Реми не пофали дека сме "uvek u pozitiva" и полни со музика, си отидовме...
Не останав на Грамофонџије, баш ми е жал, ама веќе селективно одам на концерти - за она што ми се допаѓа.
 
ПРЕДОБРО БЕШЕ! Да не повторувам се што кажаа погоре, ама дефинитвино вредеше и за парите и за изгубениот глас и за тоа што не можам да мрднам денес и за се, се, СЕ! Се нервирав малце кога ги гледав тие до мене како чмаат ко мулиња и ни една песна не знаат освен Wonderful Life, ама помина и тоа. Жалев за тоа што не фатив ни една од БЕЛИТЕ ружи, а најомилено цвеќе ми се :(. Се изнаснимав и со гордост ќе им ги покажувам видеата на моите деца, внуци и така натака! :D

п.с: Само да дознаам кој беше тој со камерата у фаца што ми се бутна.. :nerv:
п.п.с: Кога го згриза Teo кабелот од микрофонот сВе ми се дигна -.-. Му благодарам. :D
 
ПРЕДОБРО БЕШЕ! Да не повторувам се што кажаа погоре, ама дефинитвино вредеше и за парите и за изгубениот глас и за тоа што не можам да мрднам денес и за се, се, СЕ! Се нервирав малце кога ги гледав тие до мене како чмаат ко мулиња и ни една песна не знаат освен Wonderful Life, ама помина и тоа. Жалев за тоа што не фатив ни една од БЕЛИТЕ ружи, а најомилено цвеќе ми се :(. Се изнаснимав и со гордост ќе им ги покажувам видеата на моите деца, внуци и така натака! :D

п.с: Само да дознаам кој беше тој со камерата у фаца што ми се бутна.. :nerv:
п.п.с: Кога го згриза Teo кабелот од микрофонот сВе ми се дигна -.-. Му благодарам. :D

Ја видов многу повеќе океј момци во првите редови што ги пееа песните отколку девојки. Прострујуваа некој апла-малолетнички со пива шо ги фрлаа назад у публика и се гураа како ненормални а ја знаеа само Wonderful Life и Stay и ми идеше да ги истепам. Исто така морам да напоменам дека имаше многу ама страшно многу луѓе кои чинам дека првпат дошле на ваков настан - по тоа што беа средени со фустанчиња , штикли и што ти ја знам . Страшно невкусно за ваков настан , а богами и непрактично.
Битно снимав , се изнапеав , ми се згрчи вилициата од насмевка и жал ми е што не фатив ружа иако сум машко , сакав да фатам и да ја поклонам на девојката.
 
Не прочитав ништо, само да ви кажам дека ве мразам сите што бевте присутни. Чаоооооооооооооооооооо.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom