Спас за Македонија

  • Креатор на темата Креатор на темата THE_CHOSEN_ONE
  • Време на започнување Време на започнување
Аааааа тешката работа ќе прелета само еден мираж-2000 ќе фрли една напалм бомба или Томахавк(Ураниум-235) и завршена работа :vozbud: :toe:

А што ако им се присвиѓа и почнат да се спуштаат на тобоганите ? :vozbud::pos2:
 
Дечко кој ти доаѓа во Македонија па ти да развиваш туризам? Што имаш ти да понудиш што нема на други места. Ќе го правиме Маврово, Банско? Охрид сакаш Закинтос да го правиш? Убаво ти рекоа тука дека преку земјоделството и отварање на затворени фабрики би тргнала работата. И државава да не приватизира све живо и диво од паркинзи пред секоја зграда до патарини. Уште ВЦ шолјата да ми ја приватизираат па да неможам да нуждам без да платам. Сите пари кои би ги земала државава сега идат кај локални( богами и странски) мафијашишта и криминалци.

За ова со Аква-парк не би ни коментирал, поглупава идеа не сум слушнал долго време. Ние неаме вода еден Олимписки да го одржуваме преку цела година, ватерполистиве во вардар тренираат, битно ние Аква парк ќе праиме:tapp:

И не продавај глупости како тоа ние сме немале верба во нас и незнам што таму. За економија ти треба пред се идеа и почетен капитал.
 
Ako idejava se realizira i se vrabotat 20 tvoi rodnini i prijateli i togash li ke seresh???

Dokolku ne ti se dopaga idejava slobodno kazi go toa na kulturen nacin, ne tuka mi doagash isfrustriran od msn muabet so nekoja tvoja "drugarka"/lokalna high school drolja pa pod napliv na pubertetsko/"koj si ti da mi kazesh" emocii kenjash ko jas da sum ti kriv sto si odbral da navivash za luzerski tim sto gubi ko pasulj.

Ovaa tema za takvite ko tebe e kvantna fizika odi tamu i zbori im na drugarcinjata za "najnovite transferi".
 
Барем стај ја возраста твоја да видиме со кого правиме муабет. Ако треба да го викнам дедо ми он да збори ја да куцам ако темава е за +70? Јас незнам каде те навредив тебе па со ваков однос да се поставуваш. Само реков дека е глупава идеа и дека нема да помогне на економијата. Дали е квантна физика за мене неможеш да знаеш затоа што не знаеш ни што учам ни ништо. Со твојава идеа на која ти се изнасмеа пола форум тука мислам дека не покажуваш некој голем капацитет.

А ова со другарка и со клубов....:tapp: ако сакаш повели на спортски теми ќе правиме муабет.
 
Не можaм да ја најдам изјавата на г-динот Груевски од отварањето на нова спортскa сала кога новинарка (од алфа мислам) го праша дали покрај игралишта некогаш ќе удрат лопaта и нa нова фабрика... Г-динот Грувски треба да знае дека нашата држава нема да опстои само од неговиот туризам на иднината. Освен нови супермаркети, трговски центри и новиот лик на Скопје ништо друго нема. Македонија има рудници, красни фабрики - некогашни гиганти на овие простори... Зошто да скапуваат напуштени. Нека се ревитализира индустријата оти моментално ни е во нула. И доста е правдања од типот “друг ја усра работата“.. Штом г-дине Груевски сте излегле на избори, тогаш свесно сте иделе со цел да го сринете посраното. Всушност тоа и ви е должност!
 
Да бев премиер на Република Македонија еве што би направил.


Премиерот Груевски коментирајќи ги ефектите од криминалната приватизација кажа дека на Македонија ќе и требаат 15-20 години економски да закрепне.

Проценката е објективна со оглед на динамиката со која напредува нашата економија.
Лично јас сметам дека тој тајм-фрејм е предолг.

Да бидеме реални за тој период Европа може до темел да се срамни и обнови, а ние не можеме едно држава од 2 милиони луѓе да средиме???

Дојдов до идеја како можеме економски да се избавиме.

Бидејќи странските иневститори и покрај жестоката кампања на владата(investinmacedonia проектот) тешко се одлучуваат да инвестираат во Македонија, мојата идеја е самата држава да инвестира.

Не мислам на класично градење фабрики, туку инвестиции во туризмот, во туристички фасилитис.

Туризмот како индустрија учествува со 10% од вкупниот аутпут на добра и услуги на светско ниво, туризмот се смета за индустрија на иднината.

Мојата идеја е Груевски да позајми 2 милјарда евра од Русите/Арапите/Кинезите и со нив да го изгради најголемиот "Аква Парк" во светот.

Аква паркот да не биде класичен воден ресорт туку да биде опремен со досега невидени иновации и "фори".

Целиов овој проект "тежок" 2 милјарда евра со својата гравитациска сила со сигурност ќе привлече познати хотелски брeндови како и стотици милиони евра во форма на Странски Директни Инвестиции.

Аква Паркот ќе работи во "топлите месеци" од месец мај па се до крајот на септември и на годишно ниво ќе биде посетуван од минимум 3 милиони туристи.

Каматата како и кредитот кои ќе бидат земени за изградба на аква паркот лесно ќе бидат вратени затоа што приходите што ќе се остваруваат ќе бидат високи.

Со бројки да го претставиме проектов:

3 милиони туристи* 200 евра = 600 милиони евра тоа значи вработување на минимум 30 илјади луѓе во целиов овој проект
(угостителскиот сектор,производство на храна и пијалоци,услуги,одржување на објектите итд)

Може идејата изгледа комунистичка и нереална пошто и самите од искуство знаеме дека државата е лош алокатор на средства.

Но и за тоа има решение, одкога ќе се изгради "Аква Парков" може истиот да се даде на управување под концесија на приватни компании или пак може да се најми врхунска менаџерска компанија која ќе оперира со бизнисот, а профитот да оди кај државата.

Тоа е многу добра идеја. Пак и какви 200 евра? Ако привлечете Германци и Швеѓанецот и 1000 евра можете на човек да земете ако има вода, песок, алкохол и дискотеки.

--- надополнето ---

Туризам е многу подобро од фабрика.
 
Тоа е многу добра идеја. Пак и какви 200 евра? Ако привлечете Германци и Швеѓанецот и 1000 евра можете на човек да земете ако има вода, песок, алкохол и дискотеки.
Туризам е многу подобро од фабрика.



Замисли да има вакво нешто изградено во Бугарија?
Сите пљукатори на оваа идеја ќе бидат првите што ќе го посетат.

Брат да видиш како сум си поминал во Бугарија... ТОП !!!
Аква паркот лудила !!!
Чекај еве сега ќе ги аплоадирам сите 129036492347 слики на Фејсбук...

Сеуште сите нетрпеливо чекаме на одговорот: Кој дава на заем 2 милијарди евра/долари, што и да е? Што ќе дадеме ние како гаранција за тие пари? Дали имаш претстава колку пари се тоа (јас немам)?

Ако си солвентен т.е ако си способен да ги вратиш парите нема причина зошто да не ти дадат кредит.
Не знам дали знаеш али ваквите кредити се враќаат на 30 години со годишна камата од 1,5 до 2% и грејс период од 5 години(ослободен си од враќање на главнината на кредитот во првите 5 години).

Мала држава сме, за економски препород не ни требаат дестици милјарди и тука ни е предноста.
За илустрација, Хрватска која е 4 милионска држава должи 40 милјарди евра, па никому ништо.

Не можaм да ја најдам изјавата на г-динот Груевски од отварањето на нова спортскa сала кога новинарка (од алфа мислам) го праша дали покрај игралишта некогаш ќе удрат лопaта и нa нова фабрика... Г-динот Грувски треба да знае дека нашата држава нема да опстои само од неговиот туризам на иднината. Освен нови супермаркети, трговски центри и новиот лик на Скопје ништо друго нема. Македонија има рудници, красни фабрики - некогашни гиганти на овие простори... Зошто да скапуваат напуштени. Нека се ревитализира индустријата оти моментално ни е во нула. И доста е правдања од типот “друг ја усра работата“.. Штом г-дине Груевски сте излегле на избори, тогаш свесно сте иделе со цел да го сринете посраното. Всушност тоа и ви е должност!

Апсолутно си во право.
Не можат веќе да се правдаат со комуњарите.

Биди муж подигни 2 милјарди евра кредит и среди ја Македонија.
Ако не си способен оди си.

Ова е коментар на Груевски:

Премиерот Груевски коментирајќи ги ефектите од криминалната приватизација кажа дека на Македонија ќе и требаат 15-20 години економски да закрепне.

Не знам за вас али јас да сум ВМРОВЕЦ би му ја покажал вратата на Груевски после ваква една изјава.
 
Претпоставувам кај што има вода (охридско, струшко) или...? Кои туристи ќе доаѓаат во овој аквапарк? Србите? Тие се на поминување кон Грција, а за да го посетат треба да вртат десно кон Прилеп, па Битола, па Ресен (низ тесните македонски сокаци и т.н. "автопат" кон Градско) за да стигнат до фамозниот парк. За накај Грчка треба да го јадат истиот прашлив пат. Или Тетово, Гостивар, Кичево и пак назад за Скопје. Не знам кој ќе троши време освен оние кои и така идат Охрид. За другите ене им го веќе развиен (што е битно и со бесплатни паркинзи) покрај Солун. Европјани со авион не ти идат само за еден парк ако ништо друго не се среди. Ќар до гуша.
Ако вакво нешто планираат или ќе биде пљачка на векот или после Јапан и Израел трето светско економско чудо -Македонија високоразвиена земја благодарение на 1 аквапарк од 2 миљарди.
И од каде 3 милиони туристи во Македонија?
на Македонија ќе и требаат 15-20 години економски да закрепне.
време потребно да ги допродаде државните површини. Функционираат слободните зони и "инвеститорите"? Функционираат договорите склучени од нашите привлекувачи на инвестиции (кои патем трошат колку една мала фабрика годишно)? Функционираат фабриките кои се тековно под државна капа? Јок...како ова ќе функционира? Ќе се продаде на приватници? Кому? На своите по бадијала цени? Уште една копија на криминалната приватизација во 90-тите?
 
А кои туристи ќе доаѓаат во овој аквапарк? Србите? Тие се на поминување кон Грција, а за да го посетат треба да вртат десно кон Прилеп, па Битола, па Ресен (низ тесните македонски сокаци и т.н. "автопат" кон Градско) за да стигнат до фамозниот парк. За накај Грчка треба да го јадат истиот прашлив пат. Или Тетово, Гостивар, Кичево и пак назад за Скопје. Не знам кој ќе троши време освен оние кои и така идат Охрид. За другите ене им го веќе развиен (што е битно и со бесплатни паркинзи) покрај Солун. Европјани со авион не ти идат само за еден парк ако ништо друго не се среди. Ќар до гуша.
Ако вакво нешто планираат или ќе биде пљачка на векот или после Јапан и Израел трето светско економско чудо -Македонија високоразвиена земја благодарение на 1 аквапарк од 2 миљарди.
И од каде 3 милиони туристи во Македонија?
време потребно да ги допродаде државните површини. Функционираат слободните зони и "инвеститорите"? Функционираат договорите склучени од нашите привлекувачи на инвестиции (кои патем трошат колку една мала фабрика годишно)?


Треба ли нешто да се коментира (после болдот) :toe:?
Поголема малодушност немам видено во живот.

Ако за тебе не е атракција аква парк од 2 милјарди евра, тогаш стварно не знам што за тебе е атракција.

Французите од купот железо наречено Ајфел Тауер во 2 милионскиот град наречен Париз остваруваат посета од 7 милиони туристи на годишно ниво.:toe:

Аква паркот ќе привлече инвестиции во вредност од најмалце милјарда евра само во хотелскиот бизнис, малце ли пари се тоа?

Кога ќе имаш атракција тогаш и на туристот ќе можеш да му ја увалиш приказната за Беровското сирење, Кокино , Маврово, Калето, Матка, "гостопримливите" Охриѓани итд...

Да има вакво нешто во Германија искрено кажи ми, дали би отишол да го посетиш (под препоставка дека повратен авионски билет со некоја нискобуџетна компанија е 70 евра)?

Скопје 2014 според мене е одличен проект, мојата идеја е истиот да се помножи *10


Стварно не знам кој е улав да не ја посети фонтанава, да не правам муабет за аква парк од 2 милјарди евра кој ќе вработува најмалце 10 илјади луѓе во услужниот сектор и уште 20 илјади во секторите производство на храна,преработка,транспорт,енергија,логистика.
 
Пааа... Тхе Избран, мислам дека поквалитетна идеа , ако веќен си се фатил за индустријата на забава е ОГРОМЕН Ролокaстер каде колички се некакви кабини во вид на клингтоски разурнувач, кои се лансираат во небо под облаци, па скоро вертикално понираат за да загњурат во длабока вода , па плус уште неколку возбудливи финти....пожар при пикирањето кој се гаси со загнурувањето, некаква џиновска хоботниза под вода итн.итн. демек контролирано ВАДЕЊЕ ОД ПАМЕТ на публиката.....ова во период од 10 години...кога ќе го изгустира публика, ти ги враќа тие твои 400 милиона и прави уште мин. две милијарди. а ти носи луѓе во круг со радиус од мин.1000 км.
Кога во близина на локацијата, едно две години пред почнување на градбата некои чобанчиња налетаат на ПРИЗРАКОТ на Богородица , која ќе им открие дека православни, католици и муслимани се едно исто само од конкурентски брендови на лимонада и дека, тој ролокастерот е најдобар начин за миење на греови, додаваш уште еден бустер елемент на успех...НОВО МЕЃУГОРЈЕ...итн.итн.. тогаш работата стануе реланс до небеса...... и само Бог знае која пара може да се направи
Тоа хотелите и се што иде наоколу се само спин-офф од бизнисот...
 
Чозен, колку европски туристи дојдоа оваа година? Без оние кои се на мисии, проекти во Македонија, а кои се бројат во статистиката како странски туристи). Специјално за одмор, колку имаат дојдено?
 
20-30 илјади максимум, ако не ги рачунаш Грците.
Тоа е затоа што имаме исклучиво скап авионски превоз и затоа што ни фали атракција(атракцијата ќе биде јака реклама, и ќе успее да ги катализира работите *100).

И немој да мислиш дека масоните имаат сковано некаква завера против Македонија(за да не доаѓаат туристи).

На туристот треба едноставно да му дадеш понуда што нема да ја одбие (што би рекле Американците).
 
Шо знам... јас сум некако поделен околу идеава. Ние не одржуваме во живот еден беден Луна Парк па ова... уф. Или ај можда кога веќе ќе чини 2 милиарди евра, сигурно ќе го пазат ама имајќи го во предвид домашниот менталитет и менталитетот на нашите „обратни браќа“... му давам рок 2-3 години пред да почне да фалат тобогани и железни шипки.

Сепак јас повеќе за идеата за фабрики и инвестирање во земјоделство (бар за ова не бидува и веќе сме докажани и на странскиот пазар) но најголема инвестиција треба да се направи во индустријата за преработка на храна. Јас мислам дека тука лежи зајакот. Ние имаме ефтин суров домашен земјоделски произод. Преработи го, пакувај го и извези го. Тоа е мојата идеја.... иако и идеата за атракција не е лоша е сеа дали ќе биде аква парк или некаква друга атракција... не знам.
 
2 милијарди може и да се искористат како кредити во претприемништвото, да се стимулираат малите и средните бизниси. Во Германија мотор не се туристичките атракции и големите корпорации, туку стотици илјади фамилијарни бизниси кои вработуваат 2\3 од вкупната работна сила и зафаќаат 50% од БДП.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom