Спас за Македонија

  • Креатор на темата Креатор на темата THE_CHOSEN_ONE
  • Време на започнување Време на започнување

THE_CHOSEN_ONE

1903-2012
Член од
13 август 2007
Мислења
3.735
Поени од реакции
1.341
Да бев премиер на Република Македонија еве што би направил.


Премиерот Груевски коментирајќи ги ефектите од криминалната приватизација кажа дека на Македонија ќе и требаат 15-20 години економски да закрепне.

Проценката е објективна со оглед на динамиката со која напредува нашата економија.
Лично јас сметам дека тој тајм-фрејм е предолг.

Да бидеме реални за тој период Европа може до темел да се срамни и обнови, а ние не можеме едно држава од 2 милиони луѓе да средиме???

Дојдов до идеја како можеме економски да се избавиме.

Бидејќи странските иневститори и покрај жестоката кампања на владата(investinmacedonia проектот) тешко се одлучуваат да инвестираат во Македонија, мојата идеја е самата држава да инвестира.

Не мислам на класично градење фабрики, туку инвестиции во туризмот, во туристички фасилитис.

Туризмот како индустрија учествува со 10% од вкупниот аутпут на добра и услуги на светско ниво, туризмот се смета за индустрија на иднината.

Мојата идеја е Груевски да позајми 2 милјарда евра од Русите/Арапите/Кинезите и со нив да го изгради најголемиот "Аква Парк" во светот.

Аква паркот да не биде класичен воден ресорт туку да биде опремен со досега невидени иновации и "фори".

Целиов овој проект "тежок" 2 милјарда евра со својата гравитациска сила со сигурност ќе привлече познати хотелски брeндови како и стотици милиони евра во форма на Странски Директни Инвестиции.

Аква Паркот ќе работи во "топлите месеци" од месец мај па се до крајот на септември и на годишно ниво ќе биде посетуван од минимум 3 милиони туристи.

Каматата како и кредитот кои ќе бидат земени за изградба на аква паркот лесно ќе бидат вратени затоа што приходите што ќе се остваруваат ќе бидат високи.

Со бројки да го претставиме проектов:

3 милиони туристи* 200 евра = 600 милиони евра тоа значи вработување на минимум 30 илјади луѓе во целиов овој проект
(угостителскиот сектор,производство на храна и пијалоци,услуги,одржување на објектите итд)

Може идејата изгледа комунистичка и нереална пошто и самите од искуство знаеме дека државата е лош алокатор на средства.

Но и за тоа има решение, одкога ќе се изгради "Аква Парков" може истиот да се даде на управување под концесија на приватни компании или пак може да се најми врхунска менаџерска компанија која ќе оперира со бизнисот, а профитот да оди кај државата.
 
Аква парк - спас за Македонија.
Како не му текна ова на некој порано... :uvo:

Други разработени предлози, покрај државниот аква-парк за спас на Македонија?
 
Ова гледај го како идеја не како ултимативно решение.
Целта ми беше да ги охрабарам другите да даваат предлози и да се оформи една "дата-база".

А за твојот песимизам еве што мисли една реномирана канадска корпорација

Интернационалната групација Ем-Џи од Дубаи стана доминантен сопственик на скијачкиот центар Кожуф". Влегува со инвестиција од 200 милиони евра

Новите инвестиции на Кожуф" ќе значат вработување на над 1.000 луѓе од Кавадарци и Гевгелија.

1000 луѓе и тоа само во угостителскиот сектор !
 
Ризична е инвестиција која вреди колку целиот буџет на државава.Македонија е земја со традиција.И наместо да го гради туризмот на база на западњачки модел може да продолжи со традицијата.Пример да се вложат околу 10-15 милиони да се изгради хотел во Берово кој ќе биде изграден според традицинален македонски стил.Странец (од запад) кога ќе дојде тука не сака да види запдњачки градби.Тоа го има и дома.Тој сака да ја проучи традицијата на земјата.Него му е поинтересно да гледа ораџии отколку да гледа графити,брејк денсери,жонглери,индијанци и слично.
 
Нарко туризам! Легализирање на лесни дроги, градење петпарачки бунгалови и одморалишта по Дојран/Преспа, со малку асална промоција и иницијатива ќе станеме новата Гоа или нешто слично. Место каде што се е дозволено, вистински рај за испуштање на вишокот енергија за прикладни цени (напочеток додека се повратиме малце) после ќе се искурназиме малце кога ќе ги навлечеме сит.

Ако вакво нешто не не' опраи, не знам што може....Џонсон Мети, Џонсон Котролс и на Грујо лопатите у Бунарџик нема никад!

пс. да не зборам кога ќе се испосади цела обработлива површина со канабис и афион, кои ќе има кој да ги откупи, колку ќе ни биде раат душа од тутунари и земјоделци и све слично.
 
Од државата не очекувај ништо бе, во време на криза наместо со капитални проекти да ангажира наши фирми и со зголемување на јавната потрошувачка да го зголеми потрошувачкиот капацитет на македонскиот народ тие венецијански фирми ангажираат и ги полнат со пари жабарите.

Туризмот е една "греда" каде треба да се потпреме секако, но немаме море како Албанија и Црна Гора па целосно да се потпреме на тоа.


Ние развојот треба да го бараме во земјоделството, треба извозот да се зголеми. Имаме огромен потенцијал во земјделството, ориз, тутун, вино, раноградинарски производи, можеме да бидеме најголем земјоделски производител на балканов.

Странските инвестиции се променлива големина, неможе да зависиме од нив. Чекаме НАТО да ни ги попрајт мостовите, ретко кој превозник се решава да транспортира низ Македонија, коридорите треба да се завршат, делниците да се средат. Гледајте на краток рок.

Влезот во НАТО добро ќе ни дојдеше, ќе се зголемеа инвестициите, ќе цицавме од повеќе фондови.

Баш ме интересира годинава кај ќе одат парите од ММФ.
 
На нас ни треба атракција, нешто што ќе боде очи, водниот парк е таква атракција.

Со реге музика и џанаци што рипкаат не можеме ни од далеку да постигнеме масовен туризам.

Изнесувајте издржани идеи не пишувајте само ради реда.
 
Треба да се легализира марихуаната, и ете ти туристи од сите страни :)
 
Ебате идржаната идеја, ако пропадне проектот, очекувањата не се остварат, кој ќе ги враќа парите?

2 милијарди евра, има исто толку попаметни начини да се искористат...


Аnd.... wait a minute, кој ќе ти даде 2 милијарди рече?:pos::pos:
 
АААААААААААА ЗНАМ ЗНАМ ГО ИМАМ решението ГИЛОТИЊА најголема атракција ке бидеме во светов,секој ден по еден политичае абе ке се растуриме од пари зимајки бре луѓе
 
Нас како прво и нај битно ни треба секој да си ја работи својата работа, како што треба и да не забушава, а особено тие што работат во државни институции :)
 
Да бев премиер на Република Македонија еве што би направил.


Премиерот Груевски коментирајќи ги ефектите од криминалната приватизација кажа дека на Македонија ќе и требаат 15-20 години економски да закрепне.

Проценката е објективна со оглед на динамиката со која напредува нашата економија.
Лично јас сметам дека тој тајм-фрејм е предолг.

Да бидеме реални за тој период Европа може до темел да се срамни и обнови, а ние не можеме едно држава од 2 милиони луѓе да средиме???

Дојдов до идеја како можеме економски да се избавиме.

Бидејќи странските иневститори и покрај жестоката кампања на владата(investinmacedonia проектот) тешко се одлучуваат да инвестираат во Македонија, мојата идеја е самата држава да инвестира.

Не мислам на класично градење фабрики, туку инвестиции во туризмот, во туристички фасилитис.

Туризмот како индустрија учествува со 10% од вкупниот аутпут на добра и услуги на светско ниво, туризмот се смета за индустрија на иднината.

Мојата идеја е Груевски да позајми 2 милјарда евра од Русите/Арапите/Кинезите и со нив да го изгради најголемиот "Аква Парк" во светот.

Аква паркот да не биде класичен воден ресорт туку да биде опремен со досега невидени иновации и "фори".

Целиов овој проект "тежок" 2 милјарда евра со својата гравитациска сила со сигурност ќе привлече познати хотелски брeндови како и стотици милиони евра во форма на Странски Директни Инвестиции.

Аква Паркот ќе работи во "топлите месеци" од месец мај па се до крајот на септември и на годишно ниво ќе биде посетуван од минимум 3 милиони туристи.

Каматата како и кредитот кои ќе бидат земени за изградба на аква паркот лесно ќе бидат вратени затоа што приходите што ќе се остваруваат ќе бидат високи.

Со бројки да го претставиме проектов:

3 милиони туристи* 200 евра = 600 милиони евра тоа значи вработување на минимум 30 илјади луѓе во целиов овој проект
(угостителскиот сектор,производство на храна и пијалоци,услуги,одржување на објектите итд)

Може идејата изгледа комунистичка и нереална пошто и самите од искуство знаеме дека државата е лош алокатор на средства.

Но и за тоа има решение, одкога ќе се изгради "Аква Парков" може истиот да се даде на управување под концесија на приватни компании или пак може да се најми врхунска менаџерска компанија која ќе оперира со бизнисот, а профитот да оди кај државата.



Не биди забеган кој е ненормален да ти даде 2 милијарди шо забегаваш сеа ај што ретко кој ќе ти даде ама па и ќе си ја посрамиме државата ако побараме пари пошто толку некаде е и целиот наш буџет наместо да градиме фабрики , да ги отвориме старите рудници кој се затворени веќе 30 години, да градиме хидроцентрали и термоцентрали итн, со кој што ќе си имаме онолку колку ни треба ти ќе градиш аква парк бог да чува човече знаеш ли ти дека само 4-5 рудника за бакар да имаш и да вадиш цело време злато од бакарната руда ќе се има два пати поеќе пари од тој твој аква парк, лани доаѓаат во Свети Николе кај нас некој си американци ли какви беа да бараат нафта во Овчеполието и докажаа дека ретко која држава на светот (со исклучок на Русија и земјите од Блискиот Исток) има нафта колку што имаме ние на Овче Поле да почне владата да ја вади и да ја продава нафтата тое се невидени пари човече годишно ќе се вртат по 1-2 милијарди долари.... мислете малце не само да тресете шишарки :toe:

P.S- Ваква држава каква што имаме нема шанси да направи било што !
 
Нас како прво и нај битно ни треба секој да си ја работи својата работа, како што треба и да не забушава, а особено тие што работат во државни институции :)

ако во овој домен збориме, прво и основно, ни треба ПРЕПОЛОВУВАЊЕ на администрацијата, па после ке видиме што да се прави...
 
Па темата е Спас за Македонија :) а ова што го пишав е голем чекор напред за таа цел :Р
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom