Уште поглупо е да веруваш дека тоа е само официјална политика.Ама тоа е од просто непознавање на циганите јужни

Тие гледаат само новчаник со пари пред себе и никој нема ништо да ти каже ако си потенцијален муштерија.За име на вистината сите овие бескичмењаци кои идат таму во нужда да кажат од каде се кажуваат Скопје.
Не знам зашто мора да се зборува на ниво на патриот или непатриот,овде се работи за нешто посуштинско ,во прашање е дали имаш или немаш човечко достоинство
Не знам зашто мораме да се препукаваме, кога и сам знаеш дека сум во право.
Еве, ќе ти го објаснам проблемот, не само со Грците, туку општо, менталитетот на било кој народ. Точно е дека повеќето се затуцани во нивните глупи идеологии, а им е вградено да не мразат и да мислат дека сакаме државата да им ја украдеме. Ама искрено, ако тебе те учат на истото од прво одделение, кога си немал интернет и други информации, не би бил како нив?
А дека сите се такви, тоа може да го каже само ултра-патриот, кој никогаш не бил во Грција...ама па глеј, од телевизија знае какви се Грците. Искрено, имам идено таму повеќе пати, не само ради шопинг, туку зашто и од страната на мајка ми имам роднини таму. Има неколку типови на Грци:
-забеганите идеологисти и националисти
-оние кои се информирани и можеш да збориш со нив
-како и оние помладите (возраст 15-25 години) кои just don't give a fuck и нема да те заколат со нож, него напротив...
Според мене, само луѓе со тешки илузии не би оделе никогаш во Грција заради некако патриотизам, наводно. Тоа е бе, луѓе, чисто јачање меѓу себе. Повеќето вакви квази-патриоти не одат во Грција бидејќи имаат друга алтернатива - можат да одат во Србија, можат дури и во Бугарија на шопинг. Ако немаат алтернатива, тогаш ќе се види кој колкав патриот се прави. Ако ја немаат Србија, ако ја немаат Бугарија...тогаш ќе си ги затворат устите и ќе одат во Грција. Пардон, ако го немаат и eBay.
Бидејќи, ако имаш алтернатива, тогаш ти не правиш никаква жртва. Не си ништо повеќе од оние што одат во Грција, бидејќи и ВАКА (шопинг во Грција), а и ТАКА (шопинг во Србија) ги трошиш ПАРИТЕ НАДВОР. Ау да, дури и преку eBay. Уствари ова патриотиве си бираат алтернатива, а пошто не идат во Грција добиваат некаква морална сатисфакција.
Мозокот на квази-патриот:
"
Овие Грциве 20 години не ебат во здрав мозок со нивната политика, не блокираат од ЕУ и не ни го признаваат името?! ТАКА ЛИ?! Епа, ја место да идам на шопинг во Грција, ќе идам на шопинг ВО СРБИЈА!!!! НЕКА СКАПАТ ГРЧИШТАТА!!!!"
И си мислат дека ако не отишле во Грција, којзнае колкава услуга и направиле на Македонија...божем, ново дрво никнува секојпат кога не отишле во Грција.
Да ти преминам и на вториот дел од муабетот. Нормално дека Грците гледаат пари да ќарат. Истото го прават и Македонците. Јас бев во Грција лани, повеќе заради сентиментални причини (мајка ми), ама успеав и да "ќарам" Xbox360 конзола. Еве ти ја ситуацијава, во грчкото Германос најдов таква конзола за 130 евра (кај нас е 17.000, истата варијанта). Продавачот (циган грк) ја отвори кутијата (залепена со заштитна налепница од Microsoft) само за да видам дали ги има потребните приклучоци на неа. Потоа, освен што ни објасни за гаранцијата и некои други информации за враќање данок на граница, се реши да ми уфрли и една игра гратис.
И пази го овој дел - знаеше дека сме од Македонија.
И пази ја математикава - јас да го купев кај нас, ќе потрошев дупло повеќе, само за некоја индивидуа која купува конзоли од странство, да може да ќари. Ќе "дадев" 100 евра за Македонија, односно за неговиот џеб. Не е битно што он држи нереални цени и го боли кур дека ние Македонците ипак сакаме конзола по реална цена.
Но, ова е најдобриот дел - истиот тој МАКЕДОНЕЦ кој продава конзоли (xbox360) во Македонија...
ГИ КУПУВА ОД ГРЦИЈА. Значи јас не само што ќе дадев 100 евра повеќе, не само што ќе го опарев тој неразумен трговец (кој наместо да ги дава игрите кои идат со конзолата, ги вади и ги препродава за 10 евра)...него на крај ПАК ЌЕ КУПЕВ ОД ГРЦИЈА.
Се надевам сега е појасно како стојат работите, не викам јас дека сум патриот што идам во Грција, ама па не сте ни вие што не одите.