Принцезичка
courage is contagious
- Член од
- 12 декември 2008
- Мислења
- 1.556
- Поени од реакции
- 348
За социјална помош извисија 11.000 семејства
Со масовно укинување на социјалните пари за најсиромашните граѓани, власта произведува социјална бомба, обвини Зоран Заев
СТРУМИЦА - „За социјална помош извисија 11.000 семејства во Македонија или 40.000-50.000 граѓани. Само во Струмица се изготвени или издадени повеќе од 600 решенија за укинување на правото за добивање месечна социјална помош“, изјави потпретседателот на СДСМ, Зоран Заев, на вчерашната прес-конференција. Тој ја обвини власта дека произведува социјална бомба со масовното укинување на социјалните пари за најсиромашните.
Дел од социјалците во Струмичкиот регион на кои во 2011 година им е укинато правото за добивање надомест вчера протестираа пред Центарот за социјална работа во Струмица. Сите беа гневни и револтирани од ваквата одлука на центарот бидејќи, како што изјавија, ообразложенијата за неа биле неосновани и неиздржани.
„Владата на Груевски остави илјадници семејства без корка леб, без око да и' трепне и без да размисли за судбината на тие луѓе. Веројатно секому му е јасно дека месечната помош од 1.800, 2.000 или 2.500 денари е само за леб. Треба ли со лебот уште нешто за јадење, парче облека, огрев за да имаат топол дом или да ги платат сметките за струја и за вода. Тогаш нормално е луѓето да бараат спас за да дојдат до некој денар повеќе. Сезонското аргатување, собирањето пластични шишиња или старо железо и слични работи како обид за преживување не треба да бидат причина за укинување на парите без предупредување или укажување да се пријават тие приходи“, истакна Заев на вчерашната прес-конференција.
Според него, има примери на граѓани кои од социјалната програма на Општина Струмица примиле 2.000-3.000 денари за лекување дете, купување кубик дрва или за слични потреби, поради што останале без социјална помош. „Малку и' беше на власта што успеа од Македонија да направи европски рекордер во сиромаштија, па како да сака да ја докусури и онака бедната социјална слика за нашава земја. Масовното укинување на социјалната помош е уште еден доказ дека оваа расипничка политичка гарнитура не избира средства како да го исцеди и последниот денар од граѓаните за реализација на своите мегаломански и налудничави проекти од типот ‘Скопје 2014‘, кои се буре без дно“, истакна Заев. Тој го повика Министерството за труд и социјална политика да ги преиспита, односно да ги повлече решенијата за укинување на помошта.
Социјалците од Струмица приложија решенија од кои можеше да се види дека укинувањето на помошта било направено поради минималните приходи што ги оствариле во минатата година, а ги добиле на трансакциски сметки што биле евидентирани во Управата за јавни приходи. Граѓаните што останаа без пари најавија дека правдата ќе ја бараат на суд.
„Примав социјална помош. Во меѓувреме побарав и добив помош од Општината во износ од 2.000 денари зашто детето ми беше болно. Токму ова ми се смета како дополнителен приход бидејќи исплатата одеше преку сметка, па ми ја укинаа социјалната помош од која живееше моето петчлено семејство“, се пожали Абди Арифов, еден од луѓето што протестираа пред центарот во Струмица.
Директорот на Центарот за социјални работи, Кире Поп Трајков, вчера потврди дека 500 домаќинства останале без социјална помош. „При годишната обнова на документите за социјална помош преку Управата за јавни приходи е утврдено дека овие семејства во текот на 2009 година преку своите трансакциски сметки имаат остварени приходи што не ги пријавиле при годишното обновување во документите за социјална помош. Затоа што лажно ја прикажале имотната состојба на своето домаќинство, тие го изгубиле правото на социјална помош во наредните 12 месеци. Исто така, се задолжуваат да и' ги вратат на државата парите што ги зеле неоправдано “, објасни Кире Поп Трајков, директор на центарот.
Инаку, вчера министерот за труд и социјална политика, Џељаљ Бајрами, ги демантираше обвинувањата од Зоран Заев, дека масовно се укинува социјалната помош. Тој појасни дека станува збор за корисници за кои е утврдено дека остварувале приходи по други основи. „Ние ја разбираме потребата за добивање евтини политички поени на партиите, но не можеме да разбереме како може политичка партија да се труди да го заштити незаконското искористување на буџетските средства“, рече Бајрами. Тој информира дека имало случаи во кои за корисник на социјална помош е утврдено дека има остварено приходи од еден милион и 500 илјади денари, како и од 600, 500, 400 илјади денари... Против лицата за кои е утврдено дека биле корисници на социјална помош, а остварувале приходи по други основи ќе бидат изготвени решенија за враќање на незаконско користење буџетски средства. (Е.П.)
http://daily.mk/cluster3/614f8e0b99549477224b03d819c138f7/550447
Се спремаат и да ги тужат
Колку луѓе можат да преживеат на 1500-2000-2500 денари месечно?
Ова е сигурен знак дека нема пари во Буџетот
Банкрот кога ?
Мај ?
Јуни?
Јули ?