На денешен ден!

pAnDa`

Original..
Член од
5 ноември 2009
Мислења
578
Поени од реакции
35
1787 Во селото Тршиќ е роден Вук Стефановиќ Караџиќ, голем деец во областа на културата - лингвист, етнограф, историчар, собирач на народни умотворби и реформатор на српскиот литературен јазик. Умре во Виена, на 7.02.1864 година.
1893 Во Петроград умре Петар Илич Чајковски, најистакнат руски композитор и еден од најголемите симфоничари во 19 век. Значаен придонес даде и во развојот на рускиот балет. Неговиот музички придонес е мошне богат. Тој е композитор на шест симфонии, на три клавирски концерти на оперите "Евгениј Онегин" и "Пикова Дама", на балетот "Лебедово езеро" и на увертирата "Ромео и Јулија", кои спаѓаат меѓу најпознатите дела на руската и на светската класика. Роден е во Камско Боткинск, на 7.05.1840 година.
1909 Во Куманово е роден Трајко Прокопиев, истакнат македонски композитор и диригент. По ослободувањето го формира пејачкиот хор на Главниот штаб на НОВ на Македонија, а во 1945 година стана прв директор на Средната музичка школа во Скопје. Тој беше главен музички уредник на Радио Скопје, диригент на Симфонискиот оркестар и на Операта на Македонскиот народен театар, а од 1958 до 1964 година го водеше Ансамблот за народни игри и песни на Македонија "Танец". Умре во Белград, на 21.01.1979 година.
1942 Во селото Битуше, Гостиварско, проработи првата партизанска печатница во Македонија "Гоце Делчев".
1944 Ослободени се градовите: Радовиш, Дојран и Валандово.
1944 Во Битола е формиран хорот "Стив Наумов", кој подоцна прерасна во КУД "Стив Наумов".
1984 Роналд Реган повторно е избран за претседател на Соединетите Американски Држави.
I sepak Radovis.. : ))
 

Хакет Мен

Juventus Till I Die
Член од
23 јануари 2009
Мислења
10.227
Поени од реакции
3.414
Меѓународен ден за урбани средини.

1520 Данскиот крал Кристијан II нареди погубување на повеќе од 80 шведски свештеници. Овој чин е познат како „стокхолмско крвопролевање“. На настанот му претходеше востанието на Швеѓаните за ослободување од Данска.
1576 Според договорот склучен во Гана, сите 17 холандски провинции се обединија во борбата против Шпанија за ослободување на земјата. Бидејќи Холанѓаните повеќето се протестанти отпорот на шпанските власти имал и верски причини.
1656 Роден е англискиот астроном и геофизичар Едмунд Халеј. Беше директор на Гриничката опсерваторија и кралевски астроном. Го изработил првиот каталог на ѕвездите на јужното небо и утврдил дека кометите се воочени во 1682, 1601 и во 1551 година, односно истата комета се јавува периодично. Предвидел дека истата ќе се појави кон крајот на 1758 година, што и се случило со мало задоцнување. Во негова чест истото всленско тело е наречено Халејева комета. Прв откри дека ѕвездите се движат, исто како и Сонцето и ја направил првата метеоролошка карта. Дела: „Каталог на јужните ѕвезди“, „Астрономски преглед на кометите“, „Теорија на магнетниот компас“.
1674 Умре англискиот писател Џон Милтон, еден од најголемите поети во светската литература, исклучително образован, силна личност со висок морал и значаен мислител. Дела: „Изгубениот рај“, „L'Allegro“, „II Penseroso“, „Komus“, „Lisidas“ и други.
1793 На гилотина е погубена Жан Мари „Манон Флипон“ Ролан, позната како Мадам Ролан, која за време на Француската револуција во својот салон во Приз ги собирала пистелите и останатите уметници и политичари. Нејзиниот сопруг Жан Мари Ролан де ла Платијер во 1792 година беше министер за внатрешни работи на Франција. Беше погубена во текот на јакобинската тиранија, по што нејзиниот сопруг се самоуби.
1793 Парискиот музеј Лувр првпат беше отворен за публиката. Пред тоа Лувр беше кралски дворец.
1878 Во селото Папрадиште, Велешко, роден е Димитрија Чуповски, еден од најистакнатите и најдоследните организатори и афирматори на македонската национална мисла, политичар, дипломат, научник, историчар и филолог. Беше прв претседател на Славјанско-македонското научно литературно друштво основано во Петроград, во 1902 година. Умре во Санкт Петербург, на 29 октомври 1940 година.
1878 Во Кукуш, Егејска Македонија, роден е Димитар Влахов, истакнат македонски револуционер, политичар и публицист, повеќе децении присутен на македонската историска сцена во борбата на македонскиот народ за национално и социјално ослободување. Умре во Белград, на 7 април 1953 година.
1890 Умре Сесар Франк, француски композитор, од белгиска националност, оргуљаш и музички педагог, генијално надарен за импровизација. Како композитор, се смета за еден од најпознатите твроци во француската музика во 19 век. Роден е на 10 декември 1822 година.
1895 Германскиот физичар Вилхелм Конрад Рентген ги откри рентгенските зраци, кои сам ги нарече икс-зраци.
1906 Во Штип е роден Михаило Апостолски, македонски академик, народен херој и генерал-полковник. Работеше на организирањето на одбраната на земјата во времето на НОВ и стана командант на Главниот штаб на Народноослободителната војска и партизанските одреди на Македонија, со кој успешно раководеше се до ослободувањето на земјата. Умре во Дојран, на 7 август 1987 година.
1917 Како нова влада на Русија беше востановен Советот на народните комесари и тоа Ленин како претседател, Троцки како комесар за надворени работи и Сталин како комесар за народностите.
1922 Роден е јужноафриканскиот хирург Кристијан Барнард, кој во 1967 година го изврши првото пресадување на човечко срце.
1923 Во Минхен е спречен обидот за пуч на Адолф Хитлер, а водачот на нацистите беше уапсен четири дена подоцна.
1932 За претседател на САД е избран кандидатот на Демократската партија Френклин Рузвелт. Тој беше биран уште трипати за шеф на државата, што е единствен случај во американската историја и спротивно на уставот на САД. На власт остана до смртта, во 1945 година.
1942Сојузничките сили со прва поголема сојузничка комбинирана операција навлегоа во северна Африка, во Втората светска војна. Во поморскиот десант „Бакља“ под команда на генералот Двајт Ајзенхауер, сојузниците навлегоа кај алжирските градови Оран и Алжир и кај Казабланка во Мароко. Борбите против германско-италијанските групи завршија на 13 мај 1943 година, со пораз на силите на Оската и француските трупи на маршалот Петен, со што заврши војната во Африка.
1944 Ослободени се градовите Штип, Неготино и Струга.
1959 Обединетата Арапска Република (Египет, Сирија и Либија) и Судан потпишаа договор за поделба на водата на Нила по изградбата на Асуанската брана.
1960 Кандидатот на Демократската партија Џон Кенеди на 43-годишна возраст е избран за претседател на САД, најмлад шеф на државата во американската историја.
1972 Западна и Источна Германија по 23 години ја завршија студената ангатонистичка војна иницирана со договорот за добрососедство и обострано почитување на постоењето на двете суверени германски држави.
1986 Умре рускиот политичар Вјацеслав Михајлович Молотов, шеф на советската дипломатија од 1939 до 1949 и од 1953 до 1956 година.
1988 Републиканецот Џорџ Буш е избран за претседател на САД по победата над демократот Мајкл Дукакис. Тоа беше трета една по друга победа на републиканците. Буш, кој инаку беше потпретседател, ја презеде власта по двата мандати на Роналд Реган.
1989 Афроамериканецот Даглас Вајлдер е избран за гувернер на Вирџинија, како прв црнец во историјата на САД кој станал гувернер на некоја сојузна држава. Истиот ден црнецот Дејвид Динкинс беше избран за градоначалник на Њујорк.
1990 Собранието на Социјалистичка Република Македонија, под претседателство на Вулнет Старова, ја одржа последната официјална седница на стариот делегатски состав, пред претстојните повеќепартиски избори (11 ноември 1990 година). Оттогаш, до конституирањето на првото повеќепартиско Собрание на СР Македонија (на 8 јануари 1991 година), заседаваше уште неколкупати...
1991 Европската заедница (сега Европска унија) зазеде санкции против Југославија, со кои беше прекинат договорот за трговија и соработка.
1994 На м-р Марија Пандевска, асистент во Институтот за ноционална историја на Македонија, и е доделена првата (првпат) награда за најдобар труд од историските науки, што ја доделува Фондацијата „Михаило и Цвета Апостолски“.
1995 Француската десничарска влада неочекувано поднесе оставка, но претседателот Жак Ширак побара од премиерот Ален Жипе, да остане на функцијата и да го формира новиот кабинет.
1997 Во Кина почна изградбата на хидроелектраната „Три клисури“, најголема електрична централа на планетата.
1997 Умре Миле Брзанов, македонски музички деец.
1997 Умре Благој Кондарко, македонски просветен деец. Роден е во 1918 година.
1998 Судот во Бангладеш на смрт осуди 15 бивши офицери, обвинети за убиство на бангладешкиот претседател шеикот Мудибур Рахман во воениот удар во август 1975 година.
2001 Горниот дом на француското собрание го изгласа законот со кој на медитеранскиот остров Корзика му е дадена ограничена автономија.
2004 Кубанските власти го „тргнаа“ американскиот долар од кубанскиот пазар, а американската валута, по курс еден спрема еден, ја заменија со „конвертибилен пезос“, порано со фиктивна сметководствена единица, а сега и формално печатење на монети во исти апоени, дури и со иста зелена боја како и доларот. „Кубанскиот долар“, наместо американскиот претседател, ги носи ликовите на Кастровите револуционери, почнувајќи од легандерниот Ернес Че Гевара.
2005 Францускиот претседател Жак Ширак прогласи вонредна состојба, со цел да се спроведе полициски час во градовите во кои избија нереди. Повод за нередите беше смртта на две момчиња од африканско потекло, кои 10 дена порано настрадале од електричен удар во трафостаница, каде се сокриле верувајќи дека за нив има распишано полициска потера.
2006 Најмалку 42 пакистански војници беа убиени и околу 40 ранети во самоубиствениот напад врз воената база во местото Даргаи, во северозападен Пакистан, каде се наоѓа главниот американски центар за обука на трупите за борба против тероризам во тој регион. Самоубиецот втрчал во базата и го активирал експлозивот во моментот додека војниците се собирале за утрински тренинг.
2006 Најмалку 60 луѓе беа убиени, а 150 повредени на истокот од Шри Ланка, во побунетото место Китиравели, кога војската со артилерија го нападна кампот за интерно раселени лица. Војската на Шри Ланка соопшти дека нападот врз позициите на бунтовниците бил извршен откако тие први отвориле оган. Во судирите во кои учествуваа Тамилските тигри во 2006 година настрадаа околу 2.000 луѓе, војници и бунтовници. Тамилските тигри се борат за својата независна држава уште од 1983 година.
 

Хакет Мен

Juventus Till I Die
Член од
23 јануари 2009
Мислења
10.227
Поени од реакции
3.414
1878.Во селото Папрадиште, Велешко, роден е Димитрија Чуповски, еден од најистакнатите и најдоследните организатори и афирматори на македонската национална мисла, политичар, дипломат, научник, историчар и филолог. Беше прв претседател на Славјанско-македонското научно литературно друштво основано во Петроград, во 1902 година. Умре во Ленинград, на 29.10.1940 година.
1878 Во Кукуш, Егејска Македонија, роден е Димитар Влахов, истакнат македонски револуционер, политичар и публицист, повеќе децении присутен на македонската историска сцена во борбата на македонскиот народ за национално и социјално ослободување. Умре во Белград, на 7.04.1953 година.
1906 Во Штип е роден Михаило Апостолски, македонски академик, народен херој и генерал-полковник. Работеше на организирањето на одбраната на земјата во времето на НОВ и стана командант на Главниот штаб на Народноослободителната војска и партизанските одреди на Македонија, со кој успешно раководеше се до ослободувањето на земјата. Умре во Дојран, на 7.08.1987 година.
1944 Ослободени се градовите Штип, Неготино и Струга.
1995 Француската десничарска Влада неочекувано поднесе оставка, но претседателот Жак Ширак побара од премиерот Ален Жипе, да остане на функцијата и да го формира новиот кабинет.
1995 Република Македонија официјално стана 38-ма членка на Советот на Европа.
 

Хакет Мен

Juventus Till I Die
Член од
23 јануари 2009
Мислења
10.227
Поени од реакции
3.414
1689.Во Призрен умре Џовани Пиколомини, австриски војсководец, по чија наредба австриската војска го запали Скопје на 26 октомври 1689 година. Роден е во 1650 година.
1799 Наполеон Бонапарта го отфрли Директориумот и како прв конзул стана вистински владетел во Франција.
1818 Во Орел е роден Иван Сергеевич Тургенев, руски писател. Неговите дела извршија големо влијание врз новелистиката. Меѓу најпознатите негови дела се "Благородничко гнездо", "Татковци и деца", "Спроти новите дни" и други. Умре во Боуговил, на 22 август 1883 година.
1918 Во Берлин, по генералниот штрајк, почна револуцијата против царската власт. Истиот ден е урната монархијата, а царот Вилхем Втори побегна во Холандија. Тоа беше крај на германското царство. Власта ја презеде водачот на социјалдемократите Фредрих Еберд.
1918 Во Париз умре Гијом Аполинер, француски поет и литературен критичар, од полско потекло. Во почетокот беше симболист и под влијание на Шарл Бодлер, а подоцна стана претставник на новите правци во уметноста - кубизмот и надреализмот. Познати се неговите дела „Алкохоли“, „Калиграми“ и „Изморениот поет“. Роден е во Рим, на 26 август 1880 година.
1937 Умре бритнаскиот државник Џејмс Ремзи Мекдоналд, еден од основачите на Лабуристичката партија. Како прв лабурист, во 1924 година стана премиер на Велика Британија, а владата повторно ја предводше и од 1929 до 1935 година.
1938 На заповед од највисокиот врв, нацистите го почнаа прогонот на Евреите во Третиот рајх.
1940 Умре Артур Невил Чемберлен, британски политичар и државник, водач на Конзервативната партија. Према агресивноста на фашистичките сили водеше политика на попуштање, што доведе до зголемување на агресивноста на фашистичките сили и до почетокот на Втората светска војна. Умре на 18 март 1869 година.
1944 Ослободен е Велес.
1952 Умре израелскиот државник и хемичар Хаим Азриел Вајцман, пронаоѓач на синтетичкиот ацетон и прв претседател на Израел од 1948 година се до својата смрт. Беше директор на хемиската лабораторија во Британскит адмиралитет од 1916 до 1919, престседател на Светската ционистичка организација од 1920 до 1931 и на Еврејската агенција од 1929 до 1931 и од 1935 до 1946 година.
1963 Во јапонскиот рудник за јаглен Омута во експлозија на гас загинаа 452 рудари, а истиот ден загинаа и 161 патник во судир на товарен со патнички воз, кој сообраќал кон Токио.
1970 Во местото Коломбеј умре Шарл де Гол, француски генерал и државник, претседател на Петтата Француска Република од 1959 година, голем светски политичар и борец против фашизмот. Роден е во Лил, на 22 ноември 1890 година.
1971 Народна Република Кина е примена во членството на Обединетите нации.
1985 Советскиот велемајстор Гари Каспаров во 23-та година од животот стана најмлад светски првак во историјата на шахот, по победата над Анатолиј Карпов.
1989 Демократска Република Германија (Источна) ја отвори својата граница спрема Сојузна Република Германија (Западна) - "падна" Берлинскиот ѕид.
1991 Умре францускиот писател и глумец од италијанско потекло Ив Монтан, кој светската слава ја постигна со филмот „Дневница за страв“. Филови: „Ноќна врата“, „Хероите се уморни“, „Вештерките од Салем“, „Го сакате ли Брамс“, „Ајде да се сакаме“, „З“, „Признавање“.
1992 Во прашката болница на Хомолце умре Александар Дубчек, претседателот на Социјалдемократската партија на Словачка, лидер на Прашката пролет во 1968 година и симбол на демократските промени во Источна Европа.
1993 Со топовски гранати од страна на Хрватите беше срушен Стариoт мост во Мостар, изграден во 1566 година.
1993 На конференцијата на организацијата за храна и земјоделство (ФАО), во Рим, се изврши гласањето за нов генерален директор, а приемот на Република Македонија во ФАО предизвика големо интересирање.
1995 Претседателот на Русија Борис Елцин стави вето на законот за еднострано укинување на санкциите против Југославија, кој беше изгласан претходниот месец во двата дома на руската Дума.
1995 Претседателот на Палестинската ослободувачка организација Јасер Арафат првпат го посети Израел. Тој отиде во семејната куќа четири дена по убиството на израелскиот премиер Јицак Рабин да и изрази сочуство на вдовицата.
1995 Во Стразбур е извршен и формален прием на Република Македонија во членството на Советот на Европа, како 38 членка.
2001 Наставно-научниот совет на Правниот факултет во Скопје донесе одлука со која Правниот факултет се именува во Правен факултет „Јустинијан Први“.
2002 Израелските сили во градот Џенин во Западниот Брег го ликвидираа водачот на военото крило на терористичкиот „Исламски џихад“ Ијад Савалах.
2005 Умре поранешниот индијски претседател Коцерил Раман Нарајанан, прв припадник на каста „недопирливите“, најнискиот слој на индискиот кастински општествен систем, кој стаса до функцијата шеф на државата.
2005 Во самоубиствениот бомбашки напад врз хотелите „Хајат“, „Радисон“ и „Џејс ин“ во Аман, главниот град на Јордан, загинаа најмалку 57, а ранети беа околу сто луѓе. Најмногу жртви имаше во хотелот „Радисон“ кога бомбашот упаднал меѓу сватовите. За овој напад во Ирак одговорноста ја презеде Ал Каида.
2005 Европската комисија даде позитивно мислење за кандидатурата на Македонија за членство во Европската унија и му препорача на Европскиот совет да и даде статус кандидат.
2006 Во воздушниот напад на силите на НАТО врз провинцијата Кандахар, на југот од Авганистан, загинаа 28 талибански екстремисти.
2006 Умре Маркус Волф, долгогодишен шеф на тајната служба на Министерството за државна безбедност на некогашката Источна Германија
 

Хакет Мен

Juventus Till I Die
Член од
23 јануари 2009
Мислења
10.227
Поени од реакции
3.414
1483 Роден е Мартин Лутер, свештеник и професор по теологија, основач на протестантизмот и водач на реформацијата во Германија. По барањето за реформа на црквата во 1517 година, тој е екскомунициран од црквата, неговото движење се прошири низ Германија и прерасна во широко народно движење против папската власт и против феудалното уредување. Кога реформацијата доведе до селанската војна против феудализмот во 1525 година, тој беше на страна на феудалците. Умре на 18.02.1546 година.
1931 Во Скопје е роден Тома Прошев, македонски композитор, еден од најплодните музички творци. Познати се неговите опери "Пајажина", "Малиот принц" и "Аретеј". Умре во Загреб, на 12.09.1996 година.
1938 Во Истанбул умре Мустафа Кемал-паша, наречен Ататурк-татко на Турците, турски револуционер, маршал и државник. Изврши значајни реформи во земјата, прокламирајќи еднаквост на сите граѓани, ги забрани фесот, зарот и фереџето, ја воведе латиницата наместо арапското писмо и друго. Роден е во Солун, во 1880 година.
1968 Кај Ерџелија, Светиниколско, умре Јован Бошковски, македонски писател, книжевен и филмски критичар, преведувач и сценарист. Најпознати негови дела се "Растрел", "Багалци", "Блокада", "Луѓе и птици" и "Солунските атентатори". Автор е на сценаријата на филмовите "Солунските атентатори", "Под исто небо", а се појавува и како соработник на сценаријата за филмовите "Мементо" и "Републиката во пламен". Роден е во Скопје, на 25.12.1920 година.
1991 Во Париз умре Ив Монтан, француски шансониер, театарски и филмски актер. Главни филмови: "Хероите се уморни", "Вештерките од Салем" и "Го сакате ли Брамс". Роден е во Италија, на 13. 10.1921 година.
1994 Во Брисел е отворена светската изложба на пронајдоци, истражување и индустриски иновации "Еурека 94", на која Македонија за првпат беше самостојно претставена. На изложбата учествуваа 32 земји со околу 1.200 пронајдоци. Македонија беше претставена преку законот за заштита на индустриската сопственост.
 
С

Спенсер

Гостин
2001 При обезбедување на ископувањето на масовна гробница кај Требош,подмолно и кукавички од заседа беа убиени 3ца полицајци:Бобан Трпков, Оливер Петрушевски и Драго Маневски. (3тиот лично го познавав)... ЛЕСНА ИМ ЗЕМЈА!
 

Хакет Мен

Juventus Till I Die
Член од
23 јануари 2009
Мислења
10.227
Поени од реакции
3.414
1943 Во селото Сливово, Охридско, формирана е Првата македонско-косовска НОУ бригада. Таа беше формирана од НОП баталјон "Мирче Ацев", Кичевскиот баталјон, Првиот косовски баталјон "Рамиз Садику", "Вториот косовски баталјон "Борис Вукмировиќ" и од четата на придружните баталјони на Главниот штаб на Македонија. При формирањето имаше 700 борци и го доби називот ударна.
1944 Ослободено е Куманово.
1963 Во Скопје излезе првиот број на дневниот весник "Вечер".
1973 На 101 километар на патот Каиро-Суец, потпишана е спогодбата за прекин на огнот меѓу Израел и Египет. На тој начин официјално престанаа воените операции во "октомвриската војна", на Блискиот Исток.
1990 Во Атина умре Јанис Рицос, поет на грчката левица. Освен "Златниот венец" на Струшките вечери на поезијата (1985) има добиено уште 23 други меѓународни признанија. Има издадено 117 книги поезија, преведени на 21 јазик. Поради неговите изразито левичарски убедувања повеќепати е апсен. Роден е во Монамвасија, на Пелопонез, на 1.05.1909 година.
1990 Во СР Македонија се одржаа првите слободни повеќепартиски избори.
1995 Во Брисел, шеснаесетте земји членки на Алијансата му дадоа "зелено светло" на предлогот на Политичкиот комитет, Република Македонија, да биде 27-ма потписничка на програмата "Партнерство за мир".
 

Хакет Мен

Juventus Till I Die
Член од
23 јануари 2009
Мислења
10.227
Поени од реакции
3.414
565.Умре византискиот цар Јустинијан I наречен Велики, кој се прослави со кодификација на римското право, голем градител и освојувач. Во 537 година ја изгради црквата Аја Софија, најголема во Константинопол, која по освојувањето на градот во 1453 година Турците ја претворија во џамија. Кемал Ататурк од неа направи музеј.
1533 Шпанските освојувачи под командата на Франциско Пизар го зазедоа градот Куско, престолнина на царството на Инките.
1770 Шкотскиот истражувач Џејмс Брус откри дека Синиот Нил извира од езерото Тана во северозападна Етипија.
1765 Роден е Роберт Фултон, северноамерикански инженер и пронаоѓач. Ја конструира првата машина за предење на лен, во 1807 година го изгради првиот употреблив параброд „Клермонт“, кој заплови во реката Хадсон кај Њујорк, а творец е и на првиот воен брод на пареа. Умре на 24 февруари 1815 година.
1831 Во Берлин умре Валхелм Фридрих Хегел, најистакнат претставник на германската идеалистичка филозофија. Со своите сфаќања за дијалектиката, тој изврши позитивно влијание врз напреднатата европска и шведска мисла. Негови најпознати дела се "Филозофија на духот", "Логика". "Естетика" и други. Роден е во Штутгарт, на 27 август 1770 година.
1840 Роден е францускиот сликар Клод Моне, еден од основачите на импресионизмот. Според неговата слика „Импресија, излез на сонцето“, изложена во 1874 година во Париз, целиот сликарски правец го доби називот импресионизам, чиј најдостоен и највлијателен претставник е самиот тој. Изврши огромно влијание врз европското сликарство.
1847 Во Швајацарија изби граѓанска војна меѓу Швајцарската конфедерација и седум римокатолички кантони. Војната заврши истиот месец со пораз на Зондербунд.
1863 Роден е белгискиот хемичар Лео Бакеланд. Лео Бакеланд го откри бакелитот, кој е совршен изолатор, а тоа овозможи развој на пластичната индустрија.
1884 Умре Алфред Едмонд Брем, германски природонаучник и зоолог. На патувањата низ Европа, Африка и Мала Азија собра огромен материјал и го објави во своите дела за животните "Животинско царство", "Животот на птиците" и "Шумски животни".
1889- Роден е Џавархарлал Нехру, индиски државник, еден од основачите на политиката на неврзувањето. Беше близок соработник на Ганди. По завршувањето на Втората светска војна стана премиер и министер за надворешни работи во Индија, тогаш уште британски доминион, а од 1950 година претседател на Владата на независна Република Индија. Го формираше таканаречениот индиски пат во социјализмот и како протагонист на антиблоковската политика остана еден од најсветлите ликови на современата светска историја. Умре на 27 мај 1964 година.
1891 Роден е канадскиот филозоф Фредерик Грант Бантинг, кој заедно со Чарлс Бест во 1921 година со инсулинот овозможија лекување на таа дотогаш смртоносна шеќерна болест. Во 1923 година заедно со Џонсон Меклаунд ја доби Нобеловата награда за медицина, но сметајки дека за инсулинот е повеќе заслужен Бест од Меклаунд, својата награда ја подели со Бест.
1897 Во ноќта меѓу 14 и 15 ноември една разбојничка група од Бугарија, која броеше 26 лица, раководена од Коте Голчев од Берово, изврши напад на куќата на Ќазим бег во Виница. Поради отпорот што го даде Ќазим бег, почна борба во која тој беше убиен. Разбојниците ограбија пари и скапоцености во вредност од околу 600 турски лири. Уште при влегувањето во Виница, разбојниците го убија полјакот Ѓорѓи, кој беше член на ТМРО. Така почна таканаречената „Виничка афера“, што имаше големи последици за ТМРО и за населението од тој крај.
1981 Томаш Масарик е избран за прв претседател на Чехословачка.
1922 Роден е египетскиот дипломат Бутрос Бутрос Гали, генерален секретар на Обединетите нации од 1992 до 1996 година.
1935 Претседателот на САД Френклин Рузвелт објави дека во 1946 година Филипини ќе добијат независност. До 1898 година Филипини беа шпанска, а потоа колонија на САД.
1935 Роден е јорданскиот крал Хусеин, владетел со „најдолг стаж“ во арапскиот свет. На престолот на Јордан стапи во 1952 година, со неполни 17 години.
1940 Во напад на германската авијација во Втората светска војна врз британскиот град Ковентри загинаа повеќе од илјада луѓе и е разурната средновековна катедрала (соборна црква).
1941 Во близина на Гибралтар во Втората светска војна потона британскиот носач на авиони „Арк Ројал“ кој претходниот ден беше топредуван од германската подморница.
1944 Група македонски артисти организирани во полупрофесионалниот ансамбл "Кочо Рацин" во Битола, на македонски јазик ја изведоа едночинката "Ѓоре Магаревски", од современиот македонски писател Владо Малески. Со тоа беше означено раѓањето на Народниот театар во Битола и раѓањето на драмската уметност во Македонија.
1946 Умре шпанскиот композитор и пијанист Мануел де Фаља, чии дела се синтеза на андалузиската народна музика и францускиот импресионизам. Мануел де Фаља настојуваше шпанската музика да ја ослободи од вековното италијанско влијание. Во Франција ги компонирал популарните дела „Ноќи во шпанските градини“ и „Седум шпански народни пмесни“, а по враќањето во татковината изведени беа балетите „Љубов на волшебничките“ и „Трирогиот шешир“. Разорачарен од генералот Франциско Франк по граѓанската војна, во 1939 година замина за Аргентина во која остана се до крајот на животот.
1948 Роден е англискиот принц Чарлс, наследник на британскиот престол.
1955 Умре американскиот писател Роберт Емет Шервуд. Тој во драмите пишувани по Првата светска војна се осврнува на пацифичките повоени разочарувања и се залагал за мир во светот. Подоцна, соочен со навлегувањето на нацизмот, се залагаше за војна со која светот би се ослободел од нацистичката тиранија. Дела: „Идиотова радост“, „Нема да има ноќ“, сценарио за филмовите „Духот патува на Запад“, „Најдобрите години од нашиот живот“.
1960 Во судир на два патнички воза во Чехословачка загинаа 11 луѓе.
1979 Во провинцијата Корасан, источен Иран, во земјотрес загинаа најмалку 385 луѓе.
1984 Во Лос Ангелес е уапсен нацистичкиот воен злосторник Андриј Артукович, министер за внатрешни работи на Независна Држава Хрватска во Втората светска војна. Живееше во САД од 1948 година каде стаса со лажно име. Американските власти упорно се оглушуваа на барањето на Југославија за екстрадиција, па дури на 12 февруари 1986 година го испорачаа. На судењето во Загреб беше обвинет за некои поединечни злодела, но не и за геноцидот врз Србите, Евреите и Ромите. На 14 мај 1986 година беше осуден на смрт, но казната не беше извршена. Умре во затвор неполни три години подоцна.
1988 Палестинското собрание ја прифати резолуцијата 242 на Обединетите нации со што посредно го призна Израел и се одрече од тероризам.
1989 Црнечкото движење СВАПО убедливо победи на првите избори во Намибија.
1991 По цели 13 години бегство, Пине Нород Сиханук се врати во Камбоџа.
1994 Тропската олуја „Гордон“ усмрти најмалку 829 луѓе на Хаити.
1995 На свечен начин во Индустриско-трговската комора на Руската федерација, на претставникот на Стопанската комора на Македонија во Москва, му беа предадени акредитивите, со што и официјално е регистрирано нејзиното претставништво.
2001 Пет репулбики наследнички на СФРЈ се договорија за наследство од 74,5 милиони монетарно злато. Првиот дел од останатиот имот на поранешната заедничка држава е проценет на околу две милијарди долари.
2002 Првпат во историјата на папството, поглаварот на римокатоличката црква се обрати во италијанското собрание.
2002 Потпретседателот на Кина Ху Џинтао стана новиот генерален секретар на Комунистичката партија на местото на Џанг Цемин кој со целата стара гарда се повлече по 16. конгрес на владејачката партија.
 
C

Crazy Diamond

Гостин
15 ноември:

1492. - Христофер Колумбо, откривајќи ја Америка, ја направи и првата белешка за употребата на тутунот меѓу Индијанците. Тоа беше првиот пишан документ за ова растение, кое наскоро го освои не само стариот континент - Европа, туку и целиот свет, а за кое медицината утврди дека има штетно влијание врз човековото здравје.
1532.- Шпанскиот конквистадор Писаро, само со 200 војници, со измама, ја освои Кахемарка и го зароби царот Атахулапа. По ова Перу стана шпанска колонија.
1577. - Сер Франсис Дрејк, англиски гусар, морепловец и адмирал, тргна на патување околу светот. Неговата активност е од големо значење за англиското колонијално ширење, особено во Северна Америка. Интересно е дека токму Дрејк го пренесе компирот од Америка во Европа, во 1596 година.
1630. - Во Регенбург умре Јохам Кеплер, германски астроном, математичар и физичар, познат по формулирањето на законите за движење на планетите што претставуваат основа на современата планетарна астрономија. Со своите проучувања ја докажа вредноста на хелиоцентричниот систем. Роден е на 27 декември 1571 година.
1708.- Роден е англискиот државник Вилијам Пит Постариот, кој беше британски премиер од 1756 до 1761 и од 1766 до 1768 година. Во негово време со агресивна надворешна политика Велика Британија стана најголема светска колонијална сила. Како шеф на дипломатијата и министер за војна спроведе политика на колонијална експанзија и во 1756 година ја покрена Седумгодишната војна, по која Франција во 1763 година мораше да и ја отстапи Канада, како и да се повлече од Индија.
1738.- Роден е англискиот астроном од германско потекло Фредерик Вилијам Херсел, кој во 1781 година ја откри Уран, седмата планета во Сончевиот систем. Најпрво беше музичар, но астрономијата многу го фасцинира, па така почна и самиот да бруси огледала, но и да конструира телескопи. По откривањето на Уран, стана член а потоа и претседател на Лондонското кралско друштво. Откри и два Уранови и два Сатурнови сателити.
1787. - Во Виена умре Кристоф Вилибалд Глук, германски композитор и диригент. Ја реформира операта, проповедајќи враќање кон грчката уметност и на тој начин го покажа патот кон музичката драма. Негова позната опера е "Орфеј". Роден е во Ербах, Баварија, на 2 јули 1714 година.
1862.- Роден е германскиот писател Герхарт Хауптман, добитник на Нобеловата награда за книжевност во 1912 година. Неговата лирика е со идеалистички тон, а во драмите преовладува социјална проблематика од животот на сиромашните во неговата родна Шелзи. Напиша многу драми, есеи, афоризми, новели, патописни и автобиографски книги. Дела: „Пред зората“, „Зимска балада“, „Црвен петел“, „Електра“, „Превозникот Хенсел“, „Осамени луѓе“, „Колегата Крамптон“, „Роза Бренд“, „Стаорци“ и други.
1889.- Царот Педро II абдицираше. Тој е вториот и последен бразилски монарх во Бразил по што Бразил е прогласена за независна република.
1891.- Роден е германскиот фелдмаршал Ервин Ромел, наречен „пустинска лисица“ кој како командат на експедициските сили на Германија во Втората светска војна во 1941 и 1942 година забележа повеќе победи над сојузниците во северна Африка. Во декември 1942 година беше поразен во клучната бика кај Ел Аламејн. Не успеа да го спречи сојузничкото навлегување во Нормандија во јуни 1944 година, а по неуспешниот атентат врз Адолф Хилтер во јули 1944 година, во кој беше вмешан, беше принуден да изврши самоубиство.
1916.- Умре полскиот писател Хенрик Сјенкјевич, добитник на Нобеловата награда за книжевност во 1905 година, кој светската слава ја стекна со историски романи. Дела: „Quo vadis“, „Со оган и меч“, „Пан Волдијовски“, „Семејството Поланјецкиеви“, „Низ пустина во прашума“.
1920. - Лигата на народите во Женева ја одржа својата прва седница. Лигата е формирана на 28 април 1919 година, со цел да се обезбеди мир и меѓународна соработка на членките на Лигата, но набрзо, поради спротивставените ставови меѓу големите сили, загуби секакво влијание на светската сцена.
1923.- Галопирачката инфлација во Германија го достигна врвот - четири трилиони марки беа менувани за еден американски долар.
1928.- Големиот фашистички совет во Италија стана врховно тело во земјата и ја презеде целата власт.
1935. Мануел Кесон стана првиот претседател на Филипини.
1942.- Кај Гвадалканал во Тихиот Океан во Втората светска војна заврши тридневната битка меѓу јапонските и американските флоти и авијација, која го означи пресвртот во војната на Пацификот. Јапонците претрпеа помали штети во бродови, но стратешкиот успех им припадна на Американците кои покрај бродовите уништија и речиси комплетна јапонска дивизија.
1944. - Во Скопје, во руинираните простории на некогашната Воена болница кај "Гази Баба" (Полумесец), беше сместена Болницата на Главниот штаб на НОВ и ПО на Македонија.
1946.- Со договорот потпишан во Лингџати Холандија ја призна Индонезија, но само на териториите на Јава, Суматра и Мадура. Холандија спротивно на договорот, во 1947 и во 1948 година се обиде со оружје повторно да ја освои Индонезија, но на конференцијата во Хаг во 1949 година дефинитивно ја призна независноста на Индонезија која беше нејзина колонија од 1816 година под името Холандска Источна Индија.
1954.- Умре американскиот филмски и театарски глумец Лајонел Баримор, која како дете се прослави глумејќи го Оливер Твист, а кон крајот на животот како тежок инвалид, седејќи во столче, одигра многу извонредни карактерни улоги. Филмови: „Гранд хотел“, „Островот Ларго“, „Дамата со камелии“, „Распучин и царицата“, ТВ-серијата „Д-р Килдер“.
1971.- Кинеска делегација првпат официјално зазеде место во Обединетите нации. До тогаш Кина ја претставуваше Тајван, како националистичка Кина (некомунистичка).
1976. - Во Нумји умре Жан Габен (Жан Алексис Монкорже), француски филмски и театарски артист. Играше во над 90 филмови, толкувајќи ликови на решителни, претприемчиви, често цинични и груби личности. Најпознати му се улогите во филмовите "Пеле ле Моко", "Големата илузија", "Брегот во магла", "Човекот-ѕвер", "Клошарот Архимед" и други. Роден е во Париз, на 17 мај 1904 година.
1976.- Сиријската армија ја презеде целата контрола врз Бејрут, во обидот да и стави крај на 18-месечната граѓанска војна во Либан.
1978.- При падот во Шри Ланка на исландскиот патнички авион "DC-8", кој од Мека превезуваше индонезиски муслимански ходочасници, загинаа сите 175 патници и осум членови на екипажот.
1983.- „Турската Република Северен Кипар“, која ја призна единствено Анкара, прогласи „независност“.
1983.- Во Скопје умре Таки Хрисик, македонски композитор и музички педатог. Неговиот творечки опус опфаќа голем број дела за хорска изведба, камерна музика, соло песни, дела за орекстар и близу 1.500 мелографски записи на македонски и на влашки песни. Роден е во Крушево, на 27 септември 1920 година.
1988.- Палестина е прогласена за независна држава.
1990.- Во првиот договор од Втората светска војна кој се однесува на конвеционалното вооружување, Варшавскиот пакт и НАТО принципиелно се договорија драстично да ја сменат количината на оружјето.
1994.- Претседателот на Австрија Томас Клестил при обраќањето пред членовите на израелскиот парламент призна дека неговата земја направи пропуст да ја признае сопствената улога во нацистичките злосторства во минатото.
1994.- Беа објавени официјалните резултати од пописот, кои покажаа дека во Република Македонија има 1.936.877 жители.
1995. - Република Македонија стана 27-та членка на мировната иницијатива на НАТО „Партнерство за мир“.
2000.- Во Скопје умре Тодор Димитровски, македонски научен работник, лингвист, книжевен историчар, лексикограф, книжевен преведувач и редактор. Роден е во селото Подлес, Велешко, на 19 февруари 1922 година.
2002.- Рускиот генерал Игор Шифрин е убиен во Грозни во заседа од чеченски исламистички терористи.
2003.- Пред две синагоги во центарот на Истанбул скоро во истовреме експлодираа два автомобили полни со експлозив, усмртувајќи вкупно 23 луѓе. Одговорноста ја презеде Исламскиот фронт на борци на Големиот Исток, основан во 1985 година со цел да формира исламска држава во Турција.
2005.- Израелски и палестински официјални личности постигнаа договор со кој првпат од израелската окупација во 1967 година на Палестинците им беше дадена контрола врз граничниот премин Раф, помеѓу појасот Газа и Египет.
2006.- Во Скопје, пред Домот на културата „Кочо Рацин“ е откриено спомен-обележјето „Скршено мајкино крило“ посветено на 54 загинати старешини и војници во распадот на Југославија, во текот на 1991 и 1992 година.
2007.- Циклонот „Сидр“ однесе најмалку 3.000 животи во Бангладеш. „Сидр“ со брзина од 250 километри на час „срамна со земја“ стотина илјади куќи во југозападните делови на земјата, додека неколку милиони луѓе останаа без струја, вклучувајќи и поедини делови на Дака, десетмилионската престолнина на Бангладеш. Циклонот предизвика и бран со висина од пет метри кој ги погоди и крајбрежните подрачја на земјата, со што мораа да се евакуираат 2,3 милиони луѓе.
 
C

Crazy Diamond

Гостин
42.п.н.е.- Роден е римскиот цар Тибериј, посинок на Октавијан Август, кој за време на владеењето од 14 до 37 година во новата ера ги осигура границите на Римското царство без нови освојувања. Претходно се прослави со воените походи во Германија, Панонија и Далмација.
1095. - На црковниот собир Клермон, во Франција, папата Урбан Втори ги повика соборните црковни големодостоинственици и световните владетели да тргнат во воен поход против "неверниците", Селџуци, кои ја зазедоа "светата земја" во Палестина, со Исусовиот гроб во Ерусалим. Со тоа го поттикна верското лудило и Крстоносните војни што траеја цели два века.
1272.- Умре англискиот крал Хенри III, кој стапи на престолот само со девет години кога во 1216 година во текот на Првата баронска војна загина неговиот татко Џон Без Земја, но вистински почна да владее во 1234 година.
1797.- Умре прускиот крал Фридрих Вилхелм II кој во текот на 13-годишното владеење спроведе политика на територијално ширење на земјата.
1828.- Франција, Британија и Русија ја признаа независнота на Грција. Иако Османлиското царство одби тоа да го прифати, во 1829 година беше принудено по поразот во војната со Русија, да ја признае независноста на Грција.
1831.- Умре прускиот генерал Карл фон Клаузевиц, еден од најпознатите воени теоретичари на 19. век, кој главните идеи за борбена стратегија и тактика ги изложи во делото „За војната“. Поради несогласувањата со политиката на водечките кругови на Прусија према француското царство на Наполеон I, против кого се бореше во повеќе битки, од 1812 до 1814 година беше во служба на Русија.
1848.- Во Рим со кој автократски владееше папата Пије IX - избувна буна со што беше создадена Римската република во која беа востановени многу институции по урнекот на Француската револуција.
1878.- Во Белград умре Ѓура Јакшиќ, српски писател и сликар, претставник на српскиот романтизам. Познати негови дела се „Татковина“, „Паѓајте, браќа“, „Маченица“, „Први жртви“ и други. Роден е во Српска Црња, на 27 јули 1832 година.
1887.- Во Љубљана умре Фран Левстик, словенечки писател и борец за национални идеи и слобода. Од делата познати му се „Мартин Крнан“, „Патување од Литија до Чатеж“ и други. Роден е во Сподње Ретје, на 28 септември 1831 година.
1895.- Роден е германскиот композитор Паул Хиндемит. Од 1939 година беше професор на неколку универзитети во САД и во Швајцарија. Дела: оперите „Новости на денот“, „Сликарот Матис“, „Хармонија на светот“, шест гудачки квартети, „Камерна музика оп. 36“, концерти и сонати за разни инструменти, теориски дела „Традиционална хармонија“, „Светот на композиторот“ и други.
1898.- Во Солун е роден Симеон Кавракиров, македонски револуционер, следбеник на Гоцевите идеи и секретар на Обласниот комитет на ВМРО за Пиринска Македонија. Во јуни 1932 година е киднапиран во Софија од страна на врховистите во содејство со бугарската полиција и по двегодишно мачење е убиен во близината на селото Драглишта, Разлошко, на 14 јуни 1934 година.
1912.- Почна Битолската битка во Првата балканска војна во која добро утврдената турска Вардарска армија на Зеки паша, која се повлече по поразот од Кумановската битка, по тридневни битки беше поразена од српската Прва армија на Александар Караѓорѓевиќ со што Јужна Србија (денешна Македонија) и Стара Србија (Косово и Метохија) конечно беа ослободени од Турците.
1918.- По падот на австроунгарската монархија во Првата светска војна, Унгарија е прогласена за независна република.
1923. - Во селото Никифорово, Гостиварско, е роден Чеде Филиповски-Даме, народен херој на Македонија. Во Народноослободителната војна на Македонија учествуваше од 1941 година. Загина кај Радовиш во сообраќајна несреќа, како командант на Четириесет и осмата македонска дивизија, на 29 јуни 1945 година.
1933.- Советскиот Сојуз и САД воспоставија дипломатски односи.
1941.- Во Втората светска војна почна втората германска офанзива врз Москва која, исто како и првата, започна во септември 1941 година кога Германците дојдоа на 30 километри до Москва, заврши со неуспех.
1945.- Во Лондон е потпишана Конвенцијата на Меѓународната организација за просвета, наука и култура (УНЕСКО), специјализирана установа на Организацијата на Обединетите нации, основана со цел преку воспитување, наука и култура, заштита на светските природни уметнички богатства, да спроведува соработка меѓу народите врз база на целосна рамноправност. Конвенцијата стапи во сила на 4 ноември 1946 година. Седиштето на УНЕСКО е во Париз. Република Макеоднија е 175 членка на УНЕСКО од 19 јули 1993 година.
1960.- Умре американскиот филмски глумец Клерк Гебл. Играше во повеќе од 70 филмови и со децении беше во врвот на популарноста како симбол на машкоста. Филмови: „Источен пат“, „Слободна душа“, „Се случи една ноќ“ (Оскар), „Буна на бродот `Баунти`“, „Кинеско Море“, „Однесено со виорот“, „Сан Франциско“, „Могамбо“, „Пробен пилот“, „Неприлагодени“, „Луѓе во бело“.
1962. - Скопје, главниот град на Република Македонија, го зафати катастрофална поплава.
1965.- Советскиот Сојуз го лансираше првиот вселенски брод „Венера III“ кој со стигнувањето на Венера во март 1966 година стигна на друга планета.
1965.- Умре ирскиот државник Вилијам Томас Косгрејв. Беше прв претседател на Ирска од 1922 до 1932 година.
1970.- Пакситан соопшти дека бројот на мртвите во циклонот и огромните бранови кои ги зафатија бреговите на Источен Пакистан (сегашен Бангладеш) и островите во Бенгалскиот Залив достина 500 илјади.
1972.- Генералното собрание на Обединетите нации одлучи Португалија да ги напушти своите колонијални имоти во Африка и Азија (Ангола, Мозамбик, Порт, Гвинеја, Сао Томе, Кап Верде, Источен Тимор, Макао).
1973.- Тројца американски космонаути го отпчнаа 84-дневниот лет во вселенското летало „Скајлаб“.
1981.- Умре американскиот филмски глумец Вилијам Холден, кој најчесто толкуваше улоги на „идеални“ современи Американци. Филмови: „Булевар на самракот“, „Вчера родена“, „Силата на оружјето“, „Месечината е сина“, „Над 30 ката“, „Излет“, „Мост на реката Квај“, „Светот на Сузи Вонг“.
1993.- Во Сардинија умре 69-годишниот мафијашки член Лучијано Лиџио, еден од најбараните лица во Италија и инспирација за романот "Кум", на Марио Пузо.
1993.- Обединетите нации официјално се откажаа од потрагата по лидерот на најмоќната фракција во Сомалија, Мохамед Фарах Аидид.
1995.- Поранешниот претседател на Јужна Кореја Ро Те Ву е уапсен поради корупција.
1995. - Во Скопје умре Петре Прличко, доајен и еден од втемелувачите на македонската театарска уметност, актер и режисер. Тој е припадник на првата генерација современи македонски театарски и филмски дејци, кој остави неизбришливи траги во македонското актерско творештво. Роден е во Велес, на 13 март 1907 година.
1997.- Умре францускиот политичар и публицист Жорж Марше, генерален секретар на Француската комунистичка партија од 1972 до 1994 година. Дела: „Што е Француска комунистичка партија?“, „Демократски предизвик“, „Политиката на Француската комунистичка партија“, „Зборуваме отворено“, „Одговори“, „Надеж во сегашноста“.
2001.- Собранието на Република Македонија ги прогласи 15-те амандмани за промена на Уставот на Република Македонија, иницирани од Рамковниот охридски договор.
2006.- Унгарски научници успешно клонираа глушец. Глушецот наречен „Клонила“ е производ на тригодишната работа на 20 истражувачи на Земјоделскиот биотехнолошки истражувачки центар во Годол, близу Будимпешта. Според нивните уверувања, клонирањето би требало да биде од голема помош за научниците во лечењето на разни болести.
2006.- Умре Милтон Фридман, економист и добитник на Нобеловата награда. Признат е како „татко на монетарната теорија“. Неговото практично знаење е потврдено во улогата на економски советник во администрацијата на американските претседатели Ричард Никсон, Џералд Форд и Роналд Реган. Фридман се смета за еден од основачите на влијанието на „чикашката школа“, а од 1948 до 1979 година беше и професор на Универзитет во Чикаго. Главни дела: „Капитализам и слобода“, „Теоретски основи на монетарната анализа“, „Слобода на изборот“.
 

Хакет Мен

Juventus Till I Die
Член од
23 јануари 2009
Мислења
10.227
Поени од реакции
3.414
1558 Умре англиската кралица Мери I Тјудор, ќерка на Хенри VIII, а на престолот стапи нејзината сестра Елизабета.
1558- На англискиот престол дојде кралицата Елизабета, за време на чие владеење Англија ги консолидира внатрешните состојби, се ослободи од притисокот на Шпанија и излезе со своите бродови на сите светски мориња. Истата година, англиската флота ја порази шпанската "непобедлива армада" и со тоа ја начна моќта на својата соперничка во освојувањето на колониите.
1587 Роден е холандскиот писател Јост ван ден Вондел, најплодниот и најзначајниот книжевник на холандскиот барок. Пишува патриотски, сатирични и пригодни песни, а во драмите обработува библиски, антички и историски теми со кои значително влијае на европската литература. Дела: драми: „Псха“, „Паламед“, „Хизбрехт ван Амател“, „Луцифер“, „Јефта“.
1755 Роден е францускиот крал Луј XVIII, кој владее во времето на реставрацијата по падот на царот Наполеон I. Титулата крал ја носи од 1795 година, но вистински владее од 1814 до својата смрт во 1824 година, кога на престолот го наследува братот Шарлс X. Нивниот трет (прв) брат кралот Луј XVI е погубен на гилотина во 1793 година, во време на Француската револуција.
1858- Умре Роберт Овен, англиски социјалист, еден од најпознатите претставници на утопискиот социјализам. Тој сметаше дека приватната сопственост, религијата и буржоаскиот брак се трите зла што треба да се отстранат. Меѓутоа, според негово мислење, тоа не треба да се прави со револуција, туку со експерименти и со просветување. Роден е на 14 мај 1771 година.
1788 Роден е рускиот глумец Михаил Семјонович Шчепкин, најзначајниот уметник на рускиот и светски театар во првата половина на 19. век, кој настојуваше да ги објасни тајните на актерскотвото.
1800 Конгресот на САД првпат се состана во новата престолнина Вашингтон, а американскиот претседател Џон Адамс стана првиот станар на официјалната резиденција на претседателот на САД, подоцна наречена Белата куќа.
1855 Шкотскиот истражувач Дејвид Ливингстон ги откри водопадите на реката Замбези, наречени по англиската кралица Викториини водопади. Нивната ширина изнесува 1.717 метри, а висината е околу 100 метри.
1858 Умре велшкиот филантроп Роберт Овен, социјалист-утопист и социјален реформатор, индустријалец кој своето богатство го потроши на остварување на проектите на социјалните реформи. Тој и неговите следбеници се наречени „социјалисти“. Дела: „Нови погледи на општеството“, „Скица на рационалниот систем на општеството“, „Книга за новиот светски морал“.
1869 Свечено е отворен Суецкиот Канал, најголем поморски канал, што се наоѓа во североисточниот дел на Египет, по должина на западната граница на Синајскиот Полуостров и ги разделува азискиот и африканскиот континент. Каналот е долг 161 км, на површината е широк 190 м, длабок од 12,8 до 16,2 м и ги поврзува Средоземното и Црвеното Море. Под раководство на Французинот Фердинанд Лесепс, а според проектот на австрискиот инженер Алоја Нагрели, каналот е копан цели десет години, почнувајќи од 1859 година. Вкупните трошоци за изградбата изнесуваа над 423 милиони тогашни франци, а исклучително тешките услови за работа однесоа речиси 20.000 човечки животи.
1887 Роден е британскиот фелдмаршал Бернард Ло Монтгомери, еден од најпознатите сојузнички војсководачи во Втората светска војна. Историчарите го сметаат за најголем британски војсководец по Артур Велзли Велингтон. Победата на неговата Осма армија врз Африканскиот корпус на германскиот генерал Ервин Ромел во битката кај Ел Аламејн кон крајот на 1942 година, го сврте текот на војната во Африка.
1913- Првите бродови минаа низ Панамскиот Канал. По должина од 82 километри, каналот беше отворен во 1914 година.
1917- Умре Огис Роден, француски склуптор. Се смета за основоположник на модерната европска скулптура. Работеше во истиот период со сликарите импресионисти. Негова најзначајна заслуга е внесувањето на психолошкиот елемент и послободното третирање на скулптурската материја и на фигурата. Најпознати му се делата "Мислител", "Бакнеж", "Граѓаните на Кале", "Балзак" и други. Роден е во 1840 година.
1945 Во месноста Шеова, кај селото Баровица, на Пајак Планина, во нерамна борба против еден одред од 29 грчки монархофашисти загинаа деветмина родољуби на македонската ослободителна организација НОФ и борци против окупаторот.
1947 Пуштена е во употреба железничката пруга Шамац - Сараево, долга 242 километри, во чија изградба учествуваа младински работни бригади од цела Југославија.
1954 Египетскиот генерал Гамал Абдел Насер стана шеф на државата по падот на претседателот Мохамед Нагиби, со кој во 1972 година беше тргнат кралот Фарук I и монархијата во Египет.
1958 Суданската војска ја урна цивилната влада која траеше две години по стекнувањето независност, а за нов претседател на влада беше назначен генералот Ибрахим Абуд.
1969 Советскиот Сојуз и САД во Хелсинки ги почнаа разговорите за ограничување на стратешкото вооружување.
1971 Фелдмаршалот Вемид Таном Китикачорн со воен урар, без крвопролевање, ја тргна италијанската влада, го распушти собранието и го суспендира уставот, но суштината на италијанскиот монархистички режим не го доведе во прашање.
1972 Поранешниот претседател на Аргентина Хуан Перон се врати во земјата по 17 години бегство.
1974 Првите собраниски избори во Грција по повеќе од 10 години и седумгодишната војна против управата завршија со убедлива победа на Нова демократија на Константин Караманлис.
1976 Кина ја изведе најголемата нуклеарна експлозија во атмосферата.
1977 Претседателот на Египет Анвар ел Садат ја прифати поканата за посета на Израел, игнорирајќи го незадоволството на арапските земји и на сопствената влада.
1984- Светски ден на непушењето (прогласен е на Петтата светска конференција за пушењето и за здравјето одржана во Канада во 1984 година).
1989 Бугарското Собрание го смени Тодор Живков од функцијата шеф на државата.
1991- Усвоен е Уставот на Република Македонија, прв по прогласувањето на сувереност и самостојност.
1993 Нигерискиот генерал Сани Абача ја тргна цивилната влада на Ернест Шонекан.
1995 Предадена е во употреба делницата на автопатот од Хиподром до Миладиновци, во должина од 10,3 км.
1996 Во Република Македонија се одржаа првите локални избори по осамостојувањето на земјата - за градоначалници и за совети на 123 општини, односно 124 со градоначалникот и Советот на Град Скопје.
1997 Најголемата египетска организација на исламските терористи „Ел Гама ел Исламија“ покрај храмовите во Луксор уби 58 странски туристи и четворица Египќани. Тоа беше дотогаш најкрвавиот терористички напад во Египет.
1998 Израелското Собрание (Кнесет) со мнозинство гласови го ратификува „Вај договорот“ со кој е предвидено отстапување на делови од окупираните територии на палестинската самоуправа.
2002 Поранешниот италијански премиер Џулио Андреоти е осуден на 24 години затвор како нарачател на убиство на новинарот Мино Пекорели во 1979 година. Една година подоцна, Врховниот суд на Италија донесе ослободителна пресуда во која е наведено дека доживотнот сенатор на никаков начин не е вмешан во убиството.
2005 Алберт II свечено е устоличен како монарх на Кнежеството Монако. Кнезот Алберт II му припаѓа на семејството Грималди.
2006 Умре Ференц Пукаш најдобриот унгарски фудбалер во историјата на земјата.
 

Хакет Мен

Juventus Till I Die
Член од
23 јануари 2009
Мислења
10.227
Поени од реакции
3.414
1095 На црковен собир во Клермон папата Урбан II ги повика црковните великодостојници и свештени владари на воен поход против „неверниците“, со цел да се ослободи светата земја (Палестина) и Ерусалим. Тоа е почетокот на крстоносните војни, кои со прекини, траеа повеќе години.
1626 Папата Урбан III ја освети црквата „Свети Петар“ во Рим.
1697 Роден е англискиот сликар Вилијам Хогарт, исклучителен портретист и цртач на физиономии. Слика сцени од стиричен и морален карактер од животот на аристократијата. Остави релативно мал број дела, но, поради нивната вредност, тој се вбројува меѓу најзначајните англиски сликари.
1786 Роден е Карл Марија фон Вебер, германски композитор и диригент, творец на германската романтичарска опера. Познати му се оперите „Евријанте“, „Волшебниот стрелец“ и „Оберон“. Умре во Лондон, на 5 јуни 1826 година.
1787 Роден е францускиот сликар Луј Жак Манде Дагер. Благодарение на неговиот изум, наречен „дагеротипија“, за првпат практично е овозможена изработка на фотографија.
1830 Белгија стана самостојно кралство. До Наполеоновите војни Белгија беше под Хабзбурговците. Од Виенскиот конгрес од 1815 и 1830 Белгија (како и Луксембург) е составен дел на Холандија. Во Белгија населението повеќето е католичко, додека во Холандија протестантско. Побунувањето во 1830 година е од верска природа.
1860 Роден е полскиот државник, пијанист и композитор, Игнац Јан Падеревски, професор на Kонзерваториумот во Варшава. Јан Падеревски од 1919 до 1921 година беше премиер и шеф на дипломатијата, а во 1940 година претседател на Полска. Дела: опера „Мандра“, „Полска фантазија“ за клавир и оркестар, една симфонија, клавирски дела, сопло песни.
1833 Во САД е прифатено стандардното сметање на времето и земјата е поделена на четири временски зони.
1874 Во селото Постол, Егејска Македонија, е роден Крсте Петков Мисирков, истакнат македонски филолог, лингвист, историчар, фолклорист, етнограф, публицист, политичар, револуционер и борец за македонската национална афирмација. Во 1903 година ја издаде книгата "За македонцките работи", која претставува одраз и израз на неговата борба за самобитноста на македонскиот народ. Во 1905 година, во Одеса го издаваше на македонски јазик, весникот "Вардар". Умре во Софија, во Бугарија, на 26 јули 1926 година.
1903- Соединетите Американски Држави потпишаа договор со Панама, со што добија неограничено право за користење на Панамскиот Канал
1905 Принцот Чарлс од Данска е избран за прв крал на Норвешка по обновувањето на независноста со одвојувањето од Шведска, а го зеде името Хакон II.
1905 Во Кикинда е роден Јован Поповиќ, српски писател, еден од творците на социјалната книжевност меѓу двете светски војни. Негови познати дела се „Аџија на вечноста“, „Танц над празнината“, „Ластовица во митралеско гнездо“, „Вистински легенти“ и други. Умре во Белград, на 13 февруари 1952 година.
1910 Во Мексико изби револуција во која во текот на наредните 10 години загинаа најмалку еден милион луѓе.
1918 Белгиската армија влезе во Брисел по четиригодишната окупација од страна на Германија, во Првата светска војна.
1922 Во Париз умре Марсел Пруст, француски писател и академик. Со своето дело остави длабока трага не само во Франција туку и во европската литература. Автор е на големиот циклус романи „Во потрага на загубеното време“, на што работеше цели 15 години.
1936 Германија и Италија ја признаа владата на генералот Франциско Франко како легитимна влада на Шпанија.
1945 На првите избори во Бугарија по Втората светска војна, кои опозицијата ги бојкотираше, победи Отечествени фронт, предводен од комунистите.
1962- Во Копенхаген Нилс Бор, дански теоретски физичар, основач на теоријата за структурата на атомот. Познат е по своите трудови од областа на квантната теорија. Учествуваше во научните истражувања што доведоа до производство на атомска бомба. Добитник е на Нобеловата награда за физика во 1922 година. Роден е во Копенхаген на 07 октомври 1885 година.
1970 Западна Германија и Полска воспоставија дипломатски односи со што го прекинаа непријателството долго 31 година.
1970 Кина именува амбасадор во Советскиот Сојуз и по четири години ги обнови дипломатските односи на највисоко ниво.
1976 Воената влада на Етиопија (комунистичка) изврши смртна казна врз 27 луѓе наводно поради заговор.
1978 Во Џонстаун во Гвајана со испивање на отров е извршено колективно самоубиство на 914 Американци, припадници на сектата „Храм на народите“, вклучувајќи го и водачот на сектата Џим Џонсон. Членовите на сектата кои одбија да го испијат отровот беа убиени.
1978 Во пожарот во метро на станицата „Кинг Крос“ во Лондон загинаа 30 луѓе.
1991 Собранието на Република Македонија го усвои Уставот. Од 120 пратеници за Уставот гласа 92.
1991 Умре чехословачкиот државник по потекло Словак, Густав Хусак, поранешен претседател на Чехословачка. Под притисок на јавноста во 1989 година поднесе оставка на функцијата преседател на Чехолсовачка.
1993 Лидерите на Јужна Африка го усвоија Уставот со кој е ставен крај на политката на апартхејдот во земјата.
1993 Новиот воен управувач на Нигерија генералот Сани Абач ги распушти сите демократски институции.
1997 Делегација на Армијата на Република Македонија, при посетата на Турција, го пронајде и го фотографира крушевското црешово топче од периодот на Илинденското востание. Црешовото топче е пронајдено во Воениот музеј на Армијата на Турција.
2004 Во Англија по 700-годишната традиција е забранет ловот на лисици.
2005 Во три одвоени бомбашки напади во Ирак, на багдатскиот хотел „Хамра“ и две џамии во градот Канагин, загинаа околу 80 луѓе, а беа ранети околу 100.
 

Хакет Мен

Juventus Till I Die
Член од
23 јануари 2009
Мислења
10.227
Поени од реакции
3.414
1602.Роден е германскиот физичар и пронаоѓач Ото фон Герике. Тој прв го демонстрираше вакуумот и го прикажа прочуениот експеримент за воздушниот притисок. Ото фон Герике ги изуми воздушната пумпа, воздушната вага и барометар.
1759 Британската флота ја порази француската флота во заливот Киберон во текот на седумгодишната војна. По овој пораз Франција го изгуби преостанатиот дел од Канада и мораше да се повлече од Индија во корист на Британија.
1780 Велика Британија и објави војна на Холандија бидејќи на американските бунтовници во бродовите им дотураше француско и шпанско оружје.
1818 Латиноамериканскиот револуционер и државник Симон Боливар ја објави независноста на Венецуела од Шпанија.
1858 Во Морбака, област Вермланд, е родена Селма Отилија Ловиса Лагерлеф, шведска писателка, прва жена добитник на Нобеловата награда за литература во 1909 година. Умре во Морбака, на 16 март 1940 година.
1865 Во Рио де Жанеиро умре Франческо Маноел да Силва, бразилски композитор. Роден е во Рио де Жанеиро, на 21 февруари 1795 година.
1870 Германските сили го опколија Париз за време на Француско-пруската војна, во која Франција претрпе низа порази.
1873 Се соединија соперничките градови Будим, на десниот брег на реката Дунав и Пешта, на левиот, па така е создаден единствениот град Будимпешта, денес главен град на Република Унгарија и еден од најубавите градови во средна Европа.
1894 Умре рускиот композитор и пијанист Антон Григоријевиќ Рубинштајн, основач на Конзерваториумот во Петроград, еден од најголемите пијанисти на 19. век. Компонираше опери, клавирски композиции, соло песни.
1903 Во Честахов, Полска, е родена д-р Елена Етингер Каваева, еден од основположниците на медицинската заштита на охридско-струшкиот крај и во Македонија, активен учесник во Октомвриската социјалистичка револуција во Русија, личен пријател на Ленин и помагач на НОВ. Заедно со својот сопруг д-р Владимир Каваев влезе во енциклопедијата на медицинските науки. Умре во Охрид, на 2 февруари 1983 година.
1906- Во Велес е роден Живко Фирфов, македонски етномузиколог, композитор, музиколог, диригент и музички деец. Музичка школа заврши во Белград во 1931 година. Во 1939 година ја објави својата прва етномузиколошка студија во списанието "Музика", за интерпретација на македонската народна песна и за мелогравската постапка при нејзиното собирање. Особено беше ангажиран во создавањето на Ансамблот за народни игри и песни на Македонија "Танец". Умре во Скопје на 21 јули 1984 година.
1910 Умре рускиот писател Лав Николајевич Толстој, еден од најголемите книжевници во историјата. Првото дело го напиша на Кавказ, каде како доброволец се бореше против Турците. По Кримската војна, во која беше офицер, се повлече на семејниот имот Јасна Пољана. Дела: „Војна и мир“, „Ана Каренина“, „Козаци“, „Кројцерова соната“, „Хаџи Мурат“, „Народни приказни“, „Царството на темницата“, „Мојата исповед“, „Не можам да молчам“ и други.
1916 Во Дебар е роден Васил Куноски, македонски писател. Неговото поетско дело за деца е мошне обемно. Првата негова објавена книга (во 1950 г.) е поемата „Волшебното ливче“, а последната е публикувана во 1984 година со наслов „Оро весело“ (поезија за предучилишна возраст). Умре во Скопје, на 13 јуни 1993 година.
1919 Во Берлин илегално почна Првиот меѓународен конгрес на младинските организации на 13 земји на кој е основана Комунистичката младинска интернационала.
1925 Роден е американскиот политичар Роберт Френсис Кенеди, кој стана министер за прада кога неговиот брат Џон беше избран за претседател на САД. Беше убиен во Лос Анѓелес во 1968 година во текот на претседателската кампања, по неполни пет години од атентатот во кој беше убиен неговиот брат. Од 1951 работеше во криминалистичкиот уред на Министерството за правда, а во 1954 година стана член на Постојаниот сенаторски истражен поткомитет. Од 1961 до 1964 година беше министер за правда, по што во државата Њујорк беше избран за сенатор.
1925 Родена е руската балерина Маја Михајловна Плисецкаја, која го спои традиционалното руско кореографско школо со модерните текови на рускиот балет. Како долгогодишна примабалерина во театарот „Болшој“ во Москва, креира исклучителни играчки сензибилни партии на класичниот репертоар како што се „Дон Кихот“, „Лебедовата смрт“, „Лебедово езеро“, „Ромео и Јулија“, „Иван Грозни“, а со сопругот композиторот Родион Шчедрин, ја постави балетската верзија на „Ана Каренина“ на Толстој.
1945 Пред Меѓународниот суд во Нирнберг започна судењето на нацистичките воени злосторници. Одговараа 24 германски воени злосторници, од кои 12 беа осудени на смрт со бесење, тројца беа ослободени, еден изврши самоубиство во затвор, а на другите им беа изречени времени казни. Процесот е значаен како прв во историјата во кој агресијата е осудена како злосторство против човештвото, а виновниците казнети.
1945 Сојузната контролна комисија дозволи преселување на шест милиони Германци од Полска, Чехословачка и Унгарија во Западна Германија.
1952 Во Неапол умре Бенедето Кроче, италијански филозоф, историчар, литературен критичар и државник. Се обиде да го ревидира марксизмот и отворено истапуваше против него, а беше и противник на фашизмот. Најпознати негови дела се „Филозофијата како наука“; „Филозофијата на практиката, економијата и етиката“ и „Историјата како приказна за слободата“. Роден е во Пескасерол, на 25 февруари 1866 година.
1959- Генералното собрание на Обединетите нации ја усвои Декларацијата за правата на детето, документ со кој се утврдени не само принципите за заштита на децата во светот, туку е и основан за помош на милиони деца. Со текот на годините со финансиска помош од Детскиот фонд се опремени многу здравствени центри во светот.
1959- Велика Британија, Норвешка, Шведска, Данска, Австрија, Португалија и Швајцарија во Стокхлом потпишаа Конвенција за формирање Европско здружение за слободна трговија (ЕФТА).
1962 Претседателот на САД Џон Кенеди ја укина американската воено-поморска блокада врз Куба, со што беше завршена Кубанската ракетна криза. Во текот на Кубанската ракетна криза, светот се најде на работ на атомски судир помеѓу САД и Советскиот Сојуз.
1947 Во првата несреќа на патничкиот авион „Боинг 747“, кој се урна по полетувањето од аеродромот во главниот град на Кенија, Најроби, во авионот на западногерманската компанија „Луфтханза“ загинаа 59 луѓе.
1970- Излезе првиот број на "Екран", како неделен колор прилог на весникот "Нова Македонија" за ТВ, филм, радио и естрада. Од бр. 226 од 14 март 1975 година излегува одделно од "Нова Македонија" како ревија за РТВ, филм, сценски уметности и естрада.
1975 Умре Франциско Франко, долгогодишен диктатор во Шпанија. Роден е во офицерско семејство и успешно ја продолжува семејната традиција. Се покажа како ретко вешт офицер во текот на војната во Мароко. Во 1926 година стана генерал, најмлад во историјата на Шпанија. Беше изразито монархистички и католички ориентиран. Кога беше воведена републиканската влада со прокомунистички склоности тој покрена вооружена буна со цел обнова на монархијата. По тригодишната граѓанска војна во 1939 година го скрши отпорот на демократски избраниот републикански поредок и воспостави режим кој траеше се до неговата смрт во 1975 година.
1979 Околу 300 вооружени шиитски бунтовници упаднаа во големата џамија во Меки, од каде со големо крвопролевање на 4 декември истата година ги истера саудсиката армија.
1980 Во Кина почна судењето на „четиричлената банда“ која ја предводеше Дјанг Чинг, водовица на претседателот, обвинета за предавство и злосторство во текот на Културната револуција од 1966 до 1976 година.
1981 Рускиот велемајстор Анатолиј Карпов ја задржа титулата светски првак во шах, со победа во мечот во Италија со неговиот поранешен сонародник велемајсторот Виктор Корчној.
1991 Во Скопје, во Собранието на Република Македонија, свечено е прогласен Уставот на Република Македонија, усвоен на 17 ноември 1991 година.
1992 Во кралскиот дворец во пожар за малку целосно ќе изгореше Виндзорскиот замок. Палатата во Виндзор е една од најголемите знаменитости во Велика Британија.
1993 Авионот од типот „јак-42“ на авиокомпанијата „Авиоимпекс“, кој леташе на релацијата Женева - Скопје и поради магла на скопскиот аеродром беше пренасочен кон Охрид, се урна на околу четири километри од пистата, меѓу селата Горно Лакочереј и Оровник. Во несреќата загинаа 116 патници и членови на екипажот, преживеа само еден патник.
1995 Хелсиншкиот комитет за човекови права на Република Македонија, стана полноправен член на Меѓународната Хелсиншка Федерација, беше речено на Годишното собрание на Меѓународната Хелсиншка Федерација во Истанбул.
1995 На претседателските избори во Полска кандидатот на левицата Александар Квашњевски го победи долгогодишниот шеф на државата Лех Валенса.
1998 Во Москва умре Ристо Бајалски, македонски новинар, новинар во весниците „Нова Македонија“, во „Борба“, во „Политика“ и во други весници. Тој е основач и уредник на спортскиот весник „Спортист“ (1955-1958 година) што го издаваше НИП „Нова Македонија“. Роден е во селото Стојаково, Гевгелиско, на 7 април 1926 година.
1998 Во Санкт Петербург во атенат е убиена Галина Старовојтова, еден од лидерите на либералните депутати во Думата (Долниот дом на руското Собрание).
1999 Кина го лансираше својот прв вселенски брод без човечки екипаж.
2001 Умре Борко Темелкоски - Лилјакот, народен херој на Југославија, од Македонија, општествено-политички работник. Роден е во Прилеп, на 20 декември 1919 година.
2003 Во две експлозии кои исламските терористи ги подметнаа во центарот на Истанбул, пред британскиот конзулат и претставништвото на британската банка HSBC, загинаа 27 луѓе, вклучувајќи го и британскиот конзул. Одговорноста заеднички ја презедоа Ал каеда и турската милитантна група „Исламски фронт на борците на Големиот Исток“.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom