На денешен ден!

Хакет Мен

Juventus Till I Die
Член од
23 јануари 2009
Мислења
10.227
Поени од реакции
3.414
732.-Францускиот владар Шарл кај Поатје и нанесе пораз на инвазиската војска на Сарачен под команда на валијата Абд-ар-Рахман, припадник на екстремно фанатистичката муслиманска секта, што му го донесе прекарот „Шарл Чеканот“ (Мартел).
1154 Умре англискиот крал Стивен, внук на Вилијам Освојувачот, кој во текот на владеењето искажа голема храброст предводејќи ја војската во многу битки во граѓанската војна, но и малиот политички талент.
1400 Во Лондон умре Џефри Чосер, најголем англиски поет во средниот век, еден од основачите на англиската книжевност, современик на Петрарка и на Бокачо. Најзначајно му е делото "Кентерберски приказни", збирка од 24 циклуси приказни, од кои само две се во проза, а другите се во стихови. Тоа е првото и поголемо позначајно остварување на англиски јазик. Други негови познати дела се "Парламент на птици", "Троил и Кресида" и други. Роден е во Лондон, во 1340 година.
1415 Англичаните во Стогодишната војна, под команда на кралот Хенри V, им нанесоа тежок пораз на Французите во битката кај Азенкур во северна Франција.
1647 Умре италијанскиот физичар и математичар Еванѓелиста Торичели, пронаоѓач на живиниот барометар, т.н. Торичелиева цевка.
1806 Роден е германскиот филозоф Каспар Шмит, познат како макс Штирнер, прв теоретичар на анархизмот.
1825 Во Виена е роден Јохан Штраус - помладиот, австриски композитор, виолинист и диригент. Тој е создавач на класичната виенска оперета во која доминира валцерот. Најважни негови дела се оперетите: "Лилјакот", "Циганскиот барон", валцерите "На убавиот син Дунав" и други. Умре во Виена, на 3 јуни 1899 година.
1838 Во Париз е роден Жорж Бизе, француски композитор, автор на многу познатата опера "Кармен", најуспешното дело на францускиот реализам. Компонира околу 50 соло песни, една симфонија, свита и една увертира. Неговите опери "Иван Грозни" и "Ловци на бисери" (како и "Кармен") се изведуваат на сите големи сцени во светот. Умре во Бугивал, во близината на Париз, на 3 јуни 1875 година.
1881 Во Малага, Шпанија, е роден Пабло Луис Пикасо, шпанско-француски сликар, еден од најголемите светски сликари, основач на кубизмот. Посебно место во неговиот уметнички опус заземаат композициите "Госпоѓиците од Авињон", "Герника" и големата ѕидна слика во палатата на УНЕСКО во Париз. Најголемиот дел од животот го помина во Париз, оставајќи зад себе голем печат врз уметноста на 20 век. Тој многу се соживеа со скопската трагедија од земјотресот во 1963 година и со солидарната акција за собирање уметнички дела. Тој меѓу првите се огласи, испраќајќи ја својата позната слика "Глава на жена". Умре во својата вила, во малото место Мужен, на француската ривиера, на 8 април 1973 година.
1909 Намесникот на Кореја и бившиот јапонски премиер принцот Ита Хиробуми убија корејски националисти, противници на протекторатот во нивната земја.
1936 Нацистичка Германија и фашистичка Италија ја формираа Оската Рим - Берлин, со што е зацврстен сојузот на водечките фашистички држави во Европа. "Оската" подоцна со вклучувањето на Јапонија за кусо време стана првокласна меѓународна воена и политичка групација и извор на империјалистички амбиции и на агресивни планови.
1945 Во Португалија на престолот застана кралот Мануел I, кој современиците го нарекоа „Мануел Велики“ или „Мануел Среќниот“. За време на неговото владеење до 1521 година земјата економски и политички процвета и стана светска поморско-колонијална сила од прв ред. Им даде голема материјална помош на истражувачките потфати на морепловците Васко де Гама, Дијас де Новаес Бартоломеј, Дијего Кам, Педро Алварез Кабрал, со што одлучувачки придонесе во откривањето на поморскиот пат за Индија и откривајќи го Бразил, по што и Индија (денеска Индија и Индонезија) и Бразил станаа португалски колонијални имоти.
1956 Египет, Јордан и Сирија основаа единствена воена команда.
1971 НР Кина е примена во членството на ООН.
1983 Трупи на САД ја окупираа кипарската островска држава Гренад.
1993 Мелина Меркури, артистката во филмот "Никогаш в недела", која ја доби функцијата министер за култура во Атина, вети дека ќе се бори за враќање на мермерните украси од Британскиот музеј, антички орнаменти кои го краселе Партенон. "Никогаш не почнувам борба без да ја продолжам и без да ја завршам", изјави Меркури. Сите британски влади одбија да ги вратат мермерите, бидејќи тоа ќе значи преседан, со кој музеите низ светот ќе ги загубат своите богатства.
1994 Седум слики на шпанскиот сликар Пабло Пикасо се украдени од една уметничка галерија во Цирих, соопшти полицијата. Вредноста на сликите е проценета на 250 милиони швајцарски франци, односно 208 милиони долари.
1995 Амбасадата на Република Турција во Скопје го информира Министерството за надворешни работи на Република Македонија дека Република Македонија е примена за полноправна членка на Црноморската конвенција за соработка во областа на културата, образованието, науката и информирањето.
1995 Врз основа на договорот меѓу Израел и ПЛО за палестинска самоуправа, израелските трупи почнаа со повлекување од градот Џенин.
 

Хакет Мен

Juventus Till I Die
Член од
23 јануари 2009
Мислења
10.227
Поени од реакции
3.414
1689 По наредба на австрискиот генерал Силвио Пиколомини, австриската војска го запали Скопје, кое гореше два дена. Австријците го запалија градот за да се спасат од епидемијата на чумата, но опасната болест не беше запрена од огнот. За кусо време изгореа многу куќи, дуќани и други градежни објекти. Покрај загубите што му беа нанесени на населението, неколку илјади австриски војници заболеа и умреа од чумата, а меѓу нив и нивниот генерал Силвио Пиколомини.
1863 Основан е Фудбалскиот сојуз на Англија.
1874 Умре Петер Корнелиус, германски композитор. Неговата опера "Багдатскиот берберин", е една од најубавите комични опери. Роден е на 24.12.1824 година.
1905 Шведска ја призна независноста на Норвешка.
1911 Прокламирана е Кинеската Република.
1955 Во Охрид умре Радослав К. Петковски, македонски писател. Основна тема на неговите дела е животот на луѓето што се борат за основна егзистенција. Главни негови дела се збирките разкази "Рибарот Климе" и "Рашанец". Роден е во Ресен, на 13.08.1916 година.
1955 Австрискиот парламент го прифати Законот за постојана независност на земјата. Тој ден се прославува како национален празник на Република Австрија.
1992 Перуанскиот печат соопшти дека познатиот археолог Валтер Алва пронашол непозната група од 15 камени пирамиди, опкружени со населби чија старост се пронеценува на 35 векови. Новооткриениот археолошки локалитет зафаќа површина од три километри квадратни и се наоѓа на околу 60 километри од перуанскиот град Чиклајо.
1993 Водачот на Црвените бригади, Марио Морети, во интервјуто дадено од неговата затворска ќелија, што го пренесуваше телевизискиот канал "РАИ УНО", призна дека го убил поранешниот премиер Алдо Моро. "Никогаш немаше да дозволам некој друг да го направи тоа. Тоа беше за мене и го извршив", изјави Морети.
 

Хакет Мен

Juventus Till I Die
Член од
23 јануари 2009
Мислења
10.227
Поени од реакции
3.414
1782 Во Џенова е роден Николо Паганини, италијански виртуоз на виолина и композитор. Беше ненадминат мајстор на виолинската техника и му беше припишувана дури и маѓиска моќ. Компонираше виолински концерти, сонати, камерна музика и познатите "каприча" за соло виолина. Умре во Ница, Франција, на 27.05.1840 година.
1898 Во Велес е роден Димче Зографски, македонски револуционер и општествено- политички работник. Во младоста се вклучи во македонското национално движење. Поради својата револуционерна дејност е осуден на пет години затвор. За време на НОВ на Македонија работеше во Акциониот комитет за создавање и ширење на народноослободителното движење, за што е интерниран од бугарската окупаторска власт. Умре во Скопје, на 3.06.1985 година.
1920 Седиштето на меѓународната организација Лига на народите (основана е на 19.04.1919 година со задача да го зачува светскиот мир, колективната безбедност и политичката независност на земјите, членки на Лигата на народите) од Лондон е префрлено во Женева, Швајцарија. Во тој град многубројните институции на Лигата на народите останаа се до 1945 година, кога и формално беше укината, отстапувајќи и го местото на Организацијата на обединетите нации.
1920 Во Битола е роден Стефан Наумов- Стив, народен херој на Македонија. Потекнува од печалбарско семејство. По завршувањето на гимназијата во Битола, во 1938 година се запиша на Техничкиот факултет во Белград, каде што веднаш му пристапи на напредното работничко движење, поради што беше често затворан. По враќањето во Битола, во 1940 година беше избран за секретар на Месниот комитет на КПЈ за Битола. Во април 1942 година го формира Битолскиот НО партизански одред "Пелистер". Загина (се самоуби) во борбата против бугарската фашистичка војска и полиција кај селото Болно, ресенско, на 12.09.1942 година.
1947 Во Лерин е извршена смртна пресуда врз 13 Македонци од селото Герман, Леринско, обвинети за соработка со партизаните.
1990 Во Рим умре Уго Тањаци, прочуен италијански артист, кој со подеднаков успех во 50-те години играше и комични и драмски улоги. Роден е во 1922 година.
1993 Во Лос Анџелес умре Винсент Прајс, американски артист, холивудски ветеран, ѕвезда на класичните хорор филмови, како што се: "Куќа од восок" и "Равен". Роден е во 1911 година.
 

Хакет Мен

Juventus Till I Die
Член од
23 јануари 2009
Мислења
10.227
Поени од реакции
3.414
1492 На првото патување преку Атлантикот, во потрага по нов пат до Индија, Кристифор Колумбо ја откри Куба.
1704 Умре Џон Лок, англиски филозоф. Во своето најважно дело "Есеј за човековото сознание", го постави темелите на сознанието како посебна филозофска дисциплина. Тој ја образложи теоријата на емпириското сознание. Роден е на 29.08.1632 година.
1728 Роден е Џемс Кук, најпознат поморски истражувач, познат како капетан Кук. Го откри источниот брег на Австралија, многу острови во јужниот Пацифик и прв ги обиколи бреговите на Алјаска. Загина на 14.02.1779 година.
1818 Во Орел е роден Иван Сергеевич Тургенев, руски писател, еден од најпознатите претставници на рускиот реализам. Изврши големо влијание врз развитокот на новелистиката. Негови најпознати дела се "Спроти новите дни", "Татковци и деца", "Ловечки записи" и "Благородничко гнездо". Умре во Париз, на 22.08.1883 година.
1947 Во Скопје, во киното "Култура", филмските работници на Македонија го организираа првиот филмски преглед. Во него е прикажан секојдневниот живот во Републиката, активностите на градежништвото, прославата на деветти септември во Пиринска Македонија и бербата на памукот во Струмичко. Сниматели беа Трајче Попов и Благоја Дрнков.
1989 Во Скопје умре Димитар Гешовски, еден од најпознатите македонски артисти. Во својата богата артистичка дејност оствари над стотина театарски, телевизиски и филмски ликови. Роден е во Прилеп, на 14.09.1928 година.
1992 Во Собранието на Република Македонија, пратениците го изгласаа Законот за државјанство. Услов за добивање на државјанство е 15-годишен престој.
 

Хакет Мен

Juventus Till I Die
Член од
23 јануари 2009
Мислења
10.227
Поени од реакции
3.414
1923 Турција е прогласена за Република.- Национален празник на Турција.
1940 Во Ленинград умре Димитрија Чуповски, еден од најистакнатите и најдоследни организатори и афирматори на македонската национална мисла, општественик, револуционер, политичар, дипломат, публицист, научник, издавач, историчар, картограф и филолог. Беше иницијатор и прв претседател на Славјанско-македонското научно литературно друштво, основано во Петроград во 1902 година. Го основа и Национално-просветното(1912) и Руско-македонското друштво (1914) во Петроград, а во периодот од 1912 до 1915 година на руски јазик го издаваше списанието "Македонски голос". Роден е во селото Папрадиште, велешко, во 1878 година.
1944 Во селото Горно Врановци, велешко, излезе првиот број на весникот "Нова Македонија" на македонски јазик, орган на Народноослободителниот фронт на Македонија. Вториот број излезе во ослободениот град Битола, а од третиот број излегува во Скопје. Излегувањето на овој весник е од исклучително значење за развојот на современото македонско новинарство.
1975 Во Скопје умре Ристо Крле, македонски писател и драматург. Неговото дело има големо значење за македонската драмска литература. Драмите "Парите се отепувачка", "Милиони маченици" и "Антица", создадени пред Втората светска војна, претставуваат своевиден блесок и се придружија кон творештвото на Антон Панов и Васил Иљоски. По војната ги напиша уште и драмските дела "Гроф Миливој" и "Велик ден", како и фрагментарно објавената биографија. Роден е во Струга, на 3.09.1900 година.
1994 По повод вториот круг на гласање за избор на пратеници во Собранието на Република Македонија, почна со работа Прес центарот.
 

Хакет Мен

Juventus Till I Die
Член од
23 јануари 2009
Мислења
10.227
Поени од реакции
3.414
1918 Во селото Болно, ресенско, е роден Димитар Богоевски - Мите, народен херој на Македонија, револуционер и поет. Потекнува од земјоделско и печалбарско семејство. Основно образование заврши во родното место, Граѓанска школа во Ресен, а се школуваше и во Трговската академија во Битола. Се занимаваше со пишување на револуционерни песни. Поради својата револуционерна активност во 1940 година беше уапсен од српската полиција и затворен во Белград. Поради недостиг на докази беше пуштен. Во 1942 година, беше уапсен од бугарска полиција во Ресен. По суровото мачење е ослободен. Во 1942 година учествуваше во формирањето на НО партизански одред "Даме Груев". Во месноста Долец, во Болонската Планина, ресенско, во нерамноправна борба против бугарската окупаторска војска и полиција, не сакајќи жив да падне во рацете на окупаторот, се самоуби (заедно со неговиот другар, народниот херој Стефан Наумов- Стив) на 12.09.1942 година.
1924 Во Милано, Италија е одржан Првиот меѓународен конгрес на штедилниците. Тој ден е прогласен за Светски ден на штедењето.
1956 Во Египет избувна Суецката војна. Намерата на империјалистичките сили да ги зачуваат своите стратегиски, стопански и политички интереси во Египет, посебно контролата на Суецкиот канал, ја условија тројната француско-британско-израелска агресија врз Египет, која започна кога британските и француските авиони ги бомбардираа египетските аеродроми.
1994 Лидерот на босанските Срби, Радован Караџиќ, објави "воена состојба" во Босна, наредувајќи сите резервисти да се јават кај своите команданти, за да се подготват за контра-офанзива во северозападниот дел на земјата.
1995 Република Македонија е вклучена во програмата ФАРЕ.
 

Хакет Мен

Juventus Till I Die
Член од
23 јануари 2009
Мислења
10.227
Поени од реакции
3.414
1755 Во катастрофалниот земјотрес што го зафати Лисабон загинаа 60.000 луѓе.
1801 Во Катанија е роден Винченцо Белини, италијански оперски композитор. Тој е творец на италијанскиот оперски стил, наречен белканто. Најпознати му се оперите: "Норма", "Месечарка", "Пуританци" и "Капулети и Монтеки". Умре на 24.09.1835 година.
1813Во Његуш е роден Петар Петровиќ-Његош, владика и владетел на Црна Гора, еден од најголемите црногорски поети. Како владетел ги среди политичките состојби во земјата, организира судови, воведе данок, формира сенат, го изгради првото основно училиште и формира печатница во 1834 година. Познати се неговите епови: "Луча микрозма", "Шќепан Мали" и "Горски венец", најдоброто негово дело кое е преведено на сите европски јазици. Умре во Цетиње, на 31.10.1851 година.
1892 Во Москва е роден Александар Александровиќ Алехин, руски шаховски велемајстор, еден од најголемите мајстори во историјата на шахот. Беше светски првак од 1927 до 1935 година и од 1937 до 1946 година. Умре на 24.03.1946 година.
1946 Обединетите нации формираа Меѓународен фонд за помош на децата (УНИЦЕФ).
1952 Американците ја активираа првата пробна хидрогенска бомба на островот Ениветок во Пацификот.
1954 "Револуцонерниот комитет за единство на Алжир низ акција", крена вооружено востание против француската колонијална власт. Борбата на алжирскиот народ за слобода траеше осум години и заврши со ослободување од колонијалниот јарем. По тој повод 1 ноември е прогласен за национален празник на Алжир.
1973 Од ранжирната станица Трубарево тргна првиот електричен воз во Македонија.
 

Хакет Мен

Juventus Till I Die
Член од
23 јануари 2009
Мислења
10.227
Поени од реакции
3.414
1805- Наполеон Бонапарта ги победи руско-австриските трупи кај Аустерлиц (место кај Брно, во Чехословачка). Француската војска (околу 73.000 војници) ги порази сојузничките сили на Русија (околу 70.000 војници) и на Австрија (околу 15.000 војници). Австрискиот цар Фрањо Втори утредента склучи примирје со Наполеон. Аустерлиц стана поим за брза победа.
1918- Во Париз умре Едмонд Ростан, француски неоромантичарски поет и драмски писател. Во почетокот беше под влијание на Алкфред де Мисе. Негово главно дело е комедијата во пет чина "Сирано де Бержерак". Роден е во Марсеј, на 01.04.1868 година.
1942- Во Чикаго за првпат практично е остварен процесот на нуклеарна фисија. Експериментот успешно го изведоа научниците кои работеа на тајниот проект за производство на првата атомска бомба.
1944- Со отворањето на првата автобуска линија на релацијата Скопје - Битола и Прилеп - Битола и со мобилизацијата на четирите расположиви автобуси, почна новата историја на сообраќајната гранка во Македонија. Собранието на Деловната заедница "Македонија сообраќај" на 04.12.1984 година, донесе одлука 2 декември да биде прогласен за Ден на работниците од јавниот патен сообраќај во Македонија.
1946- По борбата што се водеше помрѓу партизаните и грчката владина војска на патот Лерин - Псодери, грчките власти го почнаа теророт во селото Буф. Околу 200 полицајци и 80 вооружени монархисти од околните села вршеа грабежи, горење и пустошење. Изгореа 46 трла, плевни, воденици, а беа фатени и ѕверски мачени 28 невини Македонци.
1956- Фидел Кастро и помала група кубански револуционери се истоварија на Куба и почнаа успешна борба, која заврши со соборување на диктаторскиот режим на Баиста.
1974- Умре Лајош Зилахи, унгарски писател.
1993 Франција официјално објави дека ќе воспостави дипломатски односи со Република Македонија.
1997 Во Новокузњецк, од експлозија на метан во рудникот за јаглен, Зирјановскаја, загинаа 61 рудар.
 

Хакет Мен

Juventus Till I Die
Член од
23 јануари 2009
Мислења
10.227
Поени од реакции
3.414
1918 Во Падова, Италија, австро-унгарската војска потпиша капитулација, со што практично се распадна австро-унгарската монархија.
1944 На предлог на Поверенството за просвета, Президиумот на АСНОМ донесе решение за отворање на гимназии во градовите: Скопје, Битола, Штип, Куманово, Прилеп, Струмица, Тетово, Велес и Охрид.
1951 Со посебна уредба на владата на НР Македонија е формиран Отсекот за правни науки при Правно-економскиот факултет во Скопје. На 1.07.1956 година Отсекот за правни науки се одвои како посебна високообразовна институција.
1965 Излезе првиот број на "Народен глас", весник на општина Прилеп. Во почетокот излегуваше на 15 дена, а потоа излегува редовно секој петок. Го издава Центарот за печат, радио и телевизија Прилеп. "Народен глас" излегуваше и во текот на НОВ, а од 1961 до 1964 година излегоа четири броја.
1988 Умре Круме Кепески, македонски педагог, лингвист, преведувач, собирач на македонски народни умотворби, граматичар, автор на првата Македонска граматика, објавена во 1946 година, како и на голем број учебници по македонски јазик, меѓу кои и "Граматика за средни училишта". Роден е во Прилеп, на 8.04.1909 година.
1989 Во Сремска Каменица умре Никола Солдатов, познат македонски новинар и долгогодишен ТВ коментатор. Тој е еден од основачите на Спортската редакција на Телевизија Скопје и како врвен сликар и ТВ репортер се вбројува во доајените на македонското спортско новинарство. Роден е во 1926 година.
1992 Генералниот конзул на Сојузна Република Германија во Скопје, господин Ханс Лотар Штепан, преку Министерството за односи со странство, ја извести Владата на Република Македонија, дека позитивно го решила нејзиното барање за отворање на Генерален конзулат на РМ во Бон.
1993 Република Македонија доби статус на набљудувач во ГАТТ - Меѓународен договор за трговија и царински тарифи. Пристапувањето кон овој договор значи и добивање третман на најповластена нација и прифаќање на принципот на недискриминација. Исто така се отвори можност за институционално решавање на трговските и царинските спорови во сферата на размената.
 

Хакет Мен

Juventus Till I Die
Член од
23 јануари 2009
Мислења
10.227
Поени од реакции
3.414
1575.Роден е Гвидо Рени, италијански сликар, припадник на Болоњската школа. Умре во Болоња, на 18.08.1642 година.
1840 Роден е Огист Роден, француски скулптор. Се смета за основоположник на модерната европска скулптура. Неговата најголема заслуга е внесувањето на психолошкиот елемент и последното третирање на скулпторската материја и на фигурата. Светлината е значаен фактор во неговата скулптура. Најпознати му се делата: "Мислител", "Бакнеж", "Граѓаните на Кале" и "Балзак". Умре на 17.11.1917 година.
1814 Прогласен е норвешкиот Устав, со кој оваа земја стана независно кралство, поврзано со Шведска само преку персонална линија.
1893 Во Солун, со учество на истакнатите македонски револуционери Даме Груев, учител од селото Смилево, Петар Поп Арсов, учител од селото Богомила, д-р Христо Катарчев, лекар од Ресен, Иван Хаџи Николов, книжар од Кукуш, Андон Димитров, учител од селото Ајватово и Христо Батонџиев, учител од Гуменџа, е формирана Внатрешната македонска револуционерна организација (ВМРО). Најголемо дело на Организацијата беше Илинденското востание во 1903 година. На Рилскиот конгрес организацијата го доби називот Внатрешна македонско-одринска револуционерна организација (ВМРО). Покрај споменатите македонски револуцонери, носители на организацијата беа Гоце Делчев, Ѓорче Петров, Пере Тошев, Димо Хаџи Димов, Јане Сандански Никола Карев и многу други револуционери.
1944 Единиците на НОВ на Македонија по борбите што ги водеа на приодите кон Битола го ослободија градот.
 
Член од
27 јуни 2008
Мислења
9.024
Поени од реакции
5.947
Настани:1814 Прогласен е норвешкиот Устав, со кој оваа земја стана независно кралство, поврзано со Шведска само преку персонална линија.
1893 (23 октомври по стариот календар) Во Солун, со учество на истакнатите македонски револуционери Даме Груев, Петар Поп Арсов, д-р Христо Татарчев, Иван Хаџи Николов, Антон Димитров и Христо Батанџиев, формирана е Внатрешната македонска револуционерна организација (ВМРО). Најголемо дело на Организацијата беше Илинденското востание во 1903 година. На Рилскиот конгрес организацијата го доби називот Внатрешна македонско-одринска револуционерна организација (ВМОРО). Покрај споменатите македонски револуцонери, носители на организацијата беа Гоце Делчев, Ѓорче Петров, Пере Тошев, Димо Хаџи Димов, Јане Сандански, Никола Карев и многу други револуционери.
1944 Единиците на НОВ на Македонија по борбите што ги водеа на приодите кон Битола го ослободија градот.
2004 САД ја признаа Република Македонија под уставното име.


Родени:1575 Гвидо Рени, Италијански сликар.
1840 Огист Роден, француски скулптор.
1956 Џордан Рудес, клавијатурист на американската прогресивна метал група Dream Theater.


Починале:1847 Феликс Манделсон - Бартолди, германски композитор, пијанист и диригент.
 

Хакет Мен

Juventus Till I Die
Член од
23 јануари 2009
Мислења
10.227
Поени од реакции
3.414
1787 Во селото Тршиќ е роден Вук Стефановиќ Караџиќ, голем деец во областа на културата - лингвист, етнограф, историчар, собирач на народни умотворби и реформатор на српскиот литературен јазик. Умре во Виена, на 7.02.1864 година.
1893 Во Петроград умре Петар Илич Чајковски, најистакнат руски композитор и еден од најголемите симфоничари во 19 век. Значаен придонес даде и во развојот на рускиот балет. Неговиот музички придонес е мошне богат. Тој е композитор на шест симфонии, на три клавирски концерти на оперите "Евгениј Онегин" и "Пикова Дама", на балетот "Лебедово езеро" и на увертирата "Ромео и Јулија", кои спаѓаат меѓу најпознатите дела на руската и на светската класика. Роден е во Камско Боткинск, на 7.05.1840 година.
1909 Во Куманово е роден Трајко Прокопиев, истакнат македонски композитор и диригент. По ослободувањето го формира пејачкиот хор на Главниот штаб на НОВ на Македонија, а во 1945 година стана прв директор на Средната музичка школа во Скопје. Тој беше главен музички уредник на Радио Скопје, диригент на Симфонискиот оркестар и на Операта на Македонскиот народен театар, а од 1958 до 1964 година го водеше Ансамблот за народни игри и песни на Македонија "Танец". Умре во Белград, на 21.01.1979 година.
1942 Во селото Битуше, Гостиварско, проработи првата партизанска печатница во Македонија "Гоце Делчев".
1944 Ослободени се градовите: Радовиш, Дојран и Валандово.
1944 Во Битола е формиран хорот "Стив Наумов", кој подоцна прерасна во КУД "Стив Наумов".
1984 Роналд Реган повторно е избран за претседател на Соединетите Американски Држави.
 

badluckguy

Оган под ѕвездите
Член од
8 октомври 2007
Мислења
2.925
Поени од реакции
131
На денешен ден, пред 15 години, почина Милан Младеновиќ...еден од најдобрите екс-ју музичари и водач на култните и сеуште ненадминатите Екатерина Велика (ЕКВ).
Оставија длабока трага со нивната музика на цела екс-ју сцена.
Вечна му слава.

 

Хакет Мен

Juventus Till I Die
Член од
23 јануари 2009
Мислења
10.227
Поени од реакции
3.414
1787 Во селото Тршиќ е роден Вук Стефановиќ Караџиќ, голем деец во областа на културата - лингвист, етнограф, историчар, собирач на народни умотворби и реформатор на српскиот литературен јазик. Умре во Виена, на 7.02.1864 година.
1893 Во Петроград умре Петар Илич Чајковски, најистакнат руски композитор и еден од најголемите симфоничари во 19 век. Значаен придонес даде и во развојот на рускиот балет. Неговиот музички придонес е мошне богат. Тој е композитор на шест симфонии, на три клавирски концерти на оперите "Евгениј Онегин" и "Пикова Дама", на балетот "Лебедово езеро" и на увертирата "Ромео и Јулија", кои спаѓаат меѓу најпознатите дела на руската и на светската класика. Роден е во Камско Боткинск, на 7.05.1840 година.
1909 Во Куманово е роден Трајко Прокопиев, истакнат македонски композитор и диригент. По ослободувањето го формира пејачкиот хор на Главниот штаб на НОВ на Македонија, а во 1945 година стана прв директор на Средната музичка школа во Скопје. Тој беше главен музички уредник на Радио Скопје, диригент на Симфонискиот оркестар и на Операта на Македонскиот народен театар, а од 1958 до 1964 година го водеше Ансамблот за народни игри и песни на Македонија "Танец". Умре во Белград, на 21.01.1979 година.
1942 Во селото Битуше, Гостиварско, проработи првата партизанска печатница во Македонија "Гоце Делчев".
1944 Ослободени се градовите: Радовиш, Дојран и Валандово.
1944 Во Битола е формиран хорот "Стив Наумов", кој подоцна прерасна во КУД "Стив Наумов".
1984 Роналд Реган повторно е избран за претседател на Соединетите Американски Држави.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom